Во Mакедонија има 35 лиценцирани компании за брза испорака како даватели на потшенски услуги. 34 имаат општо овластување за обезбедување поштенски услуги и еден давател на универзална услуга - тоа е државната Пошта.  

Правните субјекти кога ќе го добијат општото овластување имаат јавно достапни цени достапни за корисниците на поштенските услуги, утврдени се активностите кои ги обезбедуваат како и остварување на правата на корисниците. 

Но, корисниците на овие услуги неретко се незадоволни од дел од компаниите кои не ја вршат одговорно својата работа. Најчестите забелешки се однесуваат на цената и времето на испорака на пратките. 

„Ако грѓаните не се задоволни од услугите имаат право да поднесат рекламација и проговор. Нјчести основи се губење на пратка, оштетување, пречекорување на рок на достава. Ние аплериаме дека треба да го користат правото на рекламација. Имаат право да поднесат рекламација во рок од 30 дена од приемот на пратката ако станува збор за домашниот поштенски сообраќај и 2 месеца за пратка која е обезбедена во рамки на меѓународен поштенски сообраќај. Ако се поминат овие рокови, тогаш корисниците не можат да го остварат правото на штета“, вели Билјана Аврамовска, директорка на Агенцијата за пошти. 

 

Агенцијата во 2021 година донесе регулаторни мерки каде ги задолжи компаниите за задолжително пополнување на адресницата. Тоа е харија која ја добиваат граѓаните кои треба да настојуваат да ја пополнуваат со податоци - не само на исраќачот туку и примачот. Потоа, да го остават бројот, да ја наведат услугата која ќе ја користат, дали е писмо или пакет, цената на поштенската улуга и дали поштарината ќе ја плќа успраќат или примачот. 

Во првата половина од 2023 година до Агенцијата за пошти се пристигнати 15 приговори по кои постапувала и по 2 управни приговори. 

„Корисниците успеваат да ги решат проблемите со давателите меѓусебно. Ако не се задоволни од одговорот по однос на рекламацијата или не добиле одговор во законскиот рок, може да поднесат претставка. Нашите надлежности се во рок од 15 дена од рекламацијата. Агенцијата постапува во непосредни контакти со корнсиците. Сите претставки се навремено решени. Агенцијата може да постапува ако се уште постои основ за постапување. 

Агенцијата за пошти покрива еден многу важен сегмент од нејзното работење а тоа е заштита на корисниците и нивните права. 

На 10 ноември,  Агенцијата за пошти ќе одбележи јубилеј од 15 години кога првите работени го засновале работниот однос. 

„ЕЛС“ постави рекорд од 203 000 пратки

Според официјалните податоци на Агенцијата за пошти за цела 2022 година, „ЕЛС“ е лидер во сите категории за национална брза пошта. 

Компанијата „ЕЛС“ неодамна го одбележа своето петгодишно постоење. Бизнисот е започнат во Скопје, за сега веќе да се прошири и функционира низ многу градови во државата со преку 30 канцеларии, 100 моторни возила и 160 вработени, кои секојдневно се грижат пратките успешно да се достават до клиентите. Она што „ЕКС“ ја разликува од останатите сродни компании е што нуди услуги и за експресни пратки, со брз и еколошки транспорт низ главниот град да стигнат за помалку од еден час.

Компанијата ги покрива сите поголеми градови со сопствени магацини односно подружници: Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Дебар, Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Струмица, Велес, Штип, Кочани, Делчево, Куманово, Ресен, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш.„ЕЛС“ има најголем процент на успешно доставени онлајн пратки. Компанијата е бонитетна и без долгови и кредити и бележи најбрз раст во регионoт со над 700%.