Голем број наши граѓани имаат заштеди во долари. Искуството во последниве децении не учи дека доларот прави големи вредносни скокови, па чаршиските менувачи често знаат на шега да го наречет „долар будала“, „каубоец“ итн... Затоа, доларот секогаш треба да се има „под контрола“ и да се демне моментот кога тој да се семни во некоја постабилна валута.   

Тие што имаат заштеди во долари, а што не ја искористија шансата пред неколку месеци, кога имаше висока цена на берзата на пари, да ги конвертираат во друга валута, ќе почекаат долг период за да ја достигне таа вредност од 60 – 61 денар, зашто американската валута сега е во пад. Но, тоа не значи дека доларот ќе ја изгуби својата сила во меѓународните плаќања, како што прогнозираат некои и како што се надеваат.

Уште е доларот доминантна валута!

Најголемата светска економија, американската, може да печати пари колку што сака. Доларот е најраспространетата резервна валута во светот и доминира во глобалната трговија. Колку и Саудиска Арабија и Кина да се воздржуваат и да негодуваат, нафтата се уште се продава и купува во долари. И не само нафтата, туку и поголемиот дел од „главната“ стока. Доларот можете да го замените за локалната валута, дури и во најзафрлените и најзаостатнатитие места на планетава, во кои ретко кој знае како се вика кинеската валута.    

Приказната за дедоларизација, демек за негово симнување од тронот, е могу неуверлива и личи на некоја песна од неодамнешната Евроцвизија.

„Поттикнати од стравот од американските снакции, Русија и Кина ги зголемуваат напорите за трговија со јуанот меѓу себе и со партнерите, а земјите од БРИЦС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) ја разгледуваат можноста за некоја нова заедничка валута“, пишуваат светските стручни медиуми.  

Што значи „дедоларизција“

Зборот дедоларизација влезе во отек по воведувањето на санкциите притв Русија, како казна за нејзината агресија врз Украина и по ограничувњето на цената на нејзината на нафта на 60 долари за барел, но, исто така, со брзиот и незапирлив раст на кинеската и индиската економија. Дедоларизацијата се однесува на настојувањето на земјите да се ослободат од зависноста од доларот, ако не целосно, барем делумно, со користење на друга валута за подмирување на прекуграничната трговија или со дивезификација на резервите од долари и свртување накај златото, кон кинескиот јуан или кон биткоинот.

Тоа не значи дека доларот станува помалку витален за економијата на тие земји, или дека неговото владеење завршено, особено кога Федералните резерви на САД ќе решат да ја зголемат каматната стапка! По таа одлука, на целиот свет му „течат лиги“.   

Зголемено користење на кинескиот јуан

Голем дела од вниманието во моментов го привлекува Русија која го има зголемено користењето на јуанот за да им се спротивстави на сеопфатните санкции, воведени од страна на западните земји. По руската инвазија на Украина (22.02.2022), Групата Г7 возврати со низа казнени економски мерки. Тоа ја задуши руската економија и ја присили Москва брзо да бара алтернатива и за доларот и за еврото.  Русите беа и се присилени на „дедоларизација“, но и на „деевроизација“ на својата трговија.  

„Постојат докази дека, посебно Русија, се повеќе го користи јуанот, а исто така е јасно дека Кинезите и другите бараат можност за проширување на употребата на јуанот во трговските договори.

Како дел од кинеснките настојувања да ја интернационализира својата валута, не само во Русија, туку и во Саудиска Арабија, Бангладеш, Индија, Аргентина Бразил, Пакистан, Ирак и Боливија, Кина веќе имаат тргувано со јуанот или имаат изразено желба да тргуваат. Но, парадоксот да биде поголем, надворешната трговија со јуанот е само мал дел од работите кои главно се прават во долари или во евра. Напуштањето на доларот на Кина и е важно, зашто, со оглед на сегашната геополитичка клима, Пекинг се надева дека намалувањето на нејзината зависност од доларот ќе и помогне да делува како тампон против заканата од американските санкции. Ни видните кинески економисти не веруваат дека на глобално ниво доларот може да биде заменет како меѓународна валута на плаќање!

Во сегашниве услови користењето на јуанот како средство за размена за многу земји е од немајкаде. Тие мораат да се свртат кон јуанот или кон други валути, затоа што не можат да дојдат до доларот. Аргентина, на пример, најави дека ќе го користи јуанот за да купува кинеска стока, а се бори со се помалите резерви на долари.

Борбата за просторот не од вчера

Обидите на Кина сопствената валута да ја интернационализира датираат од многу поодамна, барем од глобалната финансиска криза од 2008 година кога американските банки престанаа да даваат кредити. Тогаш  Пакинг остана на цедило. Оттогаш Кина почна да работи на изградба на својата отпорност и на проширување на употребата на јуанот во меѓународната трговија, вклучувајќи склопување низа билатерални валутни swap- договори со воспоставување на Прекуграничниот  меѓубанкарски платен систем  (CIPS).  

Уделот на јуанот е мал во однос на доларот

Напорите на Кина да издејствува доманинација на својата валута над американската не можат да ја загрозат доманацијата на доалрот во скоро време, сметаат видни економисти, иако јуанот се повеќе се користи во плаќањата во билатералната трговија. Долготрајните напори на Кина да ја прошири употребата на јуанот, не оставија некоја голема трага. Во март доларот учестуваше со 41,7 проценти во глобалните плаќања, во споредба со 2,4 проценти за јуанот. Ова е според податоците на Друштвото за светските  меѓународни финансиска телекомуникации.

Минатата година, пак, 58% од светските девизни резерви се чувале во долари, во споредба со само 2,7 проценти во кинескиот јуан.

Тешко е да се заемни доларот, ако нема слободна конвертибилност, што сериозно ја ограничува меѓународната привлечност на јуанот.

„Пекинг ќе продолжи да се бори, но нема да успее“, велат економиститие. Јуанот не е конверибилен, владата ги контролира тековите на капиталот, па дури и манипулира со неговата вреднсот. Но, Кина се уште сака да продава во САД и во Европа, па така нејзината економија не може да биде урамнотежена без официјален извоз.

На домашната курсна листа кинескиот јуан чини 8,12 денари. Се разбира дека ако една домашна фирма купува некаква стока од Кина - ќе купи јуани, но ако извезува - прашање е дали ќе прифати плаќање во јуани или во долари или во евра, ако сака тие пари да ги потроши за нешто што потекнува од евро-зоната или од таму кај што се плаќа со долари. На крај, кој од граѓаните штеди во јуани?