
Никој веќе не се занимава со спомениците од генијалниот проект „Скопје 2014“. На нивното присуство навикнавме како на здодевна краста, па ни епитетот „Скопје - „европската престолнина на кичот“ никого веќе не го нервира, ниту некој се срами од него. Дури, огромен број од населението, што нивното присуство го гледа од политички аспект, се гордее со тие грдотии и плашила и вели дека се велелепни зданија што го сменија ликот на Скопје, односно дека се толкава атракција, што сите странци се тепаат да ги видат и дека од нивното гледање се остварувале не знам колкави девизни приходи. Убедените естети во својата хипноза не гледаат и не признаваат дека тие се ронат, паѓаат сами од себе, прокиснуваат, како Архивит, во кој се уништуваат важни документи и тапии за нашиот идентитет, што се бориме да го докажеме со разни декларации, црвени линии, преговарачки рамки, договори, анекси, протоколи, а кога ќе дојде моментот да ги покажеме, можеби најважниот, што го чуваме за крајниот удар во та борба, ќе го најдеме во канализација, однесен од поплавата на оваа инстутуција.
Многу е чудно што никој од кандидатите за градоначалници на скопските општини не се осврна на ова прашање! Никој не гукна - дали нешто од тие грдотии ќе фрли на некое буниште за да го ослободи или да го врати узурпираниот простор, на кој, пред тоа, имеше зеленило, бидејќи еден од најтешките проблеми за градот е недостигот на зеленило, што значи природна филтрација на загадениот воздух. Порано, експертите, како проблем за струењето на чистиот воздух што се симуваше од Водно ги наведуваа зградите од „гратскиот ѕид“, а сега таа експертиза се фрла во кош, одноно нивното мислење никој не го ни смета за релевантно.
Во време на таа узурпација на зеленилото имаше луѓе што сесрдно преудпредуваа на последиците од бетонирањето на градот, кое сега го зема данокот во крв: 4 илјади лица, малди, стари, годишно умираат од последиците на загадениот воздух во главниот град на најсиромашната земја во Еевропа, на најнеобразованото неселение, кое, ако направите анкета на плоштадот, не верумам дека ќе се најде некој да ви одговори кој е Цар Самуол, кој е Јустинијан, за кои македонски триумфи е изградена Триумфалната капија, кој е коњаникот на коњот на кого му гледаме право во чмарот, зошто зградата на ЕСМ е со таква чудна фасада, зошто го нема споменикот на Григор Приличев, зошто Ченто е потпен со дрвено трупче под капутот, дали некој се сеќава на нашето легендарно корзо и на дрворедот по неговата должина, дали некој се сеќава на широчината на плоштадот и на комоцијата на пешаците...?
Никој во оваа кампања за локалните избори, ни да го спомне Вардар („...Ој Вардаре македонски...“), особено не грдотиите што нивинот творец ги нарече „галии“, што ја затнаа реката, околу кои се собира невидено ѓубре, кои горат и за кои никој не знае за што служат, некои велат дека биле ресторани, ама прашање е дали ги задоволуваат прописите и условите за работа на угостителски објекти.
Сите кандидати се фатија за условно речено баналните проблеми на градот: превозот и ѓубрето и тоа е највисокиот дострел на нивната идејна креативност. Никој целта на своето гледање не ја постави далку на хоризонтот, па и зад него, и не кажува како го замислува Скопје во далечната иднина, демек „мене ме интересираат само четирите години од мојот мандат“, дали има шанса нешто од тоа тотално уништеното да се порави, па и да се урнат некои згради што го затворија просторот, што го огрубеа градот, што ги избришаа сите спомени на убавото и функционално Скопје, еден од најубавите нови градови во Југославија, иако Македонија беше најмлада држава со сосотавот на тогашната заедничка држава. Никој изгледа нема амбиција да го надмине легендарниот градоначалник Јосиф Михајловиќ (градоначалник на Скопје од 1929 до 1936, потоа во 1939 до 1941 година).
Имаше еден генијалец, Јапонец, Кензо Танге, кој веданш по земјотресот 1963 година долета во Скопје, напрви идеен план и им го претстави на тогашните урбанистички власти кои ја сфатија идејата и почнаа, во соработка со стурчната фела, да го планираат просторот и урбанизмот, а архитектурата почна да се движи во модерен ситил, могу близок до идејата и предложениот стил на Танге. Се разбира дека јапонскиот гениј не можеше да седне и да проектира згради, но тој ни го покажа поравецот во урбанизмот и во ерхитекрутата по кој пеплосаното Скопје треба да се гради за да стане уникатен во светот. Наместо тоа, Скопје навистина стана уникатен град во светот во својот невкус, изопачен и недефиниран „стил“ излезен од главата на фантазери со прикриени паричен интереси, чии кривични дела законски застареа и никој не одговараше.
Така Скопје од најубав, стана најгрд град, таков и ќе остане. Ваквите грешки не можат да се поправат, бидејќи ќе чинат поскапо од милијардата потрошена за неговото уништување, а освен тоа нидена светска депонија нема да може да го собере шутот од уривањето на грдите зданија. Да се врати Скопје на состојбата од пред почетокот на градењето на „СК 2014“ е невозможно. Тешко е да се сфати дека од овој конц-логор нема излегување, нема спас!
Секој нема умствен капацитет да направи разлика меѓу вистинската есетика и кичот, тоа зависи од многу фактори, како - образованитео, изградениот вкус, природниот талнет да се раздели убавото од грдото, од ументичката надареност итн, па таквите се одушевуваат до физичката големина на грдотијата, која навистина е голема и одвратна. Ако мисли некој поинаку, нека прошета под квазибарокните фасади, околу староновиот театар (МНТ) само нека внимава да не му падне стиропорна табла што изигрува мермер, донесен од македонските антички колонии.
Некои инаетчии велат дека барем со „СК 2014“ се изградло „нешто“! Дотогаш не било изградено ништо!? Тие што разбираат прашуваат, а што требаше повеќе да се изгради во центарот, во кој се’ беше како што треба, по сите правила на соодносот меѓу станбената површина и зеленилото по глава на жител. Подобро да не се изградеше ништо, да остенеа јасно да се гледаат новите градби на модерната архитектура, а најмногу од се да не се дозволеше Скопје да се пренатрупа.
Дали сите се помирија со грдотијата и со срамот што ни го нанесе „СК 2014“. Ние постарите тоа го носиме како неизлечива болка, токму поради тоа што таа убавина беше уништена од манијакални и лукративни мотиви, штата нанесена со еден единствен потег, како Сталин што ја кроел воената стратегија на глобус.
Во сиот тој занес на генијалноста, никому не му текна да направи јавно WC во центарот на градот, дури јавното WC, што беше на местото на сегашниот хотел „Мериот“ беше многу покорисно за граѓаните од сегашното чудовиште во кое обичниот човек се плаши да ѕирене, а не да влезе.
Затоа, многу поголема тежина на својата кандидатура ќе имеше некој од кандидатите што ќе го поставеше тоа прашање во својата изборна програма, барем на митинзите да каже што ќе се прави со грдотитие на градот, односно како да се направи градот убав (...пак ќе никне...), дали навистина пак ќе нике или ќе се дави во сопсвениот измет, дали има вистиснки решенија за град што се пренасели, а сите други комунални сиситеми останаа со ист капацитет, снабдувањето со вода, количината на отпадот. Зарем никому не му текна дека со зголемувањето на бројот на жителите ќе се зголемат и висината и содржината на буништата.
Вака, сите кандидатури изгледаат здодевно, безидејно, дефетистички, како некој да има страв барем да вети дека ќе се зафати со вистинските проблеми на градот, меѓу кои и прашањето: за кого се градат толку станови и кој го дозволува натамошно задушување на градот. Ако има таков маж - да го гласаме!