Индиската вселенска агенција успешно го спушти вселенското летало на јужниот пол на Месечината во мисија којашто ќе ги унапреди вселенските амбиции на Индија и ќе го прошири знаењето за лунарниот воден мраз, потенцијално еден од највредните ресурси на Месечината.

ISRO/Handout via REUTERS

Тоа е мисија која се смета за клучна за истражување на Месечината и статусот на земјата како вселенска сила, само неколку дена по падот на сличен руски лендер.

Но, што е познато за присуството на замрзната вода на Месечината и зошто вселенските агенции и приватните компании ја гледаат како клуч за можна колонизација, рударство и мисии на Марс.

Како научниците пронајдоа вода на Месечината

Во шеесетите години на минатиот век, пред првото слетување на Аполо, научниците шпекулираа дека може да има вода на Месечината. Примероците што екипажот на Аполо ги врати на анализа во доцните 1960-ти и раните 1970-ти биле „суви“.

Во 2008 година, истражувачите од Универзитетот Браун повторно ги преиспитаа тие лунарни примероци со нова технологија и пронајдоа водород во ситните зрна од вулканско стакло. Во 2009 година, инструментот на НАСА на сондата Chandrayaan-1 на Индиската организација за вселенско истражување откри вода на површината на Месечината.

Истата година, друга сонда на НАСА што го погоди Јужниот пол најде воден мраз под површината на Месечината. Претходната мисија на НАСА „Лунарен проспектор“ во 1998 година пронајде докази дека најголемата концентрација на воден мраз има во сеновитите кратери на Јужниот пол.

Зошто водата на Месечината е важна?

Научниците се заинтересирани за древниот воден мраз, бидејќи може да пружаат информации за лунарните вулкани, материјалите кои на Земјата ги доставуваат кометите и астероидите како и за потеклотото на океаните.

Ако водениот мраз постои во доволни количества, тој би можел да биде извор на вода за пиење за истражување на Месечината и да помогне за ладење на опремата. Исто така, може да се разгради за производство на водород за гориво и кислород за дишење, за поддршка на мисиите на Марс или рударство на Месечината.

Договорот за вселената на Обединетите нации од 1967 година забранува на која било нација сопственост на Месечината. Но, нема одредба за запирање на трговските операции. Напорот на САД за воспоставување сет на принципи за истражување на Месечината и користење на нејзините ресурси „Спогодбата Артемис“ има 27 потписници. Кина и Русија не го потпишале.

Јужниот пол на Месечината е особено недостапен

Претходните обиди за слетување на јужниот пол на Месечината беа неуспешни. И рускиот вселенски брод Луна-25 што требаше да слета на Јужниот пол неколку дена пред индискиот излезе од контрола при приближувањето и се урна. Јужниот пол, далеку од екваторијалното подрачје кое беше цел и на претходните мисии, вклучително и слетувањето на Аполо со екипаж, полн е со кратери и длабоки вдлабнатини.

По неуспешниот обид во 2019 година, минатонеделниот успешен индискиот потфат беше широко прославен во оваа земја, особено затоа што чинеше „релативно евтино“ кога се разгледуваа сметките на НАСА (додека мора да се нагласи дека НАСА оваа сума ја инвестира во бројни потфати).

Chandrayaan-3, како што пишува Unilad, ја чинел државата и Индиската организација за вселенски истражувања (ISRO) само 6,15 милијарди рупии, што е околу 75 милиони долари (околу 70 милиони евра). Исто така мисии на јужниот пол на Месечината планираа и САД и Кина.