Белградскиот центар „Сава“ се здоби со статус на културно добро, соопшти Институтот за заштита на спомениците на културата на градот Белград.

Статусот на културното добро го предложи институтот, а го потврдила Владата на Србија.

Центарот Сава е еден од најуспешните и најизразените примери на модерна европска архитектура во 70-тите години на минатиот век и е најфункционалниот конгресно-хотелски, деловен и културен центар во Белград.

Комплексот е дело на архитектот Стојан Максимовиќ, кој ја доби Октомвриската награда на Град Белград за архитектура во 1977 година токму за овој проект.