Нишкиот рокер, вљубеник во возбудливите патувања и големите концерти - Драган Аранѓеловиќ – Арчи деновиве е актуелен заради книгата „Како само аутостопом стигао до Гиниса“, објавена преку многубројни донации од страна на пријателите и вљубениците на музиката, кои сакаа да прочитат за тоа што интересно на Арчи му се случувало на многубројните патувања.

Уживајќи во пензионерските денови, бидејќи, како што вели, доволно работеше во животот, со задоволство го прифати разговорот за „Анторис“. Патем, Скопје беше една од неговите чести дестинации за концерти...

* Што, всушност, претставува Вашата книга „Како само аутостопом стигао до Гиниса“?

- Тоа е збирка на автобиографски патописи и приказни. Ги има вкупно 18. Се работи за приказни врзани за заминувања и враќања од концерти по Европа, Србија и регионот.

Сепак, 15 приказни се директно врзани за концерти, две се на свој начин интересни, а една е условно кажано врзана за концерти, и се вика: „Како не успеав да отидам на концерти, а имав билет!?“.


* Кои се тоа концерти?
- Не отидов на концерти на Брус Спрингстин, Боб Дилан, „Dire Straits“ и „Led Zeppelin“?

* Зошто не отидовте?
- Причините се бизарни. На Спрингстин не отидов во Минхен, иако не отидов. Си реков – јас не одам, а не знам зошто. На „Dire Straits“ не заминав зошто купував кола во Германија, па се поклопи да бирам – дали да отидам по колата што ми беше таксана, или на концерт.

„Led Zeppelin“ не ги гледав оти во Будимпешта затоа што ја чекав жена ми таму на аеродром, а тамошната полиција на држеше под обвинување дека ние сме тука да превезуваме публика „на црно“. Кога се беше завршено, од концертот публиката заминуваше...


* Дали навистина на сите тие концерти Вие стасавте со автостоп?
- Не, секако! Возев јас и со својата кола, со други превозни средства. Но, тоа ќе го оставам за продолжетокот на приказната...

* Од 15-те избрани, Вашиот личен топ 5?
- Без ова да се разбере како рангирање, но, еве: „Yes“, втор концерт во Будимпешта. Потоа, Joan Baez во Белград. Успеав да стасав до неа, да и однесам цвеќе. Да ми потпише плочи, малку да помуабетиме...

Следен е Спрингстин во Виена во 2013-та,па Нил Јанг во Рим 2016-та и „Стонси“ во Виена, мислам дека беше 1982-ра...
Тешко е да се избере, но, нека бидат тие...


* Доаѓавте ли во Скопје, и кого?
- Секако! Ги гледав „Филм“, „КУД Идијоти“, „Laibach“..., кога уште не можеа да доаѓаат кај нас во Србија. Некоја 80 и некоја на стадион ги гледав „Леб и сол“. Љубовта кон концерти што ја имам ја пренесов на мојата ќерка, па она сега често доаѓа во Скопје. Од „Moloko“ до „Manu Chao“… Всушност, „Manu Chao“ ќерката и зетот го гледаа кај нас, но внуката тогаш беше болна, па за два дена, кога се беше ОК, дојдоа до Скопје, и нејзе да и ја исполнат желбата...

* Останаа ли неостварените желби?

- Да, меѓу групите кои веќе не функционираат. На пример „Genesis“, па, моите омилени Crosby, Stills & Nash, кои, кога се реобјединија можев да ги гледам во Америка, каде бев тоа време, но, едноставно ги пропуштив. Како што го пропуштив Леонард Коен кога беше ви Белград...

* Книгата „Како само аутостопом стигао до Гиниса“ до своето објавување, имаше интересен пат. За нејзиното објавување побаравте донации...
- Донации не побарав јас, туку издавачката куќа „ДЕЛИ“. Јас немам никаква допирна точка со финансиите околу книгата. Јас се откажав од авторскиот хонорар, со намера да им оставам на поколенија документ за како ние живеевме, и сите приказни се автентични, колку што ме држеше сеќавањето.

Издавачот побара донации, за следни активности. Имено, ние со брендирано комбе ќе го обиколуваме регионот, екс-ЈУ. Поголемиот дел од местата кои се спомнуваат во книгата – Белград, Загреб, Марибор, Скопје, Љубљана, Бања Лука, Подгорица, Бјеловар, Пула, Опатија, Мостар, Вараждин..., и таму да ја промовираме книгата. Со нас ќе носиме и филмска екипа, да го забележи целиот настан.

И, верувајте, издавачот собра повеќе од 360.000 динари, што беше потребно да се даде за подготовка за печатење и за печатење на книгата.

* Постои една приказна за една ваша маица, која стана популарна...



- Тоа нема врска со рокенролот, но има со мојот живот. На неа, на предната страна пишува „Јас ништо повеќе НЕ МОРАМ“, а на задната „Доволно се НАМОРАВ во животот“. Тоа е моето мото, за некој следен живот. Бев новинар, уредник по медиуми, имав музички дуќан во Ниш, и секогаш бев блиску до рокенролот.


Сега се преселив во викендичка, далеку од јавноста. Имам 68 години и нема потреба никому да му делам памет што треба да прави. Моето согледување на рокенролот е поинакво, од тоа на сегашната младина.

Иван Беќковиќ
фото: ДЕЛИ и приватна архива на Арчи