Маркетинг, промоција
Маркетинг менаџер - Македонски Брод
АТС АММО Дооел, Самоков, Македонски Брод е компанија за производство на наменска индустрија.
Полно работно време
Договор на определено/неопределено
Висока школа или Bachelor / Виша
Опис на работното место:
- Развивање и имплементација на маркетинг стратегија во согласност со деловните цели на компанијата.
- Градење и унапредување на корпоративниот бренд и имиџ на ATS AMMO.
- Планирање и спроведување на маркетинг кампањи за домашниот и меѓународниот пазар.
- Управување со корпоративната веб-страница, социјалните мрежи и дигиталните маркетинг активности.
- Подготовка на промотивни материјали, каталози, презентации, видеа и друг маркетинг материјал.
- Организација и координација на учество на меѓународни саеми, конференции и деловни настани.
- Поддршка на продажниот тим при подготовка на понуди, презентации и промотивни активности.
- Следење на пазарните трендови, анализирање на конкуренцијата и предлагање нови маркетинг активности.
- Координација со надворешни маркетинг агенции, дизајнери и медиуми.
- Следење и анализа на ефективноста на маркетинг кампањите и подготовка на извештаи.
- Управување со маркетинг буџетот и оптимизација на трошоците.
- Грижа за усогласеност на маркетинг активностите со законските прописи и корпоративните политики.
Потребни квалификации:
- Високо образование од областа на маркетинг, економија, менаџмент, односи со јавност или друга соодветна област.
- Минимум 3 години работно искуство на иста или слична позиција.
- Одлично познавање на дигитален маркетинг, SEO, Google Analytics и социјални мрежи.
- Искуство со подготовка на корпоративни презентации, каталози и промотивни материјали.
- Познавање на графички алатки (Adobe Photoshop, Illustrator, InDesign, Canva или слични) ќе се смета за предност.
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel и PowerPoint).
- Одлично познавање на англиски јазик (говор и писмо). Познавање на дополнителен странски јазик ќе се смета за предност.
- Одлични комуникациски, организациски и презентациски вештини.
- Подготвеност за службени патувања и учество на меѓународни саеми и деловни настани.
Нудиме:
- Редовен работен однос со конкурентна плата.
- Работа во успешна и растечка производствена компанија со меѓународно присуство.
- Можност за креирање и развој на корпоративниот маркетинг.
- Учество на меѓународни саеми, конференции и деловни средби.
- Континуирана обука и професионален развој.
- Можност за напредување согласно резултатите од работата.
Начин на пријавување:
Заинтересираните кандидати можат да достават:
- Кратка биографија (CV)
- Доказ за завршено образование
Апликациите може да се достават на hr@antoris.mk