Инвестицијата во дуалното образование е инвестиција во реалниот сектор и можност на компаниите да учесвуваат во креирање на потребниот кадар. Тоа е особено важност за развој на една земја.
Во дуалното образование е истакната димензијата на практично образование каде учениците во реална работна средина ги практикуваат своите вештини и знаења и градат соодветни компетенции за нивниот избор на квалификација. Она што го разликува дуалното од редовниот модел на стручното образование е токму зголемениот број на часови на практично образование.
Во средното стручно има учење преку работа во трета и четврта година, праксата почнува после 2 година. Во дуалното образование веќе во 1 година има феријална пракса, во другите години има учење праку пракса во текот на целиот период од годината и тоа со зголемен број на часови.
„За разлика од редовното образование каде има ограничување на денови зависно од квалификација колку денови се поминува на феријална пракса. Во дуалното тоа се регулира со минимум да се помине на пракса, но постои флексибилност ако тоа е во интерес и кај работодавачот и кај учениците преку летото да поминат повеќе време на пракса. Се тоа води кој зајакнување на тие компетенции на учениците што ги прави повработливи. Дуалното образование го намалува тој период на транзитирање од училиште кон вработување, и практично ја подготвува идната работна сила кога ќе влезе во работниот процес вореална работна средина и тие веќе да бидат продуктивни“, вели Ивана Георгиевска од „Образование за вработување во Македонија - Е4Е.
Георгиевска вели дека има значително поместување. Ако пред 7 години реториката се сведувала на училиштата да бараат од компаниите да ги отворат своите врати за учениците, сега компаниите очекуваат дека училиштата ќе ги спремат учениците кои им се потребни утре на работните места.
„Веќе се создаде таа атмосфера на разбирање дека се на иста линија. Дека имаат заеднички интерес и тоа се рефлектира во дуалното образование. Преземањето на заедничка одговорност за остручување на младите лица. Годинава зборуваме за 560 компании кои се вклучени во процесот на дуално образование. Пред 5 години се работеше за двоцифрени бројки. Има сериозно зголемување на бројот на компании кои сфаќаат дека нивната вклученсот во стручното образование е инвестиција во она што им е потребно како кадар“, вели таа.
Според неа, кога трошоците се гледаат низ призма на инвестиција, со добро квалификуван кадар, таа се враќа назад.
„Во одредени квалификации тоа се случува и во време на своето остручување додека поминуваат на пракса. Кон крајот на образованието стануваат продуктивни и можат да го направат повратот што е инвестирано како трошок. За некои квалификации учењето трае подолго пред да станат вистински продуктивни, но пак се враќа таа инвестиција. Вработувањето на учениците кои биле на пракса го олеснува процесот кој може да биде скап кога не се знае кој би го пополнил работното место. А вака, додека се обучуваат учениците се создава заемна лојалност меѓу учениците и работодавачите. Многу е веројатно дека ученик кој бил на пракса во одредена компанија, ја познава средината, имале добар однос во тек на образованието, тоа ќе биде пожелен работодавач за нив. Тука се гледа потенцијалната придобивка“, смета Георгиевска.
Напоменува дека Македонија учи лекции од швајцарскиот систем. Напоменува дека интенцијата не е да го репилицраме системот во земјава.
„Дури и таму има разлика од систем во систем. Во Швајцарија постои статус на чирак но не се поврзува само со традиционални занаети, туку е форма меѓу вработен и ученик. Во Швајцарија ученикот прво бара компанија каде ќе учи и практично се вработува и после се запишува во училиште. Кај нас сепак запишувањето е во училиште, статусот е ученик. Но, во учебната 2021/2022 година во конкурсите кои го објанува МОН веќе е јасно за дуалните паралелки која компанија е во партнерство со кое училиште. И така ученикот ги бира и двете“, вели Георгиевска.
Во однос на ефектите, става до знаење дека резулатите од дуалното образование не се гледаат брзо резултатите бидејќи генерацијата мора да го комплетира своето образование.
„Мора да ги видиме ефектите на првите генерации што излегуваат. Оваа година завршуваат оние што во 2021 година се запишаа во дуалните паралелки на трогидшното стручно образование додека догидина од четиригодишното образование од техничките паралелки. Таа генерација го комплетира своето образование. Ќе мора да се направи една убава анализа што се случило, какво било образованието, кои работи се покажале како добри и корисни и од аспект на државата и од приватниот сектор“, смета таа.
На 24 јануари се одбележа Меѓународниот ден на орбазованието, усвоен од Генералното собрание на Обединетите нации. Во светот 258.000 деца и млади се уште не одат на училиште, 617 милиони деца не знаат да читаат 4 милиони деца бегалци се надвор од училиште.