
Мошне помпезно, свечено и срдечно помина посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија, така како што доликува на добар домаќин. Властите нејзината посета ја оценија како зајакнување на билатералните односи, со договор за отворање амбасада на Индија во земјава, со намера за зголемување на трговската размена од 133 на 500 милиони долари за наколку години.
Државнит врв информира дека ова е историска посета која претставува значаен чекор кон отворање нови перспективи за соработка меѓу двете пријателски држави.
Зголемувањето на економската размена меѓу Македонија и Индија, теоретски има шанса. Тие 133 сегашни милиони што се книжат во размената навистина се смешна сума. Таа е скромна во споредба со трговијата што ја има Македонија со земјите од ЕУ, Србија, Турција или Кина. Сепак, во последните години се забележува постепен раст, особено кај увозот од Индија, па оттаму произлегува трговски дефицит на наша страна, бидејќи увезуваме значително повеќе отколку што извезуваме. Увозот од Индија се движи од 55–75 милиони евра годишно, во зависност од динамиката на размената. Македонскиот извоз во Индија, пак, вреди од 15–25 милиони евра, што е буквално – ништо. Како што рековме, овие износи варираат од година до година, зависно од поединечните договори и движењата на светските пазари.
Македонија во Индија извезува автомобилски компоненти произведени во ТИРЗ-овите, индустриски и електрични делови, хемиски производи, метални производи, машини и опрема, одредени фармацевтски суровини. Од ова се гледа дека македонскиот извоз е претежно за потребите на индиската индустрија, па дури можат да се стават во категоријата интрмедијари (суровини), а не производи за широка милионска потрошувачка, за широкиот пазар на огромната држава. Значи, ретко кој, а можби ниеден македонски производ што се извезува во Индија, нема некоја поголема додадена вредност, врз основа на која се прави поголем профит.
Во спротивниот правец работата е обратна. Македонија увезува лекови и фармацевтски производи, текстил и готова облека, памучни производи, чај, кафе, зачини (бибер, куркума, кари, кардамон, каранфилче итн., ориз (особено басмати), хемикалии, машини, автомобилски делови, гуми, пластични производи, а последниве години расте и увозот на ИТ-опрема, електронски компоненти, индустриски суровини и друго.
Посетата на индиуската претседателка можеби е во насока на перцепирање на можностите за влегување на индиски инвеститори во замјава, иако и тоа е многу дискутабилно, затоа што и македонската работна сила не е ништо поевтина од индиската. Сега, индиските инвестиции во Македонија се незначителни. Постојат неколку компании што работат преку дистрибутери, но нема големи индиски фабрики како што има германски, британски или американски.
Ако економската соработка е толку мала, тоа значи дека има простор да се зголеми, колку што дозолуваат економските услови и интереси. Никакви државнички куртоазии не можат да надвладеат над економските интереси на приватниот капитал. Сепак, потенцијал за поголемо паретнерство има во повеќе области: фармацевтската индустрија, информатичките технологии, земјоделството, прехранбената индустрија, обновливите извори на енергија, образованието, ИТ-услугите и друго. Со повеќе од 1,4 милијарди жители, Индија претставува еден од најголемите светски пазари и една од најбрзо растечките економии, што отвора можности и за македонските компании.
Сепак, во сета оваа работа се наметнуваат неколку логични прашања што би ги поставил секој што работите ги гледа преку економската призма. Ако е во прашање трговијата, на прво место е прашањето на оддалеченоста од илјадниците километри, или наутички милји, што ја зголемува цената на производите на двете страни за сметка на превозот. Потоа, конкуренцијата со која се соочуваат и двете држави од страна на кинеските производи кои немилосрдно се пробиваат со своите цени, а богами и со квалитетот. На македонскиот пазар речеиси се е кинеско, ретко што може да се најде со потекло од Индија. Се разбира дека од една државничка средба на највоскоко ниво и не можеме да очекуваме да се зборува за пеглање на царините при размената на стоките, но и тоа прашање мора да се земе како едно од најсериозните, затоа што македонските индустриски и земјоделски прозиводи се одамна „задавени“ од евтини увозни и конкурентни супститути.
Од друга страна, најголеми партнери на Македонија остануваат Германија, Србија, Грција, Обединетото Кралство, Кина и другите земји од ЕУ, нешто што се движи по натапкана патека и што е најкратка за сите возови што сообраќаат во двата правца.
Се разбира дека на Македонија и се потребни пријателства со сите земји во светот, ако тоа се сведува на чисти и искрени намери за соработка не само во економијата, туку и во културата, во туризмот, во науката, но ако контактите се насочат во правец на некаков си политички патоказ, на пример тој што го покажува патот кон БРИКС, тоа е веќе повеќе од економија! Во време во кое и според територијалната припадност и блискост со Европската унија и шансите што ни ги нуди тој пазар и бебедносен покривач, треба да се искортиски предноста што ја имаме изградено со наведнеите земји, особено со соедите и со членките на ЕУ кои не’ молат да им се приклучиме, се разбира од геостратегиски причини, но за нас и големи економски шанси.
Соработката со земјите од која стран и да доаѓа е добредојдена, но се што е спротивно на економските интереси е само загуба, тоа е чиста математика.