Доларот е се уште јава на чело на конвојот од валутите со можеби најзначајна позиција во меѓународните плаќања. „Каубојот“ е се уште најеквивалентен во меѓународната трговија со нафта, односно, со се’ уште, ни оддалеку, заменливиот продукт што го користи човештвото и покрај сите технолошки магии што се наоѓаат на пазарот, од чипови, телефони, електрични автомобили, подморници, авиони идр. - и покрај сите меѓународни ратификувани конвенции за намалување на емитацијата на штетни гасови. Дали некој објавил податок дека побарувачката на нафта во светот е намелена и покрај огромните инвестиции во производство на „средства“ преку кои (ќе)се експоатираат обновливиете извори на енегрија. Не! Затоа што таков податок не постои, односно побарувчката за „црното злато“ е иста, дури и се зголемува, а тоа го покажуваат берзанските цени од кои настрада целата светска економија, изразени преку инфлацијата што најмногу ја набилда цената на нафтата, која во огромни количини се вади од руските длабочини.

Но, на светските берзи, нафтата се плаќа со ДОЛАРОТ! Руската рубља во моментов се натпреварува да го престигне овој доминантен „фраер“ и тоа со закани за контракција на извозот, како одговор на воведените светски санкции притив неа како агресор, виновен за пропаста на една цела економија (украинската) и на голем дел од развојот на целиот свет.

„Опструкција“ на значењето, односно на вредносното покритие на доларот, му се заканува од Кина и од Индија, земји, кои во натпреварот за „подиум“ на „светското економско првенство“, се покажуваат како шансери во трката во која на конкуретнот што трча до нив му се одврзала патиката.  Индија е трет по големина увезник на нафта, а Русија стана нејзин водечки снабдувач, откако се соочи со западните санкции.

Седумте најразвиени земји (Г 7), Европската унија и Австралија, се согласија на крајот на минатата година за ограничување на цената за да им се забрани на западните даватели на услуги и на транспортерите да тргуваат со руската нафта, освен ако не биде продадена по одредената цена од 60 долари по барел, за на Москва да и бидат скратени средствата за финансирање на војната. Индиските купувачи поголемото количество го платија со рубљата и со други валути, како на пример со Дирхамот на Обединетите Арапски Емирати.

Некои трговци со седиште во Дубаи и руските енергетски компании „Газпром“ и „Роснефт“ бараат плаќања без долари за одредени специјални класи на руската нафта, кои во последните недели се продадени над границата од 60 доалри за барел.

Три индиски банки поддржаа некои од трансакциите, затоа што Москва се стреми да ја „дедоларизира“ својата економија со цел да ги избегне санкциите.

Кина тивко купува руска нафта

Кина тивко го зголемува купувањето нафта од Русија по пристапни цени, пополнувајќи ја празнината што ја оставија западните купувачи. Овој потег на најголемиот светски увозник на нафта дојде еден месец откако беше намален увозот од Русија, поради страв дека таа отворено ја поддржува Москва и потенцијално ќе ги изложи нејзините државни нафтени компании на санкции.

„Унипек“, трговска филијала на најголемата азиска рафинерија „Синопек“, го предводи купувањето заедно со „Женхуа oил“, дел од кинескиот одбранбен конгломерат „Норинко“.

Трговските извори покажуваат дека компанијата „Ливна Шипинг“ регистрирана во Хонг Конг, во последно време е главен транспортер на руска нафта во Кина.

За Русија продажбата на нафта помага да се намали влијанието на санкциите врз нејзината економија.

Балансот доаѓа од Германија

Германија, речиси целосно ја надополни загубата на руските испораки на гас, благодарение на зголемувањето на увозот од Норвешка, Холандија и Белгија, откако Москва минатата година ги намали испораките поради западната поддршка на Украина. Значи, побарувачката на рускиот гас е намалена за количините што Грманија не ги има побарано од руските извори. Меѓу 2017 година и крајот на февруари 2022 година, Германија во просек увезувала 77 тераватчасови природен гас месечно, минус извозот, што се користел за покривање на националната потрошувачка и за полнење на складиштата, се наведува во интерниот документ на Гарманската сојузна агенција за гас.

Спротивно на тоа, нето увозот од септември 2022 година до крајот на јануари оваа година - што значи без испорака на рускиот гас - изнесува 72,7 тераватчасови месечно. Освен тоа, Германија во јануари увезла четири тераватчаса течен природен гас (LNG) преку нови терминали на германскиот брег.

Во просек, во Германија пристигнувале 26 тераватчасови  природен гас од Норвешка од 2017 година до крајот на февруари 2022 година. По прекинувањето на руските испораки, оваа количина се искачи на 41 тераватчасовни.

Во меѓувреме, нето увозот од Холандија се зголеми од два на 25 тераватчасови, додека тековите на гас од Белгија се зголемија од два тераватчасови, на 23 месечно, во просек од септември.

Федералната агенција, снабдување на Германија со гас го оценува како „стабилно“.

Германија веќе инвестира повеќе милијарди евра во својата индустрија за поддршка на транзицијата кон почисто производство, соопшти германското Министерство за економија.

Ефект од сакнциите врз руската економија

Наспроти емериканските и европските санкции, рускиот БДП ланската година падна за 2,3 насто, што е значително помалку од тоа што се предвидуваше.

Спротивно на намерите на западот, Русија минатата година  продала поголемо количество нафта и гас отколку пред санкциите, заработувајќи повеќе пари откку 2021.

Сепак курсот на доларот во однос на рубљата не паѓа подолу од 75 рубљи за долар.

Наивни се тврдењата дека руската рубља е стабилна и покрај огормните санкции на најразвиените земји. И да се плаќаат руските енергенси со рубљата, таа веројантно ќе се купува од Руската централна банка, но ако цената на рубљата стане неисплалива, тогаш и купувачите ќе му се вратат на доларот кој слободно плива на пазарот на валути. Освен тоа, на светот не му е потребна само нафтата, нешто е и во „ меките ствари“ за широка потрошувачка кои од ниеден руски производител ги нема на светскиот пазар. Или просто речено, со доларот можете да купите што сакате секаде во светот, со рубљата никаде, па ни во Македонија.   

Американската економија се уште е на првото место според БДП со речиси 21 трилион долари годишно, а руската е единаесетта со 1,5 трилион долари годишно.

И на крај, што е многу занимливо, ако Русија биде принудена да плаќа репарации за унишутвањето на Украина, тоа секако нема да биде во рубљи. Можеби ќе биде во нафта и гас, пресметани во долари, и тоа долги години со оглед на штетие што ги редизвика со својата непотребна агресија.