Глобализацијата не е завршена, а нема и да заврши и покрај сите препреки што и стојат на патот, како агресијата на Русија врз Украина, климатские промени, натпреварот чија валута да биде доминантна, итн. Ќе се најдат алтернативни патишта за економска соработа (голем дел се веќе пробиени), но ќе чинат поскапо. Тука се мисли на патот на гасот, на нафтата, на суровините и на готовите стоки.

Едноставно, пандемијата и „Украина“ го измести мирнодопскиот концепт на светската економија, кој „живееше“ 80тина години, од крајот на Втората светска војна досега. Сепак, глобализацијата е навлезена во својот повисок степен и само некаква катаклизма може да ја врати на сепартниот концепт, а тоа е: „сами сме си доволни на себеси“!  

Во овој нов контекст теба да се гледа и присуството на странските компании во Македонија, и досегашните и идните што доаѓаат и имаат договор за градба на Делови од нашите патни коридори. Се разбира дека ако е се’ правнички чисто.  

Втора актуелна работа што укажува на тоа дека и Македонија не е одмината од глобализацијата е иселувањето на нејзините работници или кадри и скорешниот увоз на работна слила од земјите што се спомнуваат во некои анализи на разни „Фајнанс тинкови“ - Таџикистан, Индија, Куба, Бангладеш, Кина и Русија. Само закоравените, конзервативни, економски аналитичари нема да признаат дека глобализацијата води до конкуренција, а конкуренцијата до повисоки резултати, исто како во спортот. Истото се случува и на полето на работната сила како дел од инпутот во производството.

Во светот, во кој Ковид-пандемијата и продлабочувањето на американското ривалство со Кина ги пореметија снабвуачките вериги, многу компании почнаа да набавуваат стока од својата блиска околина. Но, тоа не значи дека е дојден крајот на глобализацијата.   

Иако американско-кинеското ривалство може да ги измести глобалните еконосмки аранжмани, тие сигурно не навестуваат остар пад во меѓузависноста на човековиот фактор.

Гловализацијата во поголем дел ја покренуваат технолошките промени кои го намалуваат, или го елиминираат факторот – „далечина“.

Второ, климатските промени и миграциите отсекогаш ги придвижувале процесите на мешање на населението и на капиталот, потаоа болестите за кои немало лек. Чумата потекннува од Азија, но има усмртено една третина од европката популација во првата половина на 14 век.  

Походот на Александар Македонски кон Истокот, чие царство се протегало на три континенти, исто така значи мешање на народите, на културите и на економиите.   

Освен тоа, големите религии исто така се ширеле на различни континенти како облик на социо-културна глобализација. Тоа значи дека светската глобализација не е почната во некое ново време и не е само на економски план, туку и на културолошки и на верски.

Во поново време, фокусот е насочен кон економската глобализација:  на меѓународниот протек на стоката, на услугите, на капиталот, на технолигијата и на информациите. Технолошките промени денешната економска глобализација ја прават побрза и погуста. Патот на свилата ги поврзувал Азија и Европа во средниот век, но не бил ни сличен на огромниот промет на бродови што превезуваат контејнери, а камоли комуникацијата преку нитернетот, кој во моментот ги поврзува континентите.         

Уште пред Првата светска војна (1914) имаше висок степен на глобална меѓузависност, вклучувајќи го прометот на стоки, луѓе и услуги. Постоеше и нееднаквост, зашто ползата од економската глобализација беше  нерамноправно распоредена. Но, економската  меѓузависност не ги спречи главните трговски партнери да се борат едни против други (затоа таа војна луѓето ја нарекоа „Големата војна“). По тие 4 години уништување, глобалната економска меѓузависност нагло се има намалено. Светската трговија и вложувањата не се вратија на нивото од 1914 до 1960, значи 46 години, а тоа е речиси поливина век.   

Може ли оваа ситуација да се повтори?

Може, ако Америка и Русија или Кина го изгубат паметот и завојуваат меѓу себе. Но, и такви големи премрежја можат само да ја забават глобализацијата, но не можат сосем да ја елиминираат. На пример, глобалната трговија со стоки и услуги почна да се враќа на „голема врата“ по големиот пад, предизвикан од ковидот во 2020 година, иако сите подрачја не се опоравуваа еднакво  со иста брзина.    

Дури и ако геополитичката конкурентност во значителна мерка ја намали економската глобализација, светот би останал високо меѓусебно зависен. Пандемијата и климатските промени ги почитуваат законите на биологијата и на физиката, а не на политиката. Ниедна држава не може сама да ги реши своите проблеми. Стакленичките гасови испуштени во Кина можат да доведат до покачување на нивото на морето и на пореметување на временските прилики во САД и Европа и обратно.

Глобализацијата во поголем дел ја движат технолошките промени што го намалуваат значењето на далечината. Тоа нема да се семни. Глобализацијата не е завршена. Можеби само ќе се измени нејзиното тежиште.   

Како и да е, Македонија нема да остане, и да сака, на маргините на глобалзиацијата или неглобализирана. Секоја присутност на некој светски бренд значи земање дел од нејзината „економска независност“, но и секоја емиграцина на нејзините фирми е дел од таа глобалзиација и тоа во овој контекст не е проблем - натаму се движи светот.

Проблем е институционалната дијагноза на Макеоднија. Таа, како систем речиси не постои, сите се жалат на сите институции, на непринципиелнито однос, на непофесиналноста, на нестручноста, на политичката внатрешна нестабилност од која капиталот бега и во контекстот на глобализацијата менува локација и географската цел, па ја заобиколува.

Тоа Македонија ја става на маргините на глобалните процеси. Многу земји кои беа светлосни години назад, кога бевме во составот на Југославија, покажаа брзина и флексибилност во организирањето на државата. Ние се уште се бориме кој да биде министер во завинсот од бројот на коалиционите партнери во власта.

Продуктивноста во нашата администрација е речиси на нула, па оттаму големата недоверба кога ќе дојдат големи проекти како изградбата на патиштата на коридорите 8 и 10, нетранспаретноста итн. Од тоа нас треба да не боли главата, а не од глобализацијата. Движењето на народите на работната сила може да донесе и поучни работи, треба да се зголеми продуктивноста во АДМНИСТРАЦИЈАТА која е главен фактор, не само за општествениот, туку и за еконмскиот развој. Администрацијата не е само општествена категорија, туку и длабоко економска, која во Македонија е шајка во гумата на тркалото, ти возиш таа издушува.