Контрола на квалитет
Асистент-лабораториски техничар во Сектор за контрола на квалитет - Скопје
НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје вработува лабораториски техничар
Полно работно време
Договор на определено/неопределено
Средно образование
Работни задачи на Асистент-лабораториски техничар:
- Ги следи и почитува сите пропишани процедури и мерки за безбедност и заштита при извршување на секојдневните обврски.
- Се грижи и ја одржува хигиената во лабораторијата.
- Ја чисти, одржува и проверува лабораториската опрема за која е задолжен
- Узорцира влезни материјали, суровини, полупроизводи, готови производи и прочистена вода, според пропишаните постапки во процедурата за узорцирање за да се обезбеди репрезентативен примерок за тестирање.
- Ги евидентира узорцираните примероци во евидентните книги на Сектор Контрола на квалитет и врз основа на барањата за анализа, пополнува образец - налог за узорцирање и анализа.
- Во соодветни обрасци, на дневно ниво, ги евидентира параметрите температура и релативна влажност од коморите за стабилност, фрижидери, замрзнувач, дата логери.
- На барање на аналитичарите изготвува реагенс раствори според пропишана постапка.
- Врши анализи на физички параметри по барање на аналитичарите
- Врши заведување на реагенси и потрошни материјали во соодветни обрасци по нивно добивање, како и евиденција на нивната потрошувачка.
- Редовно го проверува рокот на траење на реагенсите, рефернтните стандарди и други потрошни материјали.
- Се грижи за стаклениот лабораториски прибор, негово миење и чување во соодветен простор.
- Дистрибуира сертификати и други документи до други сектори
- Го евидентира фармацевтскиот отпад и правилно го складира до неговопредавање
- Редовно го евидентира и правилно скадира хербалниот отпад до предавање на одговорното лице во Магацин.
- Извршува и други активности по барање на претпоставените, кои се во согласност со неговите вештини и компетенции.
Потребни квалификации на нашите кандидати:
- ССС – образование – фармацевстко лабораториски техничар, хемиски лабораториски техничар, медицински лабораториски техничар и сл.
- Работно искуство во лабораторија ке се смета за предност.
- Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и internet).
Компанијата има организиран превоз до работа и назад
Работно време во една смена од 08:30 – 16:30 часот
Лични карактеристики и вештини кои ги цениме:
- Одговорност
- Доверливост
- Способност за следење и почитување на пропишани упатства и процедури
- Способност за тимска работа
Доколку сметате дека вашите вештини и знаење одговараат на нашите потреби, повелете испратете ја вашата апликација на hr@antoris.mk