
По „легендарната“ приватизација на општествениот капитал во раните 90-ти години, што и остана на Македонија во наследсто од југословенсикот економски истем по осамостојувањето, на улица се најдоа над 200 илјади новоневработени луѓе. Заедно со „староневработените“ процентот на невработеност се искачи на околу 40 проценти од работоспособното население, што беше бројка од која „боли глава“ за едно пропаднато стопанство, односно за една слаба држава. Тогаш луѓето беа третирани како предмети што можеш да ги фрлиш на улица, без да водиш сметка дали тие ќе се оштетат или ќе се скршат и ќе се распаднат на своите составни делови. Според тогашниот нов, прв и единствен закон за приватизација, кој беше подготвен во интерес на менаџерите (диекторите на општествените фирми, во кои работеа илјадници работници со исти права), на кои одеднаш им беше дадена и наместена премијата на лото, односно правото да ја откупат општествената фирма. Акциите што наводно им беа впишани на работниците, менаџерите им ги „откупуваа“ со сила и со лага и така станаа доминантни сопственци на претпријатијата, без идеја и намера да ја продолжат дејноста на фирмата, туку капиталот го заложија во банките за огромни кредити што си ги ставија во нивните џебови и никогаш не ги вратија, хипотекаа им остана на банките и господ знае по која цена ги продадоа. Така се формира македонската олигархија и од друга страна огромниот процент на невработеност и сиромаштијата.
Во 2005 година невработеноста изнесуваше рекордни 38,7%
По триесетина години цифрите покажуваат дека процентот на невработеност е драстично намален, со што се фалат креаторите на економската политика, што е една голема пермутација на вистината. Точно е дека на почетокот на оваа година процентот на невработеност изнесува „само“ 11,3% од работоспособното население (во развиените земји овој процент во просек се движи околу 4 проценти, што се смета за „природна невработеност“).
Од почетокот на партиските безмилосни ривалитети, македонското стопанство почна да тоне во криминал и коруција и да ги намалува можностите за нови вработувања во реалниот сектор. Единствена надеж за некакво си регуларно вработување остана администрацијата, јавните претпријатија и општинската бирократија во кои нема ниеден реален конкурс, туку сите се наместени во интерес на партиската „кадровска политика“.
Младите стручни кадри беа принудени да го фатат исконскиот пат на нивните предци, а тоа е печалбата во далечните земји, одвоени од својата родна постела и фамилија. Некои ова го користат како голем успех во намалувањето на невработеноста, а вработените ги нема никаде, општо познато е дека мајстор за домашна потреба не можете да најдете, едноставно – мајсторите станаа божества, авторитети над врвните интелектуалци. Државата нема интерес за нив, а тие не се обучени да поправаат чешми и канализации. Така работие влегоа во толку економски нелогични заплети, што можеби ниеден нобеловец од областа на економијата не може да ја дефинира состојбата на македонската економија.
Апсудрдот вели дека кревкиот македонски бизнисот има потреба од работна сила, па дури се „фали“ дека има капацитет да ги апсорбира половина од луѓето кои во моментов се невработени. Така, ако се гледаат работите површно, ќе помисли некој дека македонската економија зема таков залет што јаде се пред себе, што отвора огромни капацитет во кои можат да влезат и да работат армии работници. Но, тоа е само апсурд, нема веќе хали и илјадници работници како што имаше во Железарницата, во Стакларницата, во Кожарата, во Металскиот завод, во ЕМО Охрид, во Нонча Камишова, Во Тетекс – Тетово, во Топилнициата Велес, во „Благој Ѓорев“ и тн., туку реалноста е загрижувачки недостиг на работна сила од што последици има и допрва ќе има државниот буџет, пензискиот фонд, и сите други подбуџети за ситуирање на ранливите категории и капиталните инвестиции. Значи, болката е тоа што тие невработени што останаа немаат соодветна квалификација што ги бараат новите технологии, ако имале - сигурно ќе побарале работа во странство, па сега работодавачите тешко можат да најдат потребниот кадар. Не е во прашање само квалификацијата и образованието, туку и паричниот еквивалент, висината на платата!
Никој веќе не се нафаќа да работи ни за 500 евра (просечна нето-плата исплатена во мај 2026 година изнесува 49.544 денари, а минималната нето плата 26.046 денари нето) ,од проста причина што тие пари не стигнуваат ни за основните животни потреби, па владее принципот: „подобро не работи, отколку да бидеш екслоатиран“, спротивно на поранешната крилатица „џабе работи, џабе не седи“ – времињата се менуваат!
Работадавачите апелираат на доквалификација, или на преквалификација на невработените, но прашање е дали тие можат тоа да го направат, зависно на која возраст се и дали тоа можат да го платат. Во оптимистичен случај, работадавчите тврдат дека, ако овој кадар достигне ниво на вештини со кои можат да ги задоволет нивните барања и потреби, невработеноста може да се намали од 100.000 невработени на 50.000.
И статистиката ги потврдува гореизнесените тврдења дека нашата домашна работна сила повеќе се интересира за работа во другите змеји, па макар и сезонски. Се проценува дека околу 25.000 македонски граѓани в лето работат на јадранското крајбрежје, што, како што наведовме, е половина од потребите на македонскиот бизнис.
За да се пополнат слободните работни места во македонските бизниси, една од можностите е примање работници од странство.
Според достапните официјални информации, во моментов нема јавно објавен прецизен број колку странски државјани реално работат легално во Македонија. Надлежните институции објавуваат квоти и издадени работни дозволи, но не и редовниот број на активни странски работници.
За 2026 година Владата утврди квота од 10.000 работни дозволи за странски државјани.
Од нив:
9.750 се за редовно вработување,
200 за упатени (деташирани) работници,
50 за сезонски работници.
Во рамките на квотата:
4.500 се за нови работници,
5.250 се за продолжување на веќе издадени дозволи, што покажува дека најмалку неколку илјади странци веќе легално работеле во земјава.
Најголем дел од странските работници доаѓаат за да работат во градежништвото, угостителството и туризамот, индустриското производство, транспортот и логистиката, ИТ и специјализираните инженерски професии.
Работниците од странство најчесто доаѓаат од Турција, Србија, Косово, Албанија, Непал, Индија, Бангладеш, Филипини и од други азиски земји.
Сега владата презентира некаков Оперативен план за враќање на македонските гастербајтери, односно за санирање на оваа состојба. Главните начела на тој план се
компаниите да добијат државна помош. За:
-млади до 29 години – поддршка од 250.000 денари по лице годишно
- ранливи категории – поддршка до 220.000 денари по лице годишно
- над 29 години – поддршка до 160.000 денари годишно
Меѓутоа, не е прецизно кого државата го смета за повратник, дали луѓето кои со години работат во странство, или сезонските работници.
Компаниите ќе имаат обврска да ги задржат вработените до најмногу 15 месеци, во зависност од категоријата. Тие велат дека се задоволни од мерката, но прашање е до кога државата може да ја издржи оваа поткрепа на бизнисот, особено ако не стивнат политичките бури, голобални и локални, зашто стабилноста е главниот фактор во одлучувањето на инвеститорите.