Претставници на науката и образованието имаат општествена одговорност да дадат личен придонес во делот на глобализацијата, заклучија учесниците на академскиот собир во Битола.

„Чинот на глобализација на опкружувањето денеска е толку голем што ги афектира сите општествени и природни и институционални актери за тоа што се случува во светот. Оттука произлегува обврската на нас како професионалци или институции во областа на науката и образованието кои што имаме општествена одговорност, но исто така и академска компетенција, да го дадеме својот придонес во собирањето, споделувањето и обработувањето на научното знаење како придонес во светските придонеси во делот на глобализацијата“, истакна професорот Цветко Смилевски, претседател на програмскиот одбор.

Во панел дискусијата на конференција во Битола со свои излагања настапија Џерџ Хорва од Германија, Питер Одри од Унгарија, Николас Харису од Грција и Мерсел Биљали од Северна Македонија.

Научните трудови ќе бидат објавени во Зборник, информираа организаторите на меѓународнаа научна конференција за образованието и бизнисот во глобалните мегатрендови.

Научната конференција што ја реализира Бизнис Академија Смилевски годинава нуди 40 трудови кои ќе бидат презентирани во секции и на пленарниот дел од конференцијата. За тематскиот фокус заборувавме со проф. д-р Лидија Стефановска, претседател на организацискиот одбор.

Освен од Македонија, учесници има и од Германија, Унгарија, Коорганизаторот на годинешната конференција Универзитетот на Западна Македонија од Грција. Трудовите даваат ново светло на секојдневитет, потребите и насоките кон кои општествата се движат, сакале или не, а по завршувањето на конференцијата ќе бидат објавени во Зборник што ќе го издаде БАС:

„Голем дел од трудовите се однесуваат на зелената транзиција на дигитализацијата исто така на примената на вештачката интелигенција . Имаме една  посебна секција во која авторите пишуваат за различни теми така што оставивме простор и за нивно слободно изразување.“ 

Проф. Ѓерѓ  Хорват е родум од Србија, работи 20 години во Германија во Институтот за иновации и иновациски системи во Карлсруе.

,Индустрија 5.0  не значи дека роботи ќе ја копаат нивата, тоа е Роботика, во Индустриката 5.0 – ако се работи овде во овој регион како што е битола интересна е дигитализацијата во агро-бизнис областа.  Тоа значи дека, на пример, ако зборуваме за овој регион, фармерите кои произведуваат биопроизводи – здрава храна во иднина ќе можат не само да ја произведуваат таа здрава храна туку и на светот да му покажат дека тие ја поседуваат таа здрава храна. Е таа здрава храна е т.н „дигитализирана“ , и нивите и секој производ што ќе го продаваат. Па точно ќе се знае,на пример, ако јас во Германија купам некој производ од Битола јас ќе можам да знам преку тие дигитални можности кои ми се нудат, од каде дошол производот, кој го произвел, колку време бил на лагер, кога бил собран на нивата, со што бил третиран  што е едно од најважните теми на сегашноста, да не користиме затруена храна туку здрава храна, а се тоа зависи од тоа да се вратиме назад до фармерот и неговите информации. Тоа е невозможно без тие технологии“, вели тој. 

Приватната научна установа БАС Институт за менаџмент Битола која е основана на 10.11.2011 год. со одлука на основачите, на 07.12.2020 г. се трансформира во Фондација и со тоа го наследува и целокупниот интелектуален капитал. Решение од ЦРРСМ добива на 20.01.2021 година. Фондацијата БАС Институтот за менаџмент е основана од Цветко Смилевски и Цена Смилевска. Фондацијата има статус на правно лице и е непрофитна организација.