На основачот на банкарството, Мајер Амшел Ротшилд, често му се припишува изреката: „Дајте ми контрола над парите на една нација и не ми е важно кој ги носи законите.“

Со овој пример историчарите на банкарството или на економијата сакаат да кажат колку е силна финансиската моќ, бидејќи трговијата со пари и воопшто постоењето на парите во економијата е крвотокот на сите бизниси.

Мајер Амшел Ротшилд (1744–1812) бил германски банкар од  еврејско потекло и основач на династијата Ротшилд, која во XIX век станала најмоќното банкарско семејство во Европа.

Неговото наследство е големо. Тој го поставил темелот на банкарска мрежа што во XIX век одиграла значајна улога во развојот на европските финансиски пазари и меѓународното банкарство.

Јозеф Шумпетер, пак, не рекол дека банката е „најдобар бизнис“, но нагласувал дека банките имаат единствена улога затоа што создаваат кредит, а со тоа овозможуваат економски развој, што му доаѓа слично на тезата на Ротшилд.

Валтер Багехот пишувал дека банкарството е особено профитабилно поради тоа што банките работат со средствата на своите депоненти, а не само со сопствен капитал.

Во популарната литература често може да се сретне препораката: „ако сакаш да станеш богат - отвори банка!“,  но не е потврдена како автентичен цитат на некој познат економист.

Како е во Македонија?

Македонската деловна карта одговара на сите овие банкраски препораки.  Ако се погледне споредбата меѓу   профитот на банките наспроти профитот на најголемите индустриски компании („Алкалоид“, „Макстил“, „Реплек“, „Цементарница ТИТАН“, „Жито Лукс“ итн. во 2025 година, ќе се види дека разликата е на страната на банките:

Субјект                                    Нето добивка

Комерцијална банка                ≈ 83,5 милиони €

НЛБ Банка                               ≈ 79,3 милиони €

Стопанска банка Скопје            ≈ 54,2 милиони €

Алкалоид                                  ≈ 32,2 милиони €

Реплек                                     ≈ 10–15 милиони €

Алкалоид во 2025 година остварил нето добивка од околу 1,98 милијарди денари, односно 32,2 милиони евра, што е рекорден резултат за компанијата.

Што покажува оваа споредба?

Комерцијална банка сама заработува околу 2,6 пати повеќе од Алкалоид.

НЛБ Банка сама заработува околу 2,5 пати повеќе од Алкалоид.

Само трите најголеми банки заедно имаат добивка од над 217 милиони евра, што е приближно седум пати повеќе од Алкалоид.

Зошто банките заработуваат толку многу?

Банките имаат неколку предности:

- голем дел од средствата ги прибираат преку депозити со релативно ниски камати.

- кредитите се одобруваат со значително повисоки каматни стапки.

- наплатуваат провизии за платежен промет, картички, гаранции и други услуги.

- ризикот е распределен на илјадници клиенти.

Од друга страна, индустриските компании:

- мораат да инвестираат во фабрики, машини и работници;

- изложени се на конкуренција од увоз;

- имаат повисоки трошоци за енергија и суровини;

- имаат пониски профитни маржи.

Како што рековме погоре, во Македонија денес најголемите профити не се создаваат во производството, туку во финансискиот сектор. Тоа не значи дека банките се „проблем“, но покажува дека капиталот во банкарството носи повисок принос отколку капиталот вложен во фабрики, производство и извоз. Токму затоа често се поставува прашањето дали дел од овие средства би требало повеќе да се насочуваат кон инвестиции во реалната економија, индустријата и развојот на општините. Се разбира дека одговорот ќе биде – ДА! Но, конкретно во Македонија, прашање е каква е инвестиционата клима, колкав е ризикот на пласманите, дали има добри и зрели проекти, парите не се даваат на „жими мајка“, колкава е стабилноста на  постоечката законска регулатива, дали има закон што има издржано подолг рок, или сме сведоци на нивно често менување, што влева несигурност, што влијае врз одлуката на инвеститорите да инвестираат во тој таканаречен „реален сектор“, односно во производствени капацитети. На теренот се гледа дека погледите на новите претприемачи се вртат кон брзата заработка, па оттука се намножија, обложувалници, продавници за брзи пари, казина и слични можности за брз финансиски обрт.

Примената на новите зкони за санирање на состојбата, преку забраната за локацијата на обложувалниците - 500 метри подалеку од училиштата, нема бргу да се реализира, затоа што тоа ќе повлече друга неволја – губење работни места на неколку илјади ангажирани лица во работата на овие брзообртни финансиски дуќани. Природно е на нивна страна да застанат синдикатитие по основа на заштита на работникот и на нивните права. Работата воопшто не е наивна и лесна да се направи баланс на инвесициите. Другите земји тоа го имаат решено со различни проценти на оданочување спопред тежината и брзината на остварување на финасиските ефекти. Во овие прашања Македонија мора да спроведува длабоки и тешки реформи , ако сака да биде забележана од експертите на Европската унија, не е само во прашање усогласувањето на законите што се однесуваат на надворешната европска политика. За корупцијата, исто така како брз начин на богатење, да не зборуваме, таа е апсолвирана и се истакнува на прво место.  

Сепак, не треба да се помисли дека, поради големите профити на банките некој треба да го санкционира банкарскиот сектор. Напротив, нобеловецот Милтон Фридман би рекол: „Банкарскиот систем е од суштинско значење за функционирањето на економијата. Без стабилен банкарски систем нема стабилна економија.“

Прашањето што ги мачи македонските граѓани е нивното самоволие во поскапувањето на нивните услуги, на провизиите за плаќањата за користењето на банкарските инструменти.  

Во Македонија работат 13 банки: 12 комерцијални банки и една државна развојна банка. Банкарскиот сектор е претежно во странска сопственост – 9 од 13 банки имаат доминантен странски капитал, кој учествува со околу три четвртини од вкупната актива на банкарскиот систем.

Интересно е што, иако поголемиот број банки се во странска сопственост, домашните банки, особено Комерцијална банка, и понатаму имаат значаен удел на пазарот.

Навидум, има доволно играчи за конкуренција, а во практиката, монополко покачување на улугите.  Гувернерот неодамна предупреди, да не речеме ги замоли банките да не ги поскапуваат своите услуги, но тоа беше неубедливо.  Единствно вистинска регулација на цените е пазарната конкуренција. Некои велат дека во земјава има дури и малку виситнски банки од големите банкарски синџири, но прашање е пак колку се тие заинтересирани за нас, како мала и неатркативна земја со мал финасиски капацитет.