Биомасата е обновлив извор на енергија. Ако почнеме со дефиниции, стручните објаснувања може да звучат сувопарно.

Шокантен е фактот дека со многу малку загадување можеме да произведеме многу енергија и да ја искористиме за потребите на цивилизацијата.

Жител на Финска својот автомобил „Saab 99 s“ го вози на дрвен гас. Интересна е глетката да се види како убав стар „Saab“ влече приколка зад себе, во која има бојлер што личи на „котел“ за правење ракија. Откако дознав за биомасата, сфатив дека се работи за пиролитички котел на приколка со чија помош автомобилот стартува.

Пиролитичкиот котел е еден вид генератор што согорува дрво. Со вметнување на било какво дрво, брикети, пелети, согорувањето се одвива без присуство на кислород. Целиот процес започнува на околу 650 степени Целзиусови, што доведува до сува дестилација на дрвото, ослободувајќи јаглерод моноксид, азот, метан, водород и вода. Оваа мешавина на гасови е експлозивна и се пали во моторот на автомобилот. На овој начин, силата на моторот е нешто помала, но доволно е да се соберат гранките коишто ветрот ги сруши и ги скрши од дрвјата на паркингот, со што се полни резервоарот. 

SAAB со пиролитички котел

Господинот со „Сааб“ е само еден од примерите. Тројца момци од Шведска направија стилски поубав автомобил без таа приколка и го обоија во хипи бои, што не е од никакво значење, но визуелно изгледа убаво. Тие ставиле генератор на автомобилот и цо него ја обиколија цела Шведска.

Вложија многу труд и работа, но поминаа 5.420 километри за дваесет дена со потрошувачка од еден кубен метар дрва на 1.000 километри и со максимална брзина од 90 километри на час. Сепак, колку и да е ова фасцинантно, технологијата за која станува збор не е нова. Постојат записи дека еден сопственик на ковачница во Англија уште во 1840-тите, ја движел својата печка на дрвен гас т.е. со процес на сува дестилација на дрво.

Поентата е дека оваа технологија е стара повеќе од 100 години, но некако беше „заборавена“ некое време. Информација која  е речиси сосема непозната  е дека за време на Втората светска војна, во отсуство на бензин, имало автомобили, автобуси и трактори кои работеле на плин од дрва. Во Германија, но и низ цела Европа за време на воените години имало половина милион такви возила.

Користење на биомаса за производство на електрична енергија

Биомасата е дефинитивно поевтин извор на енергија од кое било фосилно гориво и ја има насекаде околу нас. Еве на пример како пченицата може да се претвори во електрична енергија. При жетвата, комбањот ја дели пченицата од сламата. Сламата се балира и се користи за добиточна храна, но може да се користи и за гориво.

Сламата, која е само еден пример за биомаса, се согорува во котелот на термоцентралата, топлината што се ослободува ја загрева водата што се движи низ цевките во котелот, водата се претвора во водена пареа што ја придвижува парната турбина под притисок, а таа го придвижува генераторот во кој се произведува електрична енергија. Кога стручњаците ќе ви го објаснат тоа, навистина изгледа толку едноставно што е нејасно зошто сиот овој потенцијал не се користи.

Одредени компании произведуваат котли кои функционираат на принцип на пиролитички котел, но тој засега се користи само за затоплување на мал процент од домаќинствата. Постојат и објаснувања кои зборуваат за големо ослободување на јаглерод диоксид при овие процеси, а некои стручњаци се на мислење дека согорувањето на биомасата е штетно.

Меѓутоа, остатоците од дрвјата или растенијата кои би се користеле како биомаса, користат јаглерод диоксид додека растат, процесот на согорување го ослободува истиот јаглерод диоксид, кој ќе го користат новите растенија за да растат. Во исто време, гниењето на биомасата би ослободило исто количество јаглерод диоксид.

Оттука се наметнува и прашањето: Зарем не е подобро во термоцентралите да го запалиме целиот отпад од растенија и дрвја и да добиеме енергија, отколку да ги согоруваме на полињата - што треба да се забрани. Бидејќи така се создаваат озонски дупки затоа што секогаш во огнот на траповите се додаваат и гуми кои повеќе не ни се потребни, што го прави чадот уште погуст.

Потенцијалот на Србија во користењето на биомасата

Само Војводина и Стиг сочинуваат голема површина обработливо земјиште а со самото тоа растителните остатоци од различни култури (слама, семки од плодови, тулуси, кора од дрвја, стебленца), претставуваат неискористен потенцијал за греење на домаќинствата и производство на различни видови потребната енергија.

Има примери на реализирани проекти во Србија, како што е малата термоцентрала од биомаса во село Драгичица кај Чачак, која може да снабдува со енергија околу 40 домаќинства. Друг пример е биогасната централа во Блаце. Во податоците на таа постројка пишува: биогасна постројка од млечно кравјо ѓубриво, силажа од пченка и сурутка.

Фабриката произведува 1 MWh електрична енергија и 1,2 MWh топлинска енергија. Вредноста на проектот е над два милиони евра. Во Србија има повеќе такви примери, како што се фабриките кои решиле нивните котли за производство да функционираат на цврста биомаса наместо на мазут. Нивните коментари се дека проектот бил скап, но дека ќе се исплати за една година.

Биомасата е и животински измет, врз основа на кој во Тетово, кај нас во Македонија, минатата година почнаа да градат термоцентрала која ќе произведува струја од измет од пилешко, т.е. на пилешко ѓубриво, поубаво кажано, и произведената струја ќе ја снабдува истата таа фарма. Отпадот од парковите и улиците на големите градови може да се користи и како биомаса.

Треба да се размислува за темата дека биомасата има потенцијал да стане дел од идниот енергетски систем во Србија, бидејќи на овој начин со навремено дефинирање мерки и активности би се намалила енергетската зависност и би се зголемила енергетската ефикасност на земјата во областа на производство на топлинска енергија, системот за централно греење, комбинираното производство на топлинска и електрична енергија во земјоделството и индустријата.

Производството на топлинска енергија од биомаса треба да стане примарна цел и затоа е неопходно, за да биде препознаено од сите светски финансиски институции, да се создаде акционен план кој ќе ги дефинира активностите, мерките и проектите и кој ќе ги вклучи сите потреби и можности.

Искуства

Светската асоцијација за биомаса ги користи искуствата стекнати во Шведска, Австрија и Германија, како и во Канада, со цел да се развие стратегија за ефикасно, одржливо и економски профитабилно користење на биомасата. На пример, ситуацијата во Војводина е таква што за пет до 10 години може да се постигне голем напредок во примената на биомасата, особено за производство на биоетанол и биометан, кои би биле подлога за производство на биогас.

Според проценките на Европската Унија и на сите земји во светот, се очекува зголемен пораст на цената на енергенсите, особено на фосилните. Затоа е потребно да се изгради алтернативен енергетски систем, кој исто така е поевтин. Да биде во чекор со новите технологии кога станува збор за производство на енергија од биомаса, треба да се имплементира поинаков енергетски систем кој ќе ја зголеми конкурентноста на економијата и на ниво на индивидуалниот буџет на домаќинствата ќе ги намали вкупните трошоци за енергијата што се користи.