Зборот „буџет“ секојдневно по сотици пати поминува низ огромниот број медиуми, па веќе на некои читатели/слушатели/гледачи им е здодевен, а голем дел од публиката, многу не се интересира за неговото значење и функционирање. Но, државниот буџет е една од најзначајните работи во економијата, тоа е као значењето на домашната фиока или сеф во кој се чуваат домашните пари и од кој секојдневно се вадат за разни потреби, што во последно време станаа мнгоу скапи, па во во таа фиока или сеф се помалку има за да се задоволат сите домашни потреби и тоа основните, да не зборуваме за некој луксуз или за шетање и штедење. Буџетот може да се спореди и со пчелното саќе кое пчелите секојднево го полнат со мед, како ние што го пониме државниот буџет со нашето секојдневно купување и со прераспределбата на нашите пари, според процентот на даноците, на придонестие, на тaксите итн, но поглоемиот дел од медот го јадат тие што не го заработуваат. Приходната страна, тешко се собира. Но, постои и расходната страна, која државата мора да ја задоволи, што е уште потешко, зашто е врзана со рокови, да им подели плата на сите вработени во администрацијата, на пензионерите, на социјалните случаи, на наставниците, на културата на образованието, на здравството итн и секој ден за секој проблем, и тие што им селдува и тие што не им следува, викаат „државата треба да даде“, а државата, во оваа смисла, е - БУЏЕТОТ.

Е тој буџет е мнгоу слатка работа за тие што го контролираат. Па затоа и најголемата борба и причина за освојување на власта е БУЏЕТОТ. Во Македонија и во земјите како Македонија, кои „и да ги нема на картата, светот би си врвел по својот пат“ (Ч. Милош), буџетот најмногу е познат како шанса за манипулација со народните пари што секојдневно се влеваат во него. Ние мислиме дека тие пари се мали, но кога тоа ќе се собере  од сите нас, за годинава ќе изнесува 5 МИЛИЈАРДИ И 300  МИЛИОНИ ЕВРА.

Македонската економско–партиска политика буџетот го доведе до НЕРАЗВОЈНО дереџе, со тоа што го направи само за задоволување на расходната страна која, според сите теории, особено според Маркса, е на товар на реалниот сектор, односно на производството и услугите, што значи дека од него само се троши, тие пари ги трошат тие што не ги заработиле, тие што имаат свое биро во некоја од државните згради, си седат во топло зиме и во ладно лете, имаат пауза од полоивна час, а таа често се протегнува на еден час, во бифе со сопствена исхрана, со синдикална поддршка на свински полутки, а резултатот од нивната работа е нефункционалноста на институциите на што ни укажува европската Унија, или во превод „нишај врата , земај плата“.  Деновивие излезе на социјалните мрежи еден твит во кој се влели дека некој „курназ-атанас“ бил вработен во јавно претпријатие во Прилеп, а си заминал да работи во Хрватска, додуша добил кривична пријава. Во другиот случај: „во едно јавно претпријатие во Скопје  петмина, вработени по договор, не само што не оделе на  работа, туку заминале во странство и таму работат, а нивен пријател им ги отчукувал картичките секој ден на доаѓање и заминување од работа. За оваа услуга овие петмина му давале по 100 евра секој месец на другарот кој им го евидентира наводното нивно присуство и тоа од платата која овде им тече додека тие си работат во странство. Човеков со нивните 500 евра и неговата плата заработува речиси 1000 евра и  за него ова е полна капа бидејќи за некоја година ке замине во пензија . За овој случај знаеле  многумина во претпријатето, но никој не реагира“, пишува  во постот на Фејсбук. Да ви кажам отворено, потполно му верувам на овој текст, зашто имам видено дека во јавните институции има едно јадро вработени (околу10%) што го носи товарот на работата, а другите се леви сметала одучени од работа и никош дома неотидени со испотена кошула. Напротив се дотерани и намирисани. Е за нив, за нивните плати, ние идната година мораме да „собереме“ арач од 567 милиони евра за да им овозможиме надмено да го занемарат секој граѓанин извалкан од својата вистинска, тешка, работа.

Опозицијата тврди дека директорите на јавните претпријатија земаат и по 4 000 евра плата, а највисока цифра што ја прочитав деновивие е платата на директоот на М-НАВ - 5 500 евра месечно. Дали е можно. Додуша М-НАФ има и свои приходи, но сепак е државна фирма која служи за награда на паритските кадри со високи заслуги и за место во оваа „фирма“, далеку од очите на јавноста,  се водат тешки политички борби за пополнување со кадар.  Што не иде, не иде!

Вкупниот број на целиот јавен сектор изнесува околу 130 илјади души кои пчеличките во реалниот сектор ги ранат со својот труд, во произдовдството, на нивите, во погоните, во шивачниците, во железаријата, маслосани, поцрнети, во рудниците, во сервисите со рацете во маст до лактови и со црно под ноктите. Оваа држава тоа не го забележува и не сака да го смени откао е осамостоена до ден денешен. Никој не се осудува на ја смени таа структура од полтички страв, од незнаење и неумеење, но и од немар. Никој не сака да пеземе одговорност за структурните промени во кои треба да се отпуштат голем број од чиновниците/бирократи, а нивите запустни, непосеани, исушени, неискосени... Прошетајте по Очеполието ќе видите дека не претерувам. Се разбира дека невозможно е за краток временски период да се намали таа администрација. Ниедно семејство не би требало да се остави гладно, но со ваква политика огромен број деца во државава се гладни. Лебот им го јадат џаболебарите во администрацијата и манипулациите со јавните набавки преку буџетот. Што мислите, дали е случајно што скринингот почна со поглавјето 5 што се однесува на јавните набавки?    

Не треба да сте многу стручен за да ја сфатите несручноста на македонската администрација. Само споредете ги бројките за капиталните инвестиции и нивната реализација. Премиерот сам призна дека тие пари, при секој ребаланс на буџетот добиваат прекоманда за други потреби, затоа што НЕМА ПРОЕКТИ. Ова е уште еден доказ дека држаните институции се легло на мизливци, некреативци, нестручни и неспособни, кои не се замараат со проблемите на граѓаните. Од државните институции повеќе ќе слушнете за љубовни афери, отколку за нов проект.     

Но, бидејќи парите од буџетот не се доволни да ги покријат барањата за плати, за лукзусни возила, за нов мебел во една од најсиромашните држави во светот, државата се задолжува и нејзиниот долг догодина ќе се искачи на над 8,5 милијарди евра што ќе биде 64,4 проценти од БДП, што е влегување во црвена зона на задолженост, со опасност од неможност за враќање на долговите.  Проектиран е раст на економијата од 2,9 проценти, што е многу мал и инфлација од 7,1 процени, што е неверојатно оптимистички.

Откако сме тргнати на патот за ЕУ, сите забелешки, на сите релевантни фактори од таа страна не „пејат“ и не „чатат“ да го намалиме бројот на вработени во администрацијата, да престане вработувањето неуспешни водителки, недоветни, некадарни, неинтелигентни, неуки и неписмени, да ги извадиме на површина илјадниците агенции кои не служат за ништо, а вработуваат, на кои никој и не им ги знае адресите, да престане недоаѓањето на работа, а примање плата. Тогаш црните бројки на нашиот буџет можеби ќе почнат да белеат, па ќе имаме право да се надеваме дека за 40 години, ќе можеме да го почувстуваме растот на животниот стандард. Додека се движиме со проценти на раст од 2-3 насто, само ќе сонуваме за подобар живот.