
Колку и да се трудиме да постигнеме некој позабележителeн еконмски раст, односно поголеми проценти на БДП, не можеме, затоа што силата на македонската економија е толкава колкава што ја форматира новиoт капиталистики систем на стопанисување. Почна со експресното разграбување на капиталот на големите гиганти, а продолжи со другите форми на уништување, како корупцијата, тендераштовото, непотизмот итн. што законски, што незаконски, ладнокрвно, без да се има и малку чувство за судбината и животот на обичниот човек и без да се мисли на македонскиот БДП на долг рок. Или, што би рекол „простиот народ“ – колава ти е фурната, толку леб можеш да испечеш. Затоа сега нема гордост во празните џебови, нема кој, каде и во што да пече толку леб колку што ни треба. Се надеваме на имигрантите!
Да, се отворија нови приватни, но многу помали од нашите гиганти кои апсорбираа многу поголем процент од работоспособното население отколку сегашниве, а за условите за работа и за висината на платитие да не правиме муабет, со многу мали исклучоци.
Затоа тој процент на раст не може да биде повисок од 3-4 проценти, што воопшто и не се чувствува во животот на граѓаните. Смисла во фалбата за некави големи проценти на економски раст има само ако тоа се почувствува во куповната моќ на населението, чие трошење би тебало да биде најголема ставка во домашниот бруто производ.
Со вакви стапки на раст можеме да се надеваме дека двојно ќе ни се зголеат реалните примањата, под услов да нема инфлација, дури по 35 години. А, инфлација не може да нема, па за да ни се зголеми стандардот двојно, ќе треба да почекаме 70 години. Фалбите дека само што не процветале бандерите, се фатаморгана.
Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), номиналниот (без корекција на инфлацијата) БДП на Македонија за 2025 година изнесува околу 18.78 милијарди долари.
За споредба, холандскиот номинален БДП за 2025 година е проектиран на околу илјада и 320 милијарди американски долари.
За Белгија, чија површина не е многу поголема од нашата (30.528 km²), во која живеат над единаесет милион жители, БДП за ланската година изнесува 716.98 милијарди долари.
Бруто домашниот производ значи производство на добра и услуги, односно нивно уновчување, инвестиции, профит, постојано да се врти тој круг, а не да се легачи во јавната администрација и процентот на растот на БДП да се мери преку нивните плати.
Според проценките и јавните податоци, приближно 660 милиони евра (околу 40-45 милијарди денари) биле предвидени/планирани за плати во јавниот сектор во 2024 година. Иако нема официјален процент само за платите на државните службеници, според проценките на Светска банка и на другите анализи, околу 7,3 % од БДП се трошат на јавната администрација и на плати во јавниот сектор. Е, па, со вакви податоци нема напред. Да се фалиме со процентот на платите во БДП, а не со капитални инвестиции, е исто како да се фалиме дека маглата е волна за предење.
Прв доказ за нашиот хендикеп во однос на БДП е трговскиот дефицит, кој е константен, без надеж дека нешто ќе се подобри. Македонија наместо да создава вистински свој БДП, да произведува, да извезува, да троши пари, таа, со увозот, го троши и го стимулира БДП на странските земји од кои увезува и се’ помалку е конкурентна на локалниот пазар, а за светскиот „дума да нема“. Трудот на нашите исленици во странство исто така влегува во процентот на БДП на тие замји. Дали тука има основа за фалба. Сега македонското стопанство е безброј кругови, и технолошки и финансиски, заостанато зад големите производители и конкуренти што никнаа многу побрзо отколку што траат нашите домашни кавги и мудрости - кој поголема штета и направил на државата за времето на владењето на претходната влада. Така, странските инвестиртири ја изгубја довербата во нашите институции/државата, но тие што останаа се’ уште се најголемиот извозници со погодностите што им беа дадени во слободните трговски зони, со бенефиции од страна на нашата држава, преку подарок на земјиштето на 100 годишно стопанисување, плаќање придонеси на вработените од страна на државата, но и со тоа веќе не можеш да ги убедиш да останат кај нас. Сега фаќаат магла накај Бангладеш, Виетнам, Малезија, Тајланд, Мјанмар... земји што до пред некоја деценија беа мочуришта или гаѓани со напалн бомби. Според податоците од првиот квартал на 2025, странските директни инвестиции изнесувале околу 135,8 милиони евра, што е 58 % помалку отколку во истиот период од 2024 година.
Нема човек што не се прашува, дали има излез од оваа криза, која не попушта. Решенија не се бараат, односно се бараат во постојанотот задолжување од кое не’ боли главата, затоа што парите мора да се вратат, никој никому не простува, нема простување и репрограмирање.
Крајниот биланс за 2025 година ќе покаже дека македонскиот јавен долг, како процент од БДП во 2025, ќе порасне на околу 64 % од БДП или во реална сум изразено тоа се околу 8.3 – 9.6 милијарди евра, што е за една ваква економија рамно на кал до гуша.
Иако некои тврдат дека Македонија се’ уште не е во опасната зона на задолженост, погледот кон перспективата налага заклучок дека е високо задолжена земја со оглед на капацитетите, на можноста нешто да се порави во извозот и во враќањето на долговите.
Нашите институции се гледа дека се слаби за да понудат еден план и концепт како да се помрдне работата од мртвата точка. Каде е министерството за економија, кои му се надлежностите во ваква ситуација, или тоа се наоѓа само на менито за коалицоните поделби.
А замислете го сега животот на просечниот Норвежанец, Французин, Шпанец, Италијан, Швајцарец, Австирец, па мориња, па планини, па фројдови, па глечери, па крузери, па воздух, па триста чуда за кои ние можеме само да сонуваме. Нашите алишта се се’ поизлитени што веќе сите не’ гледаат со одвибност и со жалење, се уморија од убедување да смениме нешто. Така еден мал и тивок народ, чие образование намерно е уништено со цел да не верува во ништо, почна да верува во чуда како во Дедо Мраз. Младите во анкетие не знаат со кои држави се граничи нашава земја, а не да ја сфатат позицијата на актуелниов момент и да има ја дупнат топката на тие што ја шутираат бездушно, а не знаат да дадат гол.