Познатиот босански научник, истражувач и бизнисмен - Др. Семир Сам Османагиќ, човекот кој во 2005-та го откри древниот пирамидален комплекс во Високо (Босна и Херцеговина, кој се состои од пет колосални пирамидални градби, и на чиј шарм неодамна падна и светскиот рекет број 1 – Новак Ѓоковиќ, конечно е во Македонија.

Тој патот го започна во Куршумлија (Србија), а вчера точно на пладне беше во мегалитската опсерваторија Кокино.

- На 21-ви сум кај потенцијалната астрономска опсерваторија, позната како Цоцев камен. Се работи за голем вулкански камен, на кој две издлабени пештери улажуваат дека имало човечка интервенција. Ѓаволов ѕид, пак, каде ќе бидам на 22-ри мај е многу популарно место од овој тип. Долг е 500 метри, висок 10 до 20 метри, а широк 2 метри. И за него е нејасно – дали некој го правеше, или е геолошки феномен?!

На 24-ти мај Др. Османагиќ ќе ги посети камените Куклици и Геоглифот, по што е отворен за средба со македонските медиуми.

Др. Семир Сам Османагиќ живее и работи во Хјустон (САД) и во Сараево (БиХ). Има две факултетски дипломи – Економски факултет (Општествена економија) и Факултетот за политички науки (Политикологија).

Магистрираше во Сараево, на тема Меѓународна економија, а докторираше исто така на сараевскиот Факултет за политички науки на тема „Цивилизацијата на Маите“.

Кога зборува за образованието, гордо ги истакнува и двете години поминати на Социологија во Сараево.

Др. Османагиќ е автор на осумнаесет книги за антички цивилизации, мегалитски и пирамидални места низ целиот свет, објавени во САД, Турција, Русија, Естонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Шпанија, Србија, Германија, Словенија, Италија, Франција, Кувајт, Република Чешка и Унгарија.