До каде се младите со дигиталните вештини и дигиталната писменост? Во едно оштество, се' се базира на три сегменти: граѓани, влада и приватен сектор. Во денешно време не може да се зборува за високо дигитални вештини на граѓаните, доколку тие дигитални вештини нема каде да се искористат. Едноставно, не можеме како општество да ги искористиме сите придобивки.
А според проф. д-р. Никица Мојсоска-Блажевски, која е извршна директорка на „Македонија 2025“, дигиталните вештини се клучна алатка и за намалување на корупцијата. На начин што дигитализацијата може да доведе да се нема директен контакт со јавната администрација и да олесни барем дел од товарот на подмитување и корупција.

Истражувањето на „Македонија 2025“ ги покажува колку се дигитални граѓаните и дигитално зрели компаниите во Македонија. Сублимираните резултати покажуваат дека граѓаните немаат високо ниво на дигитални вештини, компаниите не се дигитално зрели, но, младите каскаат и заостануваат зад своите врсници од регионот и Европа.
Во ЕУ, постои една дигитална рамка на вештини во која се утврдуваат нивоата на дигитални вештини. Поделени се во пет области, информации и писменост за работа со податоци, комуникација и соработка, создавање на дигитален контекст, дали знаеме да се заштитиме на интернет и дали имате проблеми во пронаоѓање на интернет.
„Во Македонија, само една третина од популацијата има основно ниво на дигитални вештини, додека во ЕУ земјите тој процент изнесува 54 насто. Зад нас се БиХ, Бугарија и Албанија. И младите заостануваат. Подобра е ситуацијата во однос на целата популација во Македонија, но, недоволна за да ги промени состојбите. Треба да има разни иницијативи од Влада, до приватен сектор, да се промени ситуацијата. Кога имаме добро ниво на дигитални вештини, тоа значи дека и подобри компании ќе доаѓаат да инвестираат, нашите компании структурно ќе се сменат, нема да доминира текстилот или металната индустрија, туку ќе имаме повисоко технолошки индустрии и со тоа ќе имаме повисоки плати и повисок стандард“, објаснува Мојсоска-Блажевски.

Истражувањето покажува дека најдобри вештини младите имаат за безбедност при користење на интернет и решавање на проблеми на интернет. Сите овие индикатори се базирани на самоценка врз основа на прашалник. Најлоши вештини, пак, имаат за наоѓање информации и комуникација онлајн. Постојат и многу големи разлики во дигиталните вештини според нивото на образование. Многу малку Македонци ги користат дигиталните вештини на работа.
„Постојат големи придобивки од дигитализација и дигиталните вештини, но ако не ги употребуваме, не го подобруваме квалитетот на животот. Кај нас владата не е довлно дигитализирана и затоа употребата на е услугата на владата е релативно ниска. Само 29 насто користеле дигитални услуги за интеракција со владата. Односно само 29 насто од граѓаните од Македонија во споредба 63 насто граѓаните со ЕУ. Секој четврти човек користи информации од јавни институции, 13 насто симнуваат формулари. Многу е неискористена понудата. Ако се направи споредба на генералната слика со онаа на младите, излегува дека младите тие повеќе комуницираат со јавните институции. 37 насто од младите имале онлајн интеркација со државните институции. 34 добиле информации, 17 насто доставиле формурали онлајн до владата“, вели Мојсоска-Блажевски.
Сепак, поразителните резултати во однос на младите покажуваат дека тие најчесто го користат интернетот за забава и испраќање на пораки и за социјални мрежи. Кога бараат некоја информација од пребарувачите, потоа за здравствени информации, а многу помалку го користат за интернет банкарство, барање работа онлајн и продажба на добра и услуги. Во ЕУ, младите многу повеќе го користат интернетот за купување онлајн, барање работа, продажба на услуги и производи и банкарство. Минимален и незначителем само 1 од младите на работа развиле или користат софтвер за работа, што е поразително.