Се отвора нов рудник за злато во Србија. Новиот рудник којшто се планира да се отвори во источниот дел на земјата, се очекува да и донесе приход од милијарда евра.

Се отвора нов рудник за злато во Србија

Надлежното министерство го одобри планот на српско-канадскиот конзорциум, кој има намера да бара и експлоатира златна руда седум години.

Српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура издало одобрение за  ископување руда на речиси 300 квадратни километри, пренесе Б92.

Областа за рудникот именувана како Потај Чука-Тисница се протега и зафаќа голем број општини од Чагубица до Мајданпек. Доколку предлогот на министерството ги надмине најновите административни пречки, српско-канадскиот конзорциум на компании предводен од Dundee Precious Metals, на кого му е доделена концесија за работа со рудникот, најверојатно ќе започне со работа следната година. Инвестицијата се проценува на околу сто милиони евра.

Се очекува компаниите што ќе го градат и ќе стопанисуваат со рудникот да најдат околу 20.000 килограми злато. Вредноста на ископаната златна руда по сегашните пазарни цени би била околу една милијарда евра.

Според предлогот на министерството, животот на рудникот е седум години, по што компаниите ќе треба да го санираат земјиштето.

Без оглед на тоа, белградска „ Karnak Plus Construction “ вчера ја купи „Мајданпек доо“, стечајна индустрија за преработка на метали, за 1,57 милиони евра. Најзначајниот имот на оваа компанија е „Златара Мајданпек“.


Дејан Поповиќ, сопственик на „Мајданпек“


Преработувачката индустрија Мајданпек се продаде за 185 милиони динари

Белградската компанија „Карнак плус конструкција“ ја купи преработувачката индустрија „Мајданпек“ за 185.000.000 динари во стечај, објави Агенцијата за лиценцирање стечајни управници.

Сопственик и директор на Карнак е Дејан Поповиќ, а доминантната активност на таа компанија, според податоците на АПР, се „други неспоменати градежни работи“.

Најважниот имот на Преработувачката индустрија е „Златара Мајданпек“, а на продажба биле понудени погоните на златарата: накит и монети, украсни производи, хемија и металургија, централно складиште, организационата единица на фабриката „Мегапласт“, ​​како и деловните простории во Белград, Пожаревац, Бор, Ваjeево, Зајечар и Ниш, и стан во Нов Белград.

Во погоните на златарата во осумдесеттите години на минатиот век се обработуваа два тона благородни метали годишно.