Историски договор на G20 на самитот во Рим: се укинуват даночните раеви- се прифаќа реформата за меѓународниот даночен систем. Дваесетте најразвиени земји во светот се договорија да се воведе минимален корпоративен данок од 15 проценти на добивката на мултинационалните компании.

Ваквиот договор се очекува да им застане на патот на затајувачите на данок и да ги испрати во историја даночните раеви со нула или многу ниска даночна стапка, кои беа примамливи за регистрација на многу компании.

Одлуката од Рим се заснова на договорот што во септември го постигнаа 136 земји, кои учествуваат со 90 проценти во светскиот БДП.

Историски договор на G20 на самитот во Рим: се укинуват даночните раеви

Даночните раеви заминуваат во историјата


Заслуга за укинувањето на даночните раеви, за што најчесто само повремено се зборуваше, несомнено има и Ковид 19. Пандемијата ги испразни државните буџети на најразвиените земји, а буџетските дефицити енормно се зголемија поради финансиската поддршка на стопанството и граѓаните.

Се проценува дека одлуката на Г20 ќе им овозможи на земјите да остварат дополнителна заработка од 150 милијарди долари.

Покрај минималната даночна стапка што ќе треба да се плаќа насекаде, новина е што фирмите ќе плаќаат данок на доход и во државата во која работат и остваруваат добивка, а не само каде се регистрирани.

Целна група се компаниите со светски обрт од над 20 милијарди евра и со профитабилност поголема од 10 проценти. Тој праг може да падне на 10 милијарди по седум години.

Колку е реално сето ова да заживее веќе во 2022 година, како што е договорено во Рим? , е прашање на време.

Политичка одлука на моќниците


Професорот на белградската банкарска академија, Божидар Драшковиќ, потсетува дека даночните раеви доминантно се создадени пред триесетина години, кога големите светски компании од реалниот и финансискиот сектор почнаа да бараат области каде што би можеле да си обезбедат дополнителен профит за сметка на даночно затајување. Тој потсетува дека овие, најчесто егзотични дестинации, како Девствените острови и некои други острови, но и европските земји, Луксембург, Холандија, Ирска, Кипар, им се познати на сите и односот кон нив отсекогаш било политичко прашање на моќните држави.

„Свеста за тоа доби политичка димензија кога овој процес почна да ги погодува најразвиените земји во светот, а се одрази така што дел од даночните приходи што требаше да останат во тие земји отидоа на друго место. Аналогно на тоа: „Бидејќи нема даночни приходи, се намалија и буџетските приливи, а се поголемо е задолжувањето на државите и буџетскиот дефицит.“ Оттука и идеја дека би било паметно да се постават минимални стапки на корпоративни даноци од 15 проценти и да се наметнат на сите земји во светот“, смета Драшковиќ.

Според него оваа идеја има позитивна димензија од аспект на изедначување на одредени даночни текови, но од друга страна, од тоа ќе имаат корист најразвиените земји во светот. Колку тоа навистина ќе биде возможно и со која брзина, додава тој, ќе видиме наскоро.

Дали е можно брз пресврт?


„Не сум оптимист дека овој пресврт ќе се случи толку брзо, бидејќи даночните решенија, сепак, се прашање на националните политики, односно на политиките на секоја држава. Доколку се ограничи на 15 проценти, тогаш како таков ќе престане да постои механизмот за привлекување странски инвеститори во земјите кои се гладни за инвестиции“, вели овој економист.

Тој забележува дека купот странски инвестиции во земјите кои се приматели на капитал се засновале на ниски даноци и даночни олеснувања. Како што  е случајот со нашата и околните земји.

Драшковиќ смета дека е клучно компанијата чија филијала работи во  една држава да плаќа данок на доход на земјата на чија територија остварува профит. Тоа значи промена на националната даночна политика на секоја земја за строго да се пресметуваат приходите на филијалите на компаниите на нејзината територија, вели тој, но забележува и дека тоа воопшто не е тешко да се направи.

Посебен проблем на ЕУ


Франција, која претседава со ЕУ од јануари следната година, веќе најави дека сака што е можно поскоро уредување на минималниот данок, за што е потребна едногласна одлука. Таа беше охрабрена од ставот на Ирска, Унгарија и Естонија, кои на почетокот на септември во последен момент се приклучија на договорот.

Драшковиќ забележува дека ЕУ има посебен проблем затоа што има унифицирана монетарна политика, надворешна трговска политика и нема минимални принципи на обединета фискална политика. Според него, токму неопходноста на ЕУ како пазарна, финансиска и монетарна зона е да го регулира прашањето за единствен стандард на фискалната политика. (Извор: sputniknews.com)