Алта банка од Србија во четвртокот поднесе понуда за преземање на 95 проценти од акциите во Стопанска банка Битола, во вредност од 1,48 милијарди денари (26,6 милиони долари / 22,8 милиони евра), објави Македонска берза.

Во понудата за преземање, Алта банка нуди 3.777 денари по акција, за вкупно 371.538 обични акции со право на глас на Стопанска банка Битола. Инаку Алта Група, со која преземачот заедно дејствува моментално поседува 19.439 акции на Стопанска банка во Битола, со кои се сопственици со над пет отсто од битолската банка. Основниот капитал на банката е поделен на 390.977 акции, секоја со номинална вредност од 3.000 денари. Понудата ја проценува Стопанска банка Битолa на 1,48 милијарди денари, врз основа на вкупниот број акции.
Условите предвидуваат понудата да биде успешна доколку акционерите кои поседуваат најмалку 273.795 акции (70,03 проценти од вкупниот број) ја прифатат понудата. Доколку тоа се оствари, „Алта банка“ и поврзаните лица би достигнале сопственост од 75 проценти плус една акција, што претставува клучен праг за контрола во акционерските друштва
Понудата се смета за успешна ако ја прифатат акционерите кои заедно поседуваат најмалку 70,03 проценти од акциите. Крајниот рок за затворање на понудата е 10 октомври.
Комисијата за хартии од вредност на Македонија даде зелено светло за лансирање на понудата во средата.
Акциите на Стопанска банка Битолa [MSE:SBT] последен пат беа тргувани по просечна цена од 3.230 денари на Скопската берза на 4 јули, според последните достапни податоци.
Овој потег е од големо значење за банкарскиот сектор, со оглед дека Стопанска банка АД Битола е една од најстарите и најзначајни регионални банки во земјава. Преземањето може да донесе нова динамика на банкарскиот пазар, особено ако се земе предвид регионалното проширување на српските финансиски институции во последните години.