Од заедничката соработка на Стопанската комора со вториот најголем универзитет во земјава - штипскиот „Гоце Делчев“ треба да произлезат конкретни активности и проекти кои ќе им помогнат на компаниите да се вклучат во процесите на подобро искористување на сите суровини, примена на поеколошки технологии, иновативни производи низ примена на концептот на зелена економија.

Целта е да се даде поголем придонес во градење на подобра и поквалитетна средина за сите граѓани, но истовремено и да се развива покомпетитивна индустријата во државата. 

„Научно-истражувачкиот центар кој што ќе биде оформен во нашите универзитет ќе работи на развивање, надградување и примена на нови методи за решавање на предходно адресираните проблеми во просесите на примена на циркуларната економија во реалните проблеми од индустријата. За таа цел, ние ќе ги зајакнемо нашите постојни лабораторијски капацитети со дополнителна научно-стражувачка опрема, на сецијализирани научно-стражувачки престои на постојниот кадер во рамки на центарот“, вели ректорот на УГД, Дејан Мираковски. 

Очекувањата на првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески се дека комората за 10 години како институција ќе биде мост на премостувањето и потребите на образованието и бизнисот како наминовни за развој на една економија. Преку овој чекор, вели Азески, се овозможуваат услови врската меѓу образованието и бизнисот да функционира беспрекорно.  

„Ако оваа криза не беше здравствената и енергетска, централно прашање на македонската економија ќе беше работната сила. Ние практично дојдеме до крајот на изцарпувањето на кадровскиот потенциал и немавме каде да одеме на понатака. Тука комората одигра изузетно, исклучително значајно улога со дуалниот систем на образование,во сите средни школи во Македонија. Тој процес сега ќе го продолжува и во високото образование. Проширувањето на овие наши активности кон универзитетите во Тетово, во Штип и во Битола, значи дека ја отвараме целата држава за тие процеси“, вели Азески.  

Тој напоменува дека Комората интензивно работи на поврзување со науката, со цел да се испорача конкретна поддршка за македонските компанији во нивните напори за воведување на нови технологии, иновација и зелената транзиција, како основа за поголема конкурентност на европскиот пазар. 

„Во изминатиот период започнавме со серија разговори со сите државни университети, работиме градење платформи и програми за да заедничката соработка преку конкретни чекори со цел науката да ја ставиме кон функција на бизнесот и развој на македонската економија. Почнуваме со концепти на циркуларна и зелена економија во Македонската економија и индустрија и да користат научни и стручни експертизи во делот на исполнувањето на меѓународните стандарди за заштита на животната средина. Изминатиот период обезбедивме техничка подршка за финансирање на инвестициски проекти на повеќе компании. Работиме со компаниите во делот на исполнувањето на нивниот извоз, нови пазари во нови дигитални решени во нивниот работење. Сега почнуваме со подршка на компаниите во делот на уведување на концептот на циркуларна економија“, рече Азески. 

Во рамки на Стопанската комора ќе функционира бизнес центар за циркуларна економија кој активно ќе работи заедно со компаниите и науката во земјата. Како претседател и на Балканската Асоцијација на Комори, Азески претходно покрена и инициативија за регистрирање на Регионален хаб за циркуларна и зелена економија, кој треба да биде водечка регионална институција во процесот на инклементирање на моделните концепти на циркуларна економија во бизнисот. 

Истражувањето објавено кон крајот на минатата година покажа дека штипскиот универзитет е најдигитализиран од сите универзитети во земјава.