Има уште една латинска сентенца, која многу личи на скопскиот дел од пеколот, а тоа е „Omnes viae ad Romam“ (Сите патишта водат кон Рим), сите патишта водат во Скопје.

Има некои што ја разбираат подлабоката смисла на овие зборови, но ја игнорираат, но таквите се малку, а најголемиот број – слабо разбираат. Главната цел на внатрешната миграција е - Скопје.

Дека работата е „утната“ со населувањето на Скопје и со целата економска и административна активност се знае и никогаш веќе нема да се исправи. Никој веќе не сака да се врати таму од кај што дошол. Светлината на големит град не може да се спореди со темнината на македонската провинција, како што не може да се споредат шумите, тревата, воздухот на иселените места со сличните услови во Скопје.

Слободно можеме да речеме дека Скопје со навaлицата доживеа голема смена на населениоето со провинциската „докапитализација“ на луѓе меѓу кои скопскиот менталитет културата навикте, начинот, шмекот тотално ги однесоа ветриштата на провинцијализмот, дивите навики и некултурата. Сите што дојдоа го донесоа својот наин на однесување и на „селски фазони“, настојувајќи да ги инсталираат како трендови и модели на однесување, не знаејќи дека од тие маргинални навики Скопје и Скопјани се имаат ослободено уште пред 100 години.

Прво, Скопје беше убав град, со јасна ориентација во модерен ситл во урбанизмот и во архитектуата. Второ во 70тите и 80тите Скопје доживеа голем процут на културно поле, во музиката во театарот, се појавија нашите најпознати бендови, театарски претстави, режисери, стандардот ни овозможуваше да прошетаме по странство Италија, Франција, Англија и од таму, сакале – не сакале  да донесеме барем зрнце од таа култура и потсвесно да ја инсталираме во нашето однесување на домашен терен, на домашните улици, како манири, кои, ако еднаш си ги вкусил  и ти се бендисале, не можеш од нив да се „отарасиш“.  Тогаш Скопје речиси еднакво партиципираше во југословенската култура и сцена, па и спортска, сега го нема никаде. ФК Варадар, на пример, никој не знае во која лига е!?

Сето тоа се урна со напливот на луѓе од разни страни, не велам „сељаци“, на кои таквиот скопски шмек им се виде елитистички и тие по секоја цена се заангажираа да го урнат тој „елитиаам“ и Скопје да го симнат на ниво на касаба, на планечка матрица, им се виде голем, надвладеа љубомората кон нешто што е убаво и понапред - да се врати назад да се плесне во калта, да не личи веќе на Европа туку да личи на навиките што ги носиме од нашите долови. Така, во Скопје, веќе никој не дава предност во сообраќајот, иако според знакот нема предност, никој не паркира правилно,  веќе никој никому не му се обраќа на Вие, ни на доктор ни на поп, камо ли на обичен гаѓанин, дури се стекнува впечаток дека ѓубрето намерно се фрла на улица и покрај контејнерите, како тие да се пречка на патот кон нашата градска навика. Нема веќе насмевка и љубезност од портирите во институциите, нема шега на кафеанска маса со друга маса, каква што имаше порано, нема веќе спонтан муабет со непознат човек на тротоар со кого некоја случајност ве поттикнала на муабет, нема веќе договор меѓу соседите за некои комшиски потреби, прашања и , се’ е тоа на „дур“. Не само што се наполни, Скопје се празни и се полни со дневна плима од околните градови, Скопје има 300 илјаиди празни станови, се вложува во недвижнини и тоа масовно во Скопје, помал е интересот за Охрид и за другите поголеми градови, всушност сите купуват во Скопје. Скопје веќе не наликува на град што ѝ се радува на Нова година,

Вратите се заклучуваат редовно, стана автоматизам, не само во становите, туку и дворните влезни врати на куќите, а порано се беше скопско комшиско отворено и солидарно.

Да се живее во провинција е многу тешко, разликата со метрополите е огромна, иако не се работи за некоја голема географска оддалеченост. Но, паланечкиот начин е убиствен! Тоа го тврди и српскиот филозоф Радомир Константиновиќ во своето големо дело „Философија паланке“ („Философија на паланката“) во кое тој вели дека „нема свет надвор од паланката“, значи се мора да биде просто, заостанато така како што е во планката. „Не смее да има преобразба, треба да се препушти на тоа што е. Тоа е затворен свет во кој паланчанецот не се согласува да се види себеси како субјект, туку како негов објект. Ако паланчанецот се признае себеси како субјект со тоа паланката би била загрозена, таму кај што сум јас субјект, светот не може да биде субјект.“

Да се биде во планката, значи да се биде во нејзината волја во конкретен стил , но тоа е стилот на повторување на вчерашноста. Другите што го имаат напуштено тој свет се казнети, се тема на потсмев. Тие што ќе се обидат да имитраат некој моден тренд, се исмевани и добиваат грди прекари, затоа модата и другие новитети во однесувањето и манирите во провинцијата стигнуваат многу доцна, дури со децени подоцна.

Работа е што такво нешто му се заканува на Скопје. Речиси во секое маало веќе се чувствува палнечката малограѓанштина, доминира дијалектот и тоа упорно и намерно како инает на скопскиот жаргон.       

За да бидеш римјанин треба да живееш римски!

Не е важно од каде си за да се кажеш дека си скопјанец и не е важно од кога живееш, важно е да живееш скопски, така нема да имаш проблем да те прифатат старите скопјани кои во Скопје или се од седмо колено или живеат повеќе од 60 години и со тоа го имаат правото на „сертификат“ дека се скопјани.

Но, ајде да не бидеме толку строги. Затоа, не е важно кога си дојден во Скопје, важно е дали се однесуваш како скопјанец, инаку ќе бидеш исложен секогаш на презир на скопјаните.

Во Скопје има дојденци и од порано, ако не го прифатиш Скопје со својата култура, остануваш на неговите маргини, секогаш со налепница препознатлива оддалеку, а тоа не е мала навреда што човек може да си ја залепи самиот себеси.