Трагикомедијата „Анора“ на американскиот режисер Шон Бејкер е прогласен за најдобар филм на манифестацијата на 97-то доделување на Оскарите во Лос Анџелес во 2025 година. Во врвната категорија, нискобуџетната продукција за врската меѓу стриптизета од Њујорк и синот на руски олигарх победи, меѓу другото, против ватиканскиот трилер „Конклава“. Вкупно, филмот освои пет Оскари, меѓу кои и за најдобра женска улога, почест која ѝ припадна на 25-годишната американска актерка Мајки Медисон. Медисон победи, меѓу другите, против Деми Мур, која исто така важеше за фаворит.

Дваесет и пет годишната американска актерка Мајки Медисон, која ја глумеше сексуалната работничка од Бруклин, која добива шанса за нов живот кога ќе се омажи за богат клиент, син на руски олигарх, го доби Оскарот за најдобра женска улога:
Режисерот на „Анора“ Шон Бејкер ја доби наградата за најдобар режисер. Тој познат по Проектот Флорида и Црвената ракета, би можел да стане првиот режисер кој го израмнил рекордот поставен од Волт Дизни пред повеќе од 70 години. Имено, во 1953 година Дизни освои четири Оскари во една вечер во категории кои денес повеќе не постојат, а Бејкер го собори тој рекорд. Филмот на 54-годишникот беше награден и за најдобра монтажа.
Три Оскари доби драмата „Бруталист“ - приказна за еврејски архитект кој сака да изгради нов живот во САД по Холокаустот. Главниот актер Адриен Броди го доби својот втор Оскар за улогата - така што Тимоти Шаламе, кој го играше музичарот Боб Дилан во „Целосно непознат", си замина со празни раце.
Оскарот за најдобра споредна машка улога му припадна на Киран Калкин во „Вистинска болка“. Наградата за најдобра споредна женска улога ја доби Зои Салдања во филмот„Емилија Перез“, која и самата е дете на имигранти. Наградата ја доби за улога во која пееше и зборуваше шпански.
Церемонијата на доделувањето на најпрестижната филмска награда Оскар беше разочарувачка за повеќето германски надежи: во категоријата најдобар меѓународен филм, германскиот кандидат „Семето на светата смоква“ остана со празни раце. Политичкиот трилер на Мохамед Расулоф мораше да го признае поразот од „Засекогаш овде“ (оригиналниот наслов: „Јас сум уште тука“) од Волтер Салес.
Делото на Расулоф ги тематизира масовните протести во Иран по смртта на младата Курдка Џина Махса Амини во септември 2022 година. Филмот главно беше продуциран во Германија и затоа ја застапуваше.
Уметникот за специјални ефекти Герд Нефцер пак можеше да прослави. 59-годишникот со Пол Ламберт, Стивен Џејмс и Рис Салкомб беше награден за визуелните ефекти во „Дина: Втор дел“. Тоа веќе му е трет Оскар. Нефцер извика на германски во театарот Долби: „Ви благодарам. Тоа е одлично“.
„Нема друга земја“ прогласен за најдобар документарен филм во режија на Басел Адра и Јувал Абрахам го следи протерувањето на заедниците од Западниот Брег од страна на израелската војска и доаѓа од колективот палестински и израелски филмаџии.
Во натпреварот за најдобар филм, „Анора“ ги победи „Бруталист“, „Целосно непознат“, „Конклава“, „Дина: Втор дел“, „Емилија Перез“, „Сè уште сум тука“, „Момци од никел“, „Супстанција“ и „Злобници“.
Добитници на Оскар за 2025 година:
Најдобра споредна машка улога: Киеран Калкин, „Вистинска болка“
Најдобра анимирана игра: „Flow“
Најдобар краток анимиран: „Во сенката на чемпресот“
Најдобра костимографија: Пол Тејзвел, „Злобници“(„Wicked“)
Најдобро оригинално сценарио: Шон Бејкер, „Анора“
Најдобро адаптирано сценарио: Питер Страган, „Конклава“
Најдобра шминка и фризура: Пјер-Оливие Персин, Стефани Гијон и Мерилин Скарсели, „Супстанција“
Најдобра монтажа: Шон Бејкер, „Анора“
Најдобра споредна женска улога: Зои Салдана, „Емилија Перез“
Најдобар продукциски дизајн: Натан Кроули и Ли Сандалс, „Wicked“
Најдобра оригинална песна: „Ел Мал“ од „Емилија Перез“
Најдобар краток документарен филм: „Единствената девојка во оркестарот“
Најдобар документарен филм: „Нема друга земја“
Најдобар звук: „Дина: Втор дел“
Најдобри визуелни ефекти: „Дина: Втор дел“
Најдобар краток филм во живо: „Јас не сум робот“
Најдобра кинематографија: Лол Кроули, „Бруталист“
Најдобра меѓународен филм: „Сè уште сум тука“ (Бразил)
Најдобра оригинална музика: Даниел Блумберг, „Бруталист“
Најдобар актер: Адриен Броди, „Бруталист“
Најдобар режисер: Шон Бејкер, „Анора“
Најдобра актерка: Мајки Медисон, „Анора“
Најдобра фотографија: „Анора“