Иако проценките се различни, сигурно е дека влеговме во 2023 година со повеќе од две милијарди веб-страници.

Ако ги рангираме сите овие веб-страници според бројот на посети, ќе видиме класична распределба на законот за моќ. На самото дно е огромното мнозинство на веб-страници кои се практично неактивни, со мала или никаква посетеност. Меѓутоа, на врвот се „грст“ веб-страници со огромен удел.

Оваа визуелизација, создадена со помош на податоци од SimilarWeb, дава поглед на 50-те веб-страници кои моментално се на самиот врв на оваа листа.

Кои веб-страници имаат најмногу посетеност?

Првата меѓу најпосетуваните веб-страници во светот, очекувано е Google. Со повеќе од 3,5 милијарди пребарувања дневно, Google ја зацврсти својата позиција како главен извор на информации на интернет. Но, доминацијата на Google не застанува тука. Компанијата исто така ја поседува и YouTube, втората најпопуларна веб-страница во светот. Заедно, Google и YouTube имаат повеќе хитови од сите други 48 веб-страници заедно.

Моќта на YouTube донекаде е потценета. Имено, видео платформата е вториот најголем пребарувач во светот по Google. Исто така, има втор најголем број посети во оваа група, бидејќи на прво место е кинеската веб-страница за споделување видеа Bilibili.

Но, Google и YouTube не се единствените големи играчи на Интернет. Во топ 50 веб-страници се вбројуваат и гигантите на социјалните медиуми - Facebook, Instagram и TikTok. Особено, TikTok која последниве години забележа пораст на популарноста и сега е една од водечките социјални платформи во светот.

Листа на првите десет веб-страници од топ 50 листата

Бр.   веб-страница    месечни посети       категорија                 држава

1.      google.com        85,1 милијарди        пребарувачи               САД

2.      youtube.com      33 милијарди       Стриминг и онлајн ТВ    САД

3.       facebook.com   17,8 милијарди      социјални мрежи          САД

4.       twitter.com         6,8 милијарди       социјални мрежи           САД

5.       instagram.com    6,1 милијарди       социјална мрежа         САД

6.       baidu.com          5 милијарди           пребарувачи                 Кина

7.       wikipedia.org      4,8 милијарди   речници и енциклопедии  САД

8.       yandex.ru           3,4 милијарди       пребарувачи                  Русија

9.       yahoo.com         3,3 милијарди      вести и медиуми             САД

10.     whatsapp.com    2,9 милијарди      социјална мрежа            САД

Големите компании кои испаднаа од топ 50 во последните две години се Walmart и PayPal. Тие беа заменети со Samsung и New York Times.

 
Географска дистрибуција на 50 најпосетувани веб-страници

САД сè уште се матична база за многу од најголемите веб-страници во светот, заземајќи дури 30 места на ова ранг-листа. Од нив,со околу половина управуваат големи технолошки компании како Мајкрософт, Амазон, Алфабет, Мета и Нетфликс.

По САД, Русија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја ги заокружуваат првите пет земји со најпосетувани веб-страници.

Работите стануваат интересни во категоријата „други“, која се состои од шест од 50-те најпосетувани веб-страници. Две места се окупирани од Aaj Tak и Globo, големи медиумски концерни во Индија и Бразил.

Останатите четири веб-локации – XVideos, PornHub, XHamster и XNXX –  всушност се специјализирани сајтови за содржини за возрасни, често наречени „ tube site “ бидејќи се моделирани според YouTube.

Интересен е и Realsrv, единствениот сајт за возрасни во топ 50, со седиште во САД, бидејќи неговото име не е многу познато. Оваа веб-локација во суштина користи реклами за да ги пренасочи корисниците од содржината што ја отвориле на други страници, главно со содржина за возрасни. Ова е еден од клучните начини на којшто веб-страниците за возрасни генерираат приход.