Медот двојно поскап од месото. Тегла мед достигна цена од 500 денари. Тоа е речиси двојно поскапо од килограм квалитетно месо. Зошто е тоа така, при извонредните македоснки услови за пчеларење, одговорот на пчералите е – климатските промени, но и доцнењето на исплатата на субвенциите.
„Има и поевтин мед, но тоа не е вистински, се работи за „фалсификат“, вели Венче Билбилоски, преседател на пчеларското здружение „Матица“, Скопје.
Медот двојно поскап од месото
- Колкаво е знечењето на пчелите во нашиот живот?
-Многу одамна генијалниот научник Ајнштајн рекол: „ако пчелата ја снема од планетава, на човештвото му остануваат уште само четири години опстанок“. Тоа би се должело на немањето посредник за опрашување и изумирање на многу билки , растенија, овошки, зеленчук, што ќе ги снема од нашата трпеза. Кога ќе се спомне „пчела“, „пчеларство“, мислата веднаш ни оди во вкусниот мед. Но, пчеларството не е само медот. Тоа е нешто многу повеќе и посуштествено. Пчелата, освен медот, произведува млеч, полен, прополис, восок, пчелин „отров“ – производи од големо значење за исхраната на човекот, за фармацевтската идустрија, како и за козметиката. Но, уште позначајно е што преку опрашувањето на растенијата, на овошките, и на градинарските култури, се зголемува приносот на некои од нив и до 70 насто.
Нашата земја со идеални услови за пчеларење
- Какви се условите за пчеларење во Македонија?
-Нашата земја, споредено во светски рамки, претставува една од неколкуте во светот што може да се пофали со идеални услови за пчеларење. Тие услови произлегуваат од географска положба, од добрите климатски услови и од богатата, разновидна, флора за добар развој на пчеларството. Македонија изобилува со голем број медоносни растенија кои природно се распоредени на целата тариторија. Тоа е багремот, костенот, дабот, чалијата, липата и други, од билките – мајчината душичка, многуте видови детелина, кантарионот, нането, глуварчето и голем број други билки од кои пчелите собираат квалитетен мед во ралички краеви и даваат добри прноси.
- Зошто во последно време тој принос се намалува?
-Последниве години климатските промени негативно се одразија врз целото земјоделство и сточарство, па и на плерарството и на приносот на мед. Последниве години, во април, кога е најголемата вегетација неопходна за пролетен развој на пчелите, паѓа снег и има многу ниски температури, па ги „попарува“ растенијата. На самиот почеток на летото имаме енормно висока температура, водотеците се намалуваат и изворите на вода. Сето тоа го пореметува природнитот ред на „работата“ на пчелите, па сето тоа резултира со мал принос и со слабо нектарење. Кога сме кај приносот , да кажеме дека просекот во последнава деката изнесува 10-12 кг по пчелно семејство што претставува мал просек. Порано тој принос изнесуваше по најмалку 20 килограми.
- Каков е квалитетот на медот?
-Иако количините што се добиваат се мали, тие се со врвен квалитет, за што сведочат и многубројните признанија добиени надвор од нашава земја на разни саеми и манифестации. Истата констатација се потврдува и на нашата манифестација во Скопје што се оддржува во септември. Тоа е традиционалната манифестација, позната под името „Денови на македонскиот мед“, на која, покрај претставници на Министерството за земјоделство, како покровител, општина Центар, има присутни претставници од повеќе амбасади, кои преку дегустирање, даваат високи оценки и пофалби за нашиот мед.
Медот двојно поскап од месото
Фалсификуван мед, познат како „пекарски мед“
- Всушност, на пазарот може да се најде мед и по многу ралични цени. Зошто постои толкава ралика овцените?
-За жал, во последно време сведоци сме на наплив на фалсификуван, увозен и домашен мед, кој само по неговиот надворешен изглед наликува на мед, но не и по содржината. Ваквиот мед се нуди по двојно и тројно пониска цена по која се залетуваат купувачите. Но, при првата споредба со вистинскиот мед, произведен исклучиво од пчела, тие ја пепознаваат измамата и настапува разочарување. Да напоменам дека ние, медарите од пчеларско здружение „Матица“ Скопје, секојдневно се бориме за сузбивање на фалсификуваниот мед, познат како „пекарски мед“, направен од разни сирупи. Го среќаваме секојдневно покрај патиштата низ Македонија, на пазарите, без никаква декларација за неговото географско потекло. А, во последно време и во маркетите со ниски цени. Ние се залагаме кај тој производ да не се употребува името мед, туку „засладувач“ за да знаат граѓаните што купуваат и тоа секако треба да биде регулирано со закон.
Медот двојно поскап од месото
- Дали пчеларите добиваат субвенции од државата?
-Да. Како регистрирани пчелари, субвенциите што ги добиваме сигурно се добредојдени, но, со оглед на новонастанатата состојба предизвикана од климатските промени – не се доволни. Иако многу пати, на середбите со претставниците на Министерстово за земјоделство, ни беше ветено дека сумата ќе биде зголемана, тоа не е направено. Таа сума одамна не е зголемена, а нашите трошоци секојдневно растат со растот на цените на сите потребни средства во нашата работа, на пример горивото; за поглоем принос потребно е селидбено пчеларење. Потоа, цената на лекарствата за заштита од болести е неколку пати зголемената. Поскапува и пчеларската опрема како и цена на шеќерот за зимска прихрана. Кога сме кај субвенциите, да кажеме дека, покрај цената, која многу години не е променета и не ги следи постојаните покачувања на пазарот, а со тоа и нашето пирлагодување, во последно време добивањето субвенции е со големо здоцнување од предвидените рокови за исплата. Тоа ја зголемува нашата неизвесност во натамошното планирање во поглед на оддржување и зголемување на бројот на пчелните семејства. Тоа би резултирало со поголем принос , а со тоа и со поевтин производ, што, секако, први ќе го почувствуваат конзументите.
- Како да се препознае вистинскиот мед?
-За да се препознае вистинскиот мед, бидејќи купувачот не може лабораториски да ја испитува содржината на секоја тегла, со што би бил сигурен што купува, најдобро е да купува од познат производител со декларација на видот од што потекнува и географското потекло каде е произведен.
Во земјава се евидентирани над 7.000 пчелари и деловни субјекти
- Колку пчеалри има во Македонија?
-Според податоците што ги имам, можеби не се сосем точни, но се приближни, во земјава се евидентирани над 7.000 пчелари и деловни субјекти кои одгледуваат околу 240 000 пчелни семејства.
Според последните статистики потришувачката на мед во нашата земја изнесува 900 грама по глава на жител споредбено со Германија каде потрошувачката изнесува 11 кг. по жител. Додека во Јапонија се троши 16 кг.по глава на жител. Отука произлегува дека кај нас се уште се користи како лек, а не како здрава храна!
Тоа покажува дека расположливите потенцијали за пчеларење не се доволно искористени.

- Колкава е смртноста на пчелите и дали нивниот „фонд“ се намалува?
-Кај нас, но само преку зима, како што наведува Здружението за истражување на пчелите – COLOSS (кое секоја година врши анкети и мониторинг на смртноста на пчелните семејства во текот на зимата во многу земји од светот, вклучувајќи ја и нашата), загубите на пчелни семејства во текот на зимата 2017/2018 изнесуваат 13,2 отсто кај анкетирани четири проценти од македонските одгледувачи на пчели. Во однос на зимата 2016/2017, забележано е угинување од 22,5 проценти кај анкетирани 11 отсто одгледувачи на пчели.
Б.Стефановски