Во егзистенцијата никој не размислува на загадувањето. Генерално, приходот диктира како ќе живеат граѓаните. 

Според  Билјана Дуковска од Македонската платформа за сиромаштија,  мит е дека сиромашните најмногу загадуваат во државата, додека всушност поботатите се оние кои имаат повеќе можности и ресурси и гледано во вкупното еколошко влијание, тие многу повеќе придонесуваат кон сликата на загадување. 

„Кај сиромашните имаме исклчок во делот на загревање на домовите и тоа не е нивна вина. Тоа на моменти не е ни тема на избор. Инфраструктурно, ние како држава не сме обезбедиле пристапни механизми како централно греење кое велиме дека е најнезагадувачка варијанта, за поголем де лод населението да може да биде приклучено. Ги обвинуваме сиромашните за нивно ќумбе, меѓутоа забораваме дека јавните институции користат нафтени деривати за загревање. Не сакам да го менимизирам нееколошкото однесување на најранливата група граѓани, но тоа е заради непостоење на извор и извор на приходи за поквалитетно загревање. Државата на примателите на гарантирана минимална помош им дава по 100 денари субвенција за енергија. Ако пресметате колку се 1000 денари за енергија јасно ви е дека нема дискусија“, вели Дуковска.  

Според неа, не е дека граѓаните не знаат. Најчесто одговараат дека ги следат трендовите, ги смениле ќумбињата со печка на пелети, пелетите им биле скапи па купиле инфертери, потоа струјата поскапела и се вратиле на ќумбињата на дрва. 

„Тие 200 денари дневно се избор дали ќе се купи јадење или ќе се загрее. 25 насто до 30 насто од вкупното население живее во енергетска сиромаштија, голем дел од нив не ги загреваат соодветно своите домови. Погрешно е да се зборува изолирано за енергијата и екологијата не правејќи паралела со економските можности, преполовувањето на приходоот на граѓаните. Ние кога ги планираме политиките на државно ниво, важно е да бидат соодветно напишани и да парираат на европските политики. Но отсуствува  директната работа со луѓето. Нашите центри за социјална работа на локлано ниво не комуницираат со ниедна инстанца за да се зборува за екологија“, вели Дуковска.  

Таа напоменува дека е важно е да се работи со луѓето за да се утврдат причините поради кои тие прибегнале кон таков начин на однесување. 

„Ако семејството е ранливо, секако дека тие 1.000 денари субвенција не се доволни и да се помогне со еколошко загревање на домот, така ќе обезбедите тие луѓе да не западнат во категоријата болни и невработливи. Вака, вие им велите ние сме ве штиклирале дека сте земале енергетска субвенција, но голема е веројатноста дека тие лиѓе парите ќе ги искористат за храна. Нема линија помеѓу луѓето кои живеат под линијата на сиромашнија статистички и оние кои живеат енергетска сиромаштија. Тоа се луѓето кои иако заработуваат и имаат приходи, тие не им е доволни за да користат зелена енергија, да направат инвестиција во домот. Обемот во енергетска сиромаштија е многу пошриок од оној на лушето кои се во ризик од сиромаштија“, вели Дуковска.  

Нејзиниот став е дека дека држвата не мрднала во заштитата на животната средина ако се земат во предвид луѓето во најниската економска категорија. Вели - не може да се очекува дека ќе им се сменат навиките. 

„Никој не се прашува зошто луѓето крадат дрва и струја? Се е тоа добро ако се зборува за генерална слика, но нашите политики не опфаќаат сегменти дополнителни поддршки за по некое време да ги променат навиките. Нема сериозна дискусија која може да донесе заеднички решенија. Не се направени истражувања во рамки на целните групи, мерките се носат според тековниот буџет“, вели таа. 

Според статистиките на Еуростат, во 2020 година една третина до една четвртина од луѓето во земјава можеле задоволително да го загрејат домот.