Во Србија дивее тивкиот убиец на почвата. Доколку не се запре со деградацијата на нивото на органска материја, производството на храна би можело да биде под знак прашалник во наредните децении, бидејќи обработлива површина има се помалку хумус, посочуваат експертите.

Доколку во наредниот период не се подобри односот кон земјата, Војводина од „житница на Европа“ може да се претвори во пустина, предупредуваат експертите. Во последните педесет години, нивото на органска материја драстично се намали. Порано дури три четвртини од обработливите површини на северот на земјата имале  повеќе од пет проценти хумус - денес само еден процент од нивите имаат таков состав. Експертите ја нарекуваат оваа деградација тивок убиец на почвата.

Во Србија дивее тивкиот убиец на почвата. Доколку не се запре со деградацијата на нивото на органска материја, производството на храна би можело да биде под знак прашалник во наредните децении, посочуваат експертите.

 На српската обработлива површина има се помалку хумус

„Има многу процеси на деградација на почвата. Поплавите и ерозијата се очигледни. А потоа, за краток временски период, се преземаат активности за запирање на процесите или за санирање на последиците“, вели д-р Јовица Васин, педолог во Лабораторијата за почва и агроекологија на Ново Садскиот институт за земјоделски култури и зеленчук, кој е еден од четирите значајни национални институти за земјоделство во Србија.

 „Меѓутоа, процесот на уништување на почвата кој е најважен и најизразен е губењето на органската материја. Ние го нарекуваме тивок убиец на почвата. Тивко, затоа што трае многу долго. Убиец е затоа што содржината на органска материја во обработливото земјиште и во централна Србија, а особено во Војводина, веќе достигна толку ниско ниво на земјоделско производство, што се заканува на нашето меѓусебно производство.

Во минатото, поголемиот дел од земјата на Војводина беше богата со хумус.

„Околу 75 отсто од површината на Војводина е покриена со два вида почва, чернозем и обредна черта, кои во втората половина на минатиот век имаа содржина на органска материја над пет отсто. Денес, ова ниво на хумус е присутно само на еден процент од површината. Проблемот е што рапидно се намалува добиточниот фонд – односно во последните три децении во просек од два до три проценти  годишно. Токму во тоа леѓи одговорот на прашањето, зошто на поголемиот дел од нивите во Србија не се користи сточното како органско ѓубриво, туку минерални ѓубрива“, вели Бранислав Гулан, агроекономски аналитичар.

„Негативните ефекти од намалувањето на хумусот веќе се видливи, бидејќи и покрај спроведувањето на комплетните агротехнички мерки, приносите се намалуваат“, додава нашиот соговорник.

Без сточно ѓубриво не вреди да се полеваат нивите

Интензивното полјоделство не може да се замисли без наводнување. За постојните и новите системи за наводнување најмногу се зборува во лето и во сушните години. Меѓутоа, дури и да ја полеваме многу повеќе отколку што тоа го правиме, прашање е какви резултати би постигнале на долг рок со ваквиот однос што го имаме кон земјата.

„Добро е што се градат нови системи за наводнување. Според податоците на Републичкиот завод за статистика, водата сега стасува само на 1,5 отсто од обработливите површини во Србија, додека во светот се наводнуваат дури 17 отсто од земјиштето. Меѓутоа ако во наредниот половина век , вака ги полеваме плодните ораници, чиј квалитет на земјиштето постојано опаѓа, а нема природно ѓубрење, од земјата житница по приноси, ќе  создадеме пустина“, предупредува Гулан.

„Најдобра потврда за таквата состојба е дека вредноста на производството со децении стагнира на ниво меѓу четири и пет милијарди долари годишно. Аналитичарите пресметаа дека земјоделството во Србија во последните три и пол децении има годишна стапка на раст од само 0,45 проценти. Според последната валидна Стратегија за развој на полјоделството штоја усвои Владата на Србија на крајот на јули 2014 година, а која важи уште една година, растот требало да биде 9,1 или во поблага верзија 6,1 отсто. Потсетувам дека стратегијата требало да ја усвои и Собранието на Србија, но откако беше посочена нереалноста, документот никогаш не бил испратен до парламентот“, додава Гулан.

Нивото на хумус на полињата е исклучително ниско

Процесот на деградација на почвата, кој вклучува намалување на органската материја, трае многу долго. Уште од „зелената револуција“ од седумдесеттите години на минатиот век, кога се зголеми употребата на минерални ѓубрива.

„Тогаш се сметаше дека тоа ќе биде доволно за исхрана на растенијата. Меѓутоа, поради намалената употреба на органски ѓубрива и некои други лоши практики во земјоделството, како што се, на пример, согорувањето на остатоците од културите, отстранувањето на остатоците од растителни култури за производство на енергија од области кои не се соодветни за тоа, се доведовме во ситуација  содржината на хумус во почвата во Војводина  да е само три или под три проценти, “ наведува Васин.

„Ваквата состојба во професионалната пракса се смета дека треба парцелите да се ѓубрат со зголемени количини органски ѓубрива, бидејќи почвата е толку деградирана што бара мерка за поправка“, додава соговорникот.

За да се постигнат добри приноси на одредено земјиште, прво треба да се знае каков е нејзиниот квалитет.

Се препорачуа  пред да се започне со полјоделско производство на одредена парцела  дасе направи анализа на земјиштето. Само врз основа на резултатите од испитувањето  на основните параметри за плодноста на земјиштето као што е pH вредност, содржината на калциум карбонат, содржината на органска материја-хумус, содржината на лесно пристапност на фосфор и калиум можат да се добијат насоки за рационална примена на ѓубрива, минерални и органски форми", објаснува Радмила Пивиќ, научен саветник во Институтот за земјиште.

Мерки за подобрување на квалитетот на почвата

Процесот на збогатување на почвата со хумус бара време. Според експертите за да се подобри состојбата со земјиштето, треба што поскоро да се престане со деградацијата,  односно со лошите практики и да се започне со процеси кои се корисни за почвата.

„Од суштинско значење е да се зголеми примената на ѓубриво. Меѓутоа, поради намалениот добиток немаме доволно ѓубриво. Затоа мораме да нанесуваме органски ѓубрива кои би можеле да бидат замена за ѓубриво. Да речеме компостирање на различни органски материјали и од урбаниот отпад и од отпадот кој е нуспроизвод на прехранбената индустрија", вели Васин.

„Остатоците од жетвата не смеат да се палат, подобро е да се ораат во почвата. Исто така, при изградбата на постројка за биоенергија, треба да се земе предвид каде е суровинската основа за такво растение, односно од кои области ќе се земаат остатоците од жетвата. Тоа можат да бидат само оние области кои имаат доволно органска материја во нив.“

Стручњаците посочуваат дека земјиштето треба рационално да се користи.

„За успешно земјоделско производство, неопходно е да се почитува правилен плодоред, да се комбинираат културите, да се одгледуваат меѓупосевни култури и зимско покривни култури, да се спроведе зелено ѓубрење, мулчирање.Постојат и мерки кои предвидуваат смалување на губењето на хранливите материи во почвата за помалку од 50 проценти и намалување на употребата на ѓубрива на најмалку 20 отсто до 2030 година,а притоа да се биде сигурен дека нема да дојде до намалување на плодноста на почвата“, нагласува Пивиќ.

„Еден од примерите на новиот зелен модел е секвестрација на јаглерод во земјоделството и поттикнување на практики кои складираат јаглероден диоксид во органската материја на почвата. Ова може да се постигне со квалитетни компостирани  ѓубрива, воведување на широки плодореди, покровни посеви, зелени ѓубрива и по потреба мелиоративни мерки- калцизација и гипсирање на почвата,“ додава соговорникот.

Државата треба да ги поттикне земјоделците да го зголемат нивото на хумус во почвата

Според експертите, за одредени мерки со кои се зголемува процентот на хумус во почвата, неопходно е државата да им помогне на земјоделците со стимулации.

„Да речеме сидерацијата или зеленото ѓубриво е мерка што може значително да ја подобри состојбата. Тоа подразбира дека се одгледуваат растенија наменети за заорање. Целосната, подземна и надземна маса се користи за орање во почвата во периодот кога вегетацијата е најголема. Тоа ја зголемува содржината на хумус и други својства на почвата кои се поврзани со органска материја“, објаснува Васин.

„Проблемот во таквата мерка е што земјоделецот нема директна корист од таа една вегетација. Тој има корист од тоа, но на долги стази. Краткорочно нема пазарен производ што може да го продаде, а има трошоци за инвестирање во гориво и семиња. Затоа се потребни државни субвенции за да им се помогне на земјоделците кои работат на сидерација“, прецизираат стручњаците.

Хумусот не е важен само за земјоделството

Хумусот во голема мера влијае на режимот на вода, воздух и топлина на почвата.

„Почвата која има доволно органска материја ја задржува влагата подолг временски период од почвата со мала содржина на органска материја. Ова им обезбедува на растенијата дополнителна влага и оние на таква почва подобро ја поднесуваат сушата. Ова е многу важно во денешни услови", вели Васин.

„Обично велиме дека органската материја за почвата е исто што и медот за човекот, таа е мал процент во вкупниот волумен на почвата, само неколку проценти, но од аспект на важност и влијание врз биолошката активност и врз самиот принос, што е важно за земјоделецот, тоа е многу значајно“, објаснува овој земјоделски научник.

Освен за земјоделството, хумусот ги спречува штетните процеси во природата.

„Многумина веруваат дека решението за глобалното затоплување е токму зголемување на содржината на органска материја, односно органски јаглерод во почвата. Така тој е врзан и не оди во атмосферата, не се создаваат стакленички гасови кои предизвикуваат затоплување. Прашањето за содржината на органската материја не е важно само за земјоделството или локалната заедница, туку има глобално значење за денешната цивилизација“, истакнува Васин.

Решението на овој сериозен проблем секако треба да се бара во закрепнувањето на сточарството кое во Србија во вкупното земјоделско производство учествува со помалку од 30 отсто, додека во развиените земји е повеќе од 60 отсто.

За да се одржи добар квалитет на почвата, би било оптимално, велат експертите, секоја четврта година да се додаваат 40 тони ѓубриво по хектар. За такво нешто Србија треба да има две условни грла говеда по хектар, а како сега стојат работите  таа бројка е десет пати помалку.

 Интересно е што шесте најголеми сопственици на земјоделско земјиште во Србија имаат околу 110.000 хектари обработливо земјиште. Според претходната пресметка само тие треба да имаат 220.000 бикови. А Србија сега нема доволно добиток  ниту за еден утовар на брод - што е околу 2.000 грла. Во Србија  моментално има само околу 320.000 бикови, крави, јунчиња и телиња заедно.