Американците надовдно дојдоа, но никој не кажува колку души се, со што се вооружени, со која тактика ќе jа водат борбата, колку ќе останат и, што е најважно, до каде ќе одат назад и длабоко во откривањето на корупцијата.  Овие се најбитните шрашања што треба да и се соопштат на јавноста, на граѓаните кои веста за некаков си супер тим што ќе почне да му ги сече пипалата на октоподот, на кого сите сме му кивни и кој на сите обични граѓани им го има загрозено или скратено животот, ја примија со голема надеж, исто како што ги примале сите вести за наводна последна рештиелна борба со криминалците, а многу бргу се разочарала.

Досега беше најавувуана бораба против октоподот уште од „времето на Бранко“, ама таа флосукула се претвори во виц и живее до ден денес како изговор за нештата за кои  „Бранко е крив“. Потоа, заканата што граѓаните ја сфатија сероизно и ракоплескаа е ветувањето дека на врвот на „триумфалната капија“ ќе биде поставен некаков бројчаник кој на секое враќање, односно одземање на парите од крадците ќе ѕвони и ќе ја покажува сумата на вратните или одземените пари, но никој не виде никаква бројка.  

Граѓаните на секоја вест за некакво доаѓање на некаков спасител реагираат позитивно, благонаклоно со голема надеж дека ќе се исправат неправдите, дека ќе се фатат докажаните крадци на нивните пари и на нивниот живот. Но, не дека тие од тоа ќе добијат нешто материјално, туку се надеваат дека правдата барем малку ќе биде задоволена или ублажена и ќе ги видат барем главните криминалци и мафијашки босови, кои буквално на обичниот народ не му дадоа да живне, да стивне, да здивне, да осети сигурност во својата сопствена држава, кои од осомостојувањето до ден денес буквално работат против него и дека ќе им ги види грдите фаци зад решетки, исто како во американските филмови. Дали ќе се протресе суптилноста на кражбата на  парите на разни перфектно смислени начини, замаскирани како „законски“ – ама со така скроени закони, со принуда за продажба на акциите, со бркање од работа, дали ќе се врати достоинството на жителите што живеат во држава во која е срам да кажеш дека живееш, која е меѓу првите во светов по сиромаштија. Од една страна можеби не можеле ништо да сторат, од друга страна ја платија цената на својата политичка неписменост, но и цената на својата колебливост - да речет „не“ тогаш кога буквално пред нивните очи се крадеше наголемо, без срам и перде, тогаш кога судовите работеа (а можеби уште работат) по наредба на крадците.

Сега во дилема е уште едно прашање: кои области ќе бидат земени за „претсрес“? Дали ќе бидат поднесени кривични пријави, или дали ќе се ажурараат предметиите што лежат во фиоките на апелациниот суд, со намера да им помине рочноста, односно да застарат. До каде ќе се оди назад како, што се највуваат. Дали ќе се оди до најголемиот легален криминал – македонската приватизација, од која почна драстичното социјално раслојување, по што се создаде еден процентуално мал број екстремно богати граѓани и еден огромен број средно сиромашни, сиромашни и ептен сириомашни, бездомници кои немаат можност ни некаква надеж да бидат згрижени од држават, можеби повеќе им даде Црквата, а и таа помош е од граѓните што оставаат прехрамбени производи, молејќи му се на Бога за помош во крајно мачните периоди од животот што му ги донесе токму таа транзиција. Втората најголема корупција лежи во „Скопје 2014“, што шеретите го нарекуваа ПРОЕКТ за легален грабеж, под изговор дека Скопје се разубавува и тоа со нова идентитетска апликација, антиквизација, а одговорност нема за ниедно казниво дело за овој јавно осуден кич од најголемите светски естетичари и архитекти. Цените на чинењето на овие објекти и споменици излегоа на површина, од разни извори, дали од „бомбите“ дали од свиркачи , дали од новинари, дури и од самите „градители“ кои се пофалија дека споменикот Александар Македонски чини 11 илини евра, како фалба за почитта кон делото на големиот македонски водач и осовјувач.

Дали ќе се земат предвид наодите на меѓународните институции за следење на движењето на парите дека од Македонија од 2006 – 2015 се изнесени 6 милијарди евра, на кои не им се знае завшетокот?

Дали ќе има истраги за криминалот со автопатиштата, за кои постојат автентични индиции, основите судови имаат изречени казни, но апелацијата не се огласува 2-3 години.  Дали ќе има истраги за квалитетот на изведбата на тие патишта, за дебелината на асфалтот и зошто толку брзо се амортизираат?

Едно од најтешните прашања, што задира во џеповите на огромен број граѓани, е штетата/грабежот направена поради погрешните детални урбанистички планови, плацеви одземени поради (намерна) грешка во нив и дадени на друг, поради самоволието во цртањето на тие планови, па прекројување урбани површини, дефинирани со претходни урабнистички планови и на нивно место изградени коруптивни зданија и одземање на зеленилото на граѓаните на еден од најубавите градови во поранешна Југославија.

Дали ќе се навлезе во суспендирањето на авторксите права на македонските големи архитеткти како на пример на авторското право на Муличковски, одземено и неовластено суспендирано со претворањето на неговиот прекрасен објект со модерен дизјан на зградата на владата, сега префасадирана по урнек на Белата куќа во Вашнгтон, но со градежем матријал - стиропор.  

Дали ќе се судрат интересите на амнестијата за настаните на 27 април 2017 со устаните изнемни за менувањето на името?

Дали ќе се гази на најголемата коруптивна почва - вработувањата во администрацијата, што ја повлекоа земјата на дното на длабокиот океан?  

Навистина, многу прашања, на кои засега нема одговор. 

Во која и сфера да се задлабочи човек од осамостојувањето досега, не можете да најдете здраво ткиво во кое немало и нема криминал. Најлоштото во сето тоа е што народот се помири со таа судбина, па како утеха на сопствената немоќ да семни нешто ги пифати  флоскулите „крадат, ама градат“, и „сите се исти“ што укажува на тотална апатија и загуба на волјата да се бара правда и казна за виновниците.

Дали доаѓањето на тимот на „јенките“ ќе значи вистинско и крајно зафаќање на проблемот со корупцијата, која во Мекедонија е modus vivendi, или тоа е само една шарена и лажлива бонбона во контест на претстојните уставни измени, дали е супституција на европската неефикасност и контрадикторност во одлукита за прием на Македонија во ЕУ, се прашања на кои треба на прес конференција претсавник на САД да даде јасни одоговори, а се разбира за многу краток период да се видат и вистински резултати. Само така ќе им поверуваме на Америте дека на оваа бедна државичка сакаат од срце да и помогнат, зашто, како што се виде, таа себеси не може да си помогне.