Останато
Техничар за одржување на објекти - Македонски брод , Самоков
АТС АММО Дооел, Самоков, Македонски Брод е компанија за производство на наменска индустрија.
Полно работно време
Договор на определено/неопределено
Средно образование
Работни задачи:
- Одржување на административни и производствени објекти.
- Извршување на електричарски, водоводни, браварски и други ситни градежни поправки.
- Поправка и замена на осветлување, прекинувачи, приклучници и друга електроопрема.
- Одржување на водоводни и канализациски инсталации.
- Монтажа и поправка на врати, прозорци, брави, мебел и друга опрема.
- Следење на исправноста на системите во објектите и навремено пријавување на дефекти.
- Соработка со надворешни сервисни компании при поголеми интервенции.
- Грижа за уредноста, безбедноста и функционалноста на објектите.
Потребни квалификации:
- Минимум средна стручна спрема (ССС) – електротехничка, машинска, градежна или друга техничка насока.
- Работно искуство во одржување на објекти ќе се смета за предност.
- Познавање на електрични инсталации и основни електричарски работи.
- Познавање на водоводни инсталации и општи поправки.
- Способност за користење на рачен и електричен алат.
- Возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност.
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност.
- Одговорност, самостојност, прецизност и способност за тимска работа.
Нудиме:
- Редовен работен однос.
- Конкурентна плата.
- Исплата на плата и придонеси согласно закон.
- Работа во стабилна и перспективна компанија.
- Континуирана обука и можност за професионален развој.
- Долгорочен ангажман во динамична работна средина.
Апликации: Испратете кратка биографија (CV) на hr@antoris.mk