-Kои работни места ќе бидат елиминирани од вештачката интелигенција, е прашањето што се врти на дебатите за иднината на работата. Меѓутоа, податоците ја покажуваат другата страна на приказната. Некои професии не само што нема да исчезнат, туку бројот на луѓе што ги извршуваат значително ќе се зголеми во следната деценија. „И веќе сосема јасно постојат три главни насоки што го менуваат пазарот на трудот: стареењето на населението, енергетската транзиција и технологијата“, пишува Business Insider.

 

Бирото вза статистика на трудот на САД објави нови проекции за вработување за периодот од 2025 до 2035 година. Меѓу дванаесетте занимања со најбрз очекуван раст се здравствените работници, специјалистите за безбедност на податоци и информации, потоа инсталатерите на соларни панели и техничарите за ветерни турбини.

Според проекциите, бројот на медицински сестри со напредни овластувања (медицински сестри практичари) ќе расте најбрзо, за дури 41 процент. Во Соединетите американски држави, станува збор за високообразовани здравствени работници кои во многу федерални држави можат да извршуваат дел од работните места што некогаш биле резервирани за лекари.

Веднаш зад нив доаѓа занимање кое речиси и да не постоело во сегашната форма пред неколку децении - инсталатери на соларни фотоволтаични системи, со очекуван раст на вработеноста од 36,5 проценти.

На третото место се експертите за податоци, чиј број би можел да се зголеми за 34,6 проценти.

Здравствената заштита, енергетиката и технологијата го преземаат врвот

Листата од дванаесет занимања со највисок очекуван процент на раст за тековната декада, 2025–2035 изгледа вака:

  • Напредни медицински сестри- 41,0 отсто со просечна годишна заработка од 132.000 долари
  • Инсталатори на соларни фотоволтаични системи- 36,5 отсто и 53.000 долари годишни примања.
  • Професионалци за податоци- 34,6отсто и просечно 120.000 долари годишно.
  • Техничари за сервис на ветерни турбини -29,5 отсто со 64.000 долари годишна заработка.
  • Менаџери за здравствени и медицински услуги -24,2 отстои просечна заработка од 124.000 долари годишно.
  • Асистенти на физиотерапевти -23,0 отсто и 68.000 долари годишно
  • Психијатриски техничари -22,3 отсто и 45.000 долари годишна заработка
  • Истражувачи во компјутерски и информатички технологии- 21,8 отсто со 140.000 долари  годишен прилив.
  • Асистенти на работни терапевти -21,5 отстои 72.000 долари годишна заработка.
  • Офталмолошки медицински техничари- 21,4 отсто со 46.000 долари годишен прилив.
  • Лекарски асистенти- 21,1 отсто со 136.000 долари годишна плата.
  • Аналитичари за безбедност на информации -21,0 отсто и 129.000 долари годишна заработка.

Разликите во образованието потребно за влез во овие професии се големи. Диплома за средно образование со соодветна стручна обука е обично доволна за инсталатер на соларни системи во САД, додека медицинските сестри од напредна пракса, лекарските асистенти и истражувачите на компјутерски науки генерално бараат магистерска диплома. Ова е важен детаљ бидејќи покажува дека иднината на пазарот на трудот не им припаѓа исклучиво на високообразованите експерти за технологија.

Една од најбрзо растечките занимања ќе биде изразено практично - луѓе кои инсталираат и одржуваат соларни системи. Како што цената на сончевите системи паѓа и повеќе домаќинства и компании ги користат, така се зголемува и потребата од луѓе кои знаат како да ги инсталираат и одржуваат. Сличен процес се случува и со енергијата на ветерот.

 Во исто време, експлозијата во количината на податоци ја зголемува потребата од експерти кои можат да ги анализираат. Се очекува и зголемување на бројот на истражувачи во компјутерските и информатичките технологии, меѓу другото поради развојот на вештачката интелигенција.

Најголемата промена нема да дојде од технологијата.

 „Иако во последниве години речиси секоја прогноза за иднината на работата се гледаше преку вештачката интелигенција, многу постар процес би можел да има уште поголемо влијание - луѓето живеат подолго“, наведува американското Биро. Стареењето на населението ја зголемува потребата за здравствена заштита, долгорочна нега, рехабилитација и управување со сè посложени здравствени системи. Затоа дури шест од дванаесетте најбрзо растечки занимања од американската листа се директно поврзани со здравствената заштита.

Бирото за статистика на трудот очекува американската економија да добие околу 5,9 милиони работни места помеѓу 2025 и 2035 година, што претставува раст од 3,5 проценти. Тоа е значително побавно од растот од 10,9 проценти забележан во претходната деценија.

Но, растот нема да биде рамномерно распределен. Приватното здравство и социјалната грижа треба да создадат најголем број нови работни места, првенствено поради стареењето на населението и зголемената преваленца на хронични заболувања.

Во исто време, технолошкиот бум ќе има и последици таму каде што можеби нема да биде лесно веднаш да се поврзат со вештачката интелигенција. Центрите за податоци бараат огромни количини електрична енергија, па затоа Бирото очекува релативно малиот американски комунален сектор да порасне за околу десет проценти - побрзо од сите главни сектори.

 А што се очекува во Европа?

Европската прогноза покажува слична насока.

Европската прогноза покажува слична насока. Најновата проекција на Цедефоп за пазарот на трудот до 2035 година покажува дека вработеноста во ЕУ ќе расте релативно скромно - малку повеќе од четири проценти помеѓу 2023 и 2035 година. Но, зад тој просек стојат големи промени помеѓу одредени занимања и сектори. Три сили што го менуваат американскиот пазар на трудот го менуваат и европскиот: дигитализацијата, зелената транзиција и стареењето на населението. Посебно се издвојуваат стручњаците за информатичко-комуникациски технологии

Цедефоп очекува вработеноста на ИКТ експерти и техничари во ЕУ да расте во просек за 2,5 проценти годишно до 2035 година, иако разликите меѓу земјите се големи - од околу 1,3 проценти годишно во Германија и Италија до дури 7,8 проценти во Романија.

Меѓу секторите со најбрз раст ќе бидат истражувањето и развојот, компјутерските услуги, како и архитектонските и инженерските активности.

Друга главна европска насока е енергетиката. Производството на електрична енергија треба да биде меѓу секторите со највисок раст на вработеноста, околу два проценти годишно на ниво на ЕУ, додека во некои земји се очекуваат стапки од четири проценти и повеќе.

Во исто време, најновите европски анализи укажуваат на раст на побарувачката за работни места поврзани со дизајнирање, инсталација и одржување на технологии за чиста енергија.

 Третиот главен извор на работни места ќе биде здравството и негата. Стареењето на населението во Европа ќе ја зголеми потребата од здравствени професионалци, медицински асистенти и луѓе кои се занимаваат со нега. Цедефоп очекува вработеноста во овие занимања да расте за речиси еден процент годишно.

Европската агенција за труд веќе денес предупредува дека недостигот на лекари, медицински сестри и лица кои се грижат за други е сериозен и широко распространет низ цела Европа. Затоа, Европа не добива сосема поинаква иднина на работа од Америка. Напротив. Од двете страни на Атлантикот, истите големи промени отвораат најголем простор: старото население бара повеќе луѓе од овие струки да се грижат за возрасните луѓе, дигиталната економија бара повеќе струки кои ги разбираат податоците и технологијата, а енергетската транзиција бара луѓе кои знаат како да дизајнираат, инсталираат и одржуваат нова инфраструктура.

При изборот на професија за следните десет или дваесет години, многу покорисно прашање е: кои проблеми на општеството во иднина ќе бараат сè повеќе луѓе способни да ги решат?