Ајнштајн е жив, се додека е „жива“ вештачката интелигенција. Еден од најголемите умови на модерната наука, Алберт Ајнштајн, беше „вратен во живот“ преку дигиталната технологија, која го пресоздаде изгледот и гласот на познат научник.
Дигиталниот Ајнштајн е развиен за да „постави пријателско лице помеѓу машините и луѓето“. Дигиталната копија на познатиот теоретски физичар зборува со мек германски акцент, пријателски глас и е програмирана да има иста смисла за хумор како што имал Ајнштајн.
https://www.youtube.com/watch?v=RiWB2o-9qMs
Корисниците можат да учествуваат во дневни квизови и да го прашуваат за науката, неговиот живот и дело.
Ајнштајн според многумина се смета за најголем теоретски физичар во историјата. А, неговата теорија на релативност го смени човечкото разбирање за времето, гравитацијата и универзумот.
Иновацијата заснована на вештачка интелигенција е создадена од компанијата „UneeQ“ од Нов Зеланд.
Ајнштајн е жив, се додека е „жива“ вештачката интелигенција, како иновација требаше да се пушти во јавност да се совпадне со 100-годишнината од Нобеловата награда за физика на Ајнштајн.
Вештачката интелигенција е меч со две острици, предупредуваат научниците
Истражувачите на вештачка интелигенција во Австралија експериментално докажаа дека е можно да се програмира систем, така што тој успешно ќе го манипулира човечкото однесување и ќе влијае врз донесувањето одлуки. Научниците предупредуваат дека модерната технологија е меч со две острици.
Системите за вештачка интелигенција денес проникнуваат во скоро секоја пора од нашите животи и управуваат со начинот на комуникација, трговија, работа и живеење. Тие исто така ни помагаат во различни клучни области, како што се развој на лекови или вакцини, сè до целокупната државна администрација.
Вештачката интелигенција го одредува и начинот на комуницирање на социјалните мрежи на повеќе начини.
Вештачката интелигенција ни помага во многу области од животот
Австралиски научници од Организацијата за научни и индустриски истражувања на Комонвелтот - (The Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation's – CSIRO), смисли и тестираше метод за идентификување и употреба на ранливост во процесот на донесување одлуки кај луѓето со употреба на систем за вештачка интелигенција наречена повторувачка нервна мрежа.
Во три одделни експерименти, во кои луѓето се спротивставуваа на машините, истражувачите покажаа како вештачката интелигенција може да се обучи да открива ранливи места на човековите навики и однесување и да ги користи за да влијае врз нивното донесување одлуки.
Во првиот експеримент, задачата на испитаниците била да ги притиснат црвените или сините полиња за да заработат пари за учество во играта. Алгоритмот ги проучувал обрасците на нивното однесување и почнал да ги наведува да донесуваат конкретни одлуки со точност од приближно 70 проценти. Успехот не бил целосен, но тоа бил само почеток.
Човек наспроти машина
Во следниот експеримент, од учесниците било побарано да притиснат копче кога ќе видат одреден симбол (обоена форма), но да се воздржат од притискање кога ќе се појават други симболи.
„Целта“ што ја имаше вештачката интелигенција била да се организира редоследот на симболите што се појавуваат на мониторот на таков начин што испитаниците ќе прават грешки.
Во третиот експеримент, задачата на учесникот била да се однесува како инвеститор кој дава пари на доверител (во случајот „вештачка интелигенција“), кој потоа треба да ја исплати заработката и да ја врати инвестицијата.
Играчот морал да одлучи во секоја рунда колку пари ќе вложи.
Во овој конкретен експеримент, вештачката интелигенција доби една од двете задачи: или да заработи максимална сума на пари, или да му овозможи на играчот и на машината да заработат што повеќе пари.
Вештачката интелигенција во сите три сценарија, покажала добри резултати што ги навело истражувачите да заклучат дека овие системи можат да бидат обучени да влијаат врз човековото однесување и донесување одлуки, иако, засега, во ограничени и прилично апстрактни околности.
Вештачката интелигенција може да се злоупотреби
Ова истражување, и покрај сите свои ограничувања, сепак обезбедува застрашувачки увид во тоа како вештачката интелигенција може да манипулира со „слободната волја“ на човекот. Чекор што отвора можност за (погрешно) користење од многу поголем обем, за што многумина веруваат дека веќе се случува.
Ајнштајн е жив, се додека е „жива“ вештачката интелигенција
Како и секој друг изум, вештачката интелигенција може да се користи за да се влијае врз однесувањето на луѓето. На пример, за подобрување на здравјето, но може да се користи исто толку лесно за да се поткопаат некои други клучни одлуки, како што е влијанието врз гласачите.
Сепак, постои можност да се обучи вештачката интелигенција и да се предупредат луѓето кога некој ќе се обиде да ги изманипулира и да ги обучи како да ги прикриваат сопствените слабости, што дополнително ги комплицира работите.