Чет ботовите во последните неколку години се најпопуларни појави во современата технологија и феномен кој се очекува да го промени онлајн искуството на луѓето, а можеби и на интернетот.

Чет ботовите се компјутерски програми дизајнирани да симулираат разговор со друг човек на интернет. Можат да бидат интегрирани на веб сајтови, платформи за пораки и мобилни апликации за обезбедување на брзи и автоматизирани услуги за клиенти, со цел да извршуваат рутински задачи или да нудат информации. Чет ботовите, всушност се роботи, односно програми кои се базирани на вештачка интелигенција, преку кои добиваме перцепција дека се многу блиску на интелигентно ниво на човекот. Сепак, во суштина технички сме се’ уште далеку од тоа. Иако, во иднината е непредвидлива.

Тамара Димитрова од компанијата „Импала Рисрч“ посочува дека вештачката интелигенција е широка област во компјутерските науки, кои ги опфаќа сите овие различни програми, алгоритми математички операции, кои се случуваат како чадор на сето тоа. Тие вклучуваат различни алатки и методи.

„Потоа, доаѓа машинско учење, со внесување на технологија во ова област се нарекува машинско учење. Сите методи на кои се базираат на овие алгоритми кои ги гледате секојдневно што прават чуда се подмножество на вештачката интелигенција. Друга метода на машинското учење е длабоки невронски мрежи, кои се една од методите во машинското учење. На пример, кога сакаме да се раздвојат одредени категории - на студенти, вработени или невработени... Дел од алгоритмите кои се прават со методите се различни типови на продукти. За да се добие тој продукт потребна е човечка интелигенција во целата приказна и добиваме различни експертски системи и системи за препознавање на говор и други програми. Со цел да се стигне до некој експертски систем треба тој да се обучи. Зависи од податоците со кој ќе го изградиме системот. На крајот од денот, за да се стигне до некаква интелигенција или знаење или тој алгоритам и програм да функционира повторно ќе зависи од нас“, објаснува Димитрова.  

Според Димитрова, во моментот кога една вештачка интелигенција ќе стане свесна, ќе создаде вештачка интелигенција која е помоќна од неа, се’ додека не се достигне точката на сингуларност. Кога ќе дојде до тоа вештачката интелигенција би била помоќна од целата човечка интелигенција.

Сепак, напоменува дека колку и да се популарни чет ботовите, сепак имаат некакви граници. Тука ги наметнува прашањата - колку и со какви информации ги храниме, во кој домен постојат, дали се насочени кон одредена област и колку и какви информации имаат за светот околу нив.

Како се гради и како функционираат чет ботовите?

Чет ботовите можат да се користат како алатка, но, не и како замена за човековиот потенцијал. Секој програм претставува експертски систем, кој прима импут на почеток - некакво прашање од самиот корисник за да има процесирање, да се разбере контекстот со помош на менаџирање на дијалог и да даде одговор на формален или неформален начин. Димитрова објаснува дека има повеќе типови какви можат да бидат одговорите.

„Го даваме аутпутот, потоа имаме учење и подобрување на самиот програм. Тие се дизајнирани на еден начин, но може да се надградуваат со информации. Со појавата на чет ботовите може да се поместува линијата на тоа што не може да го направи. Може да дава базични информации за различни компании, на веб страни, да асистира во помош во насока на сообраќај, време, прогнози да дава предлози, да прави различни калкулации. Може да одговара и на комплексни прашања, може да има експертиза во одредени области, има доста голема ширина, ако е изградено со добри податоци. Може да пишува есеи, дури и да анализира текст. Сепак, она што се уште не е возможно - не може да одговара на прашања преку емоционална интелигенција, да дава совети за финансии или право, да дава медицински дијагнози, или да разбере од контекст сарказам и хумор“, посочува Димитрова.  

Етички дилеми

На интернетот, различни сензитивни информации се даваат од различни луѓе. Истите можат да бидат искористени и злоупотребени. Оние кои работат на технолошко право, не можат да ги предвидат сите овие работи кои технологијата ги прави како проблеми и од истите да се заштитат или некако да ги регулираат. Како што напоменува Димитрова, технологијата скока и има различни пикови во различни дејности и тешко е тие да се следат и регулираат предвремено.

„Приватноста е генерален проблем на интернетот. Но, во насока на чет ботовите, информацијата која може да се преземе може да биде лажна. Врз база на тоа со какви податоци е хранет за нешто да класифицира - ако е во конкретна дејност, повторно може да одведе некого во погрешна насока. Според начинот на кој им се поставуваат прашањата, има и насока во која ги даваат одговорите. За тоа кој е одговорен ако информациите не се точни или наведуваат го погрешна насока, тоа се уште не е јасно регулирано. Од друга страна, ако премногу се користи за добивање информација и знаења, може да ги затвори и луѓето за комуникација. Со сите овие скокови на технологијата и вештачката интелигенција, научниците прават полемики за иднината на работните места. Технологијата може да замени некои работни места но она што ќе се случи паралелно со тоа, технологијата ќе навлегува во животот“, смета Димитрова.