Третата стручна книга на професорот Милчо Узунов, „Телевизиски системи“ обработува тематика која ќе им биде од огромна корист на сите медиумски работници но и генерално луѓето кои на кој било начин се занимаваат со телевизиска продукција. Како што наведува самиот автор, оваа стручна литература е наменета пред се за Факултетот за драмски уметности и за „Еуропа Прима“.

 „Книгата е издадена да се надополни литература која е во голем дефицит во високообразовните институции. Многу млаку автори пишувааат литература за факултети и студенти, во овој случај за двата факултети. Ова е издание е важно. Книгата е напишана на прифатливо ниво, студентите кои ќе бидат вклучени во уметничата сфера, не можат да навлезат во телевизиските системи кои се комплексна тема, затоа е напишана на разбирлив јазик. Рамките се ставени во насока да добијат основни постулати за како функционираат телевизиските системи и да знаат да ја искористат технологијата внатре за да имаат подобри аудиовизуелни дела на еден начин, да ја зголемат вредноста на своите дела познавајќи ја технологијата во самите телевизиски системи“, вели Узунов.  

Книгата има многу илусрации. Смета дека во денешно време да се следи чекорот на технологијата е тешко бидејќи се движи со голема брзина. Студентите имаат достапни информации преку интернет, што го смета за добро, бидејќи тоа претходно било ограничено. 

„И покрај таа достапност, сепак најважен е интересот кај студентите. ќе се обидете да надјете литетарура или интернет портали за одредената проблематика која сакате да ја апсорбирате. Сите сегменти во книгата се многу добро конципирани, полесно се наоѓаат информациите отколку да ги барате по интернет мрежите. Најнапред ќе ве однесат на други подтеми, додека да дојдете до точната проблематика ќе потршите повеќе време отколку да ја прочитате книгата. Книгата е пишувана врз база на мултидисциплинарно искуство“, вели тој. 

 

Во последните 20 години помагал за телевизиски станици, радио станици, театри каде проблемите со кои се соочувале го оценува дека биле предизвик за работа. 

„Видов дека брзиот чекор на технологијата брзо навлегува и институциите кои се стремат да го достигнат тоа ниво и мора да имаат базични знаења. Книгата е наменета за сите кои нивната животна определба им е телевизијата. Ќе ја зголемат својата база на основните правила и функционалности на телевизиските системи а ќе добијат и мотивација да ги надградат своите работни позиции и да успеат да се надоградат во работата која ја извршуваат. Македонија е во чекор со сите продукциски трендови кои се во регионот. Македонија е и меѓу првите земји која воведе висока ХД резолуција со што не само јавниот сервис туку и правните медиуми го фатија чекорот со напредокот“, вели Узунов.  

Ова е трета книга на Узунов. Претхнодната, „Видеотехнологија“  базично ги обработува видео сигналите. Оваа книга ќе адде добри резултати и со нејзина помош ќе ги разјаснат сите нејаснотии кои студентите ги имале за телевизиските куќи. Книгата е достапна на двата факултети - ФДУ и „Еуропа Прима“.  

Милчо Узунов е редовен професор на катедрата по филмски уметности на „Еуропа Прима“. Тој е роден 1974 година во Скопје. Средното образование го завршил во стручната гимназија за електротехника и електроника „Орце Николов“. Студирал на Електротехничкиот факултет во Скопје на катедрата за електроника и телекомуникации. Во областа на компјутерските технологии дипломирал и на Електротехничкиот факултет во Белград, „ВИСЕР“. Магистрирал на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕСРА“ – Скопје. Во 1994 година, заедно со уште тројца свои соработници ја основа една од првите продукциски куќи во С. Македонија „3Д ПРОЕКТ СТУДИО“. Со свои инженерски и технолошки решенија учесвувал во создавањето на многу електронски медиуми, како и во унапредување на значајните културни установи низ државата. Во рамките на универзитетот објавил две книги „Основи на сценската проекција“ - 2018 година  и  „Видеотехнологија“ - 2020 година.