Две закани еден страв – инфлација! Кога ќе се спомне зборот „инфлација“, мислата оди секогаш на некоја огромна инфлација (хипер или галопирачка) што преку ноќ ќе ги изеде нашите плати и ќе останеме гладни и немоќни. Но, тоа нема да се случи, па затоа таквата гиржа е неоправдана. Деновиве таквиот страв е предизвикан од вестите дека цената на струјата ќе поскапе и дека ќе се воведе еколошка такса на горивата.

 

Најголемиот домашен производител на струја, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), од кого најмногу купува дистрибуцијата ЕВН, нема да бара повеќе пари од граѓаните за своето производство, што, за познавачите на оваа материја, е за поздравување, бидејќи најверојатно за сметка на поскапувањето, менаџментот на оваа наша производна компанија скратил на некои други трошоци, со намера да не ја оптовари цената и да предизвика страв кај крајните потрошувачи. Ова е нов момент, убава вест, во долгиот серијал нагаѓања: „дали сметките за струја ќе ги празнат нашите џебови“?

Што се однесува до резонот на државниот буџет за намалување на процентот на ДДВ од 18 на пет насто на цената на струјата, одговор не можевме да добиеме, затоа што на одредените телефони за контакт во Министерството за финансии не се јавува никој, а од ова министерство секогаш тешко сме добивале или не сме добивале одговор.

Намалувањето на ДДВ-то за 13 насто, според новиот Закон, ќе важи од 1. јули 2021 до 30 јуни 2022, па од 1. јули 2022 до 30 јуни 2023 година ќе скокне на 10 насто, па потоа процентот ќе се врати „на свое“ - 18 отсто.


Две закани еден страв – инфлација!

Намалувањето на ДДВ - намалување на сметките


Две закани еден страв – инфлација!Нашиот резон е дека намерата на државата е индиректно да го субвенционира евентуалното поскапување на струјата и на тој начин да го амортизира последователниот ценовен удар (инфлацијата). Од друга страна, намалувањето на процентот на ДДВ-то за струјата од 18 на пет насто, е намалување од 13 насто на секоја сметка и ќе значи следново: ако имаме околу 600 илјади домаќинства кои плаќаат просечно по 30 евра месечно, по 12 месеци - изнесува 216 милони евра. Плус, ако имаме околу 15 илјади фирми кои плаќаат по 50 евра месчно, по 12 месеци – тоа е  11 милиони и 250 илјади евра. Вкупно тоа е наплата од 227 милиони и 250 илјади евра годишно. Со намалувањето на дедевето, во буџетот помалку ќе се соберат околу 30 милиони евра годишно во првата година. (бројките се приближно одредени)

ЕСМ понуди седум насто пониска цена за струјата на тендерот на Универзалниот снабдувач – ЕВН, по 36,1 евра за мегават час. Дури, што е интересно, тоа е за седум проценти пониска цена од таа што ја понуди истава фирма на ланскиот тендер: 38,8 евра за мегават час.

На аукцијата учествувале две компании - ЕСМ и ЕФТ. Иако ЕСМ има законска обврска да покрие 70 проценти од домашните потреби, во втората половина од годинава ќе обезбедат 100 проценти покриеност. Потегот на ЕСМ  заслужува комплимент. Се разбира дека економскиот резон на овој потег е работа на самата фирма, иако ланската година ја заврши со над 16 милиони евра во минус.

Сега не знаеме што и зошто ќе бараат  МЕПСО и ЕВН и дали  ќе биде прифатено. МЕПСО (преносен опеатор на струјата од производитлите до дистрибуцијата), ланската година, поради пандемијата и помалата потрошувачка и наплата од потрошувачите, ја заврши со загуба од шест милиони евра.

Регулаторната комисија потенцира дека нема да дозволи да се укине и евтината тарифа, па остануваат надежите дека и да има некое покачување, тоа ќе биде минимално и нема да создаде некој голем притисок врз цените на инпутот на производителите и на транспортерите/трговците, односно нивно покачување на готовите производи.

 


Новата еколошка такса пред блокада уште невлезена во Собрание


Најавата за „еколошката такса“, која ќе ги поскапе горивата за 3,5 денари, исто така ја вознемири јавноста. Идејата е оценета како „непотребен данок, кој нема да се користи за екологијата, туку за полнење на буџетската каса“. Ова е оценка и на опозицијата и на експертите. Тие сметаат дека поддршката што ја даваше владата во кризниот период за спас на стопанството – сега е време да ја наплати.

Власта останува на ставот дека целта на зелениот данок е да се заштити животната средина, а прибраните пари да се насочат кон зелени инвестиции и зелени работни места.  Проценките на Владата се дека во буџетот само од зелениот данок ќе се слеат 54 милиони евра.

ОК, но власта мора прецизно и уверливо да каже каде ќе одат овие пари, на кои проекти, дали има подготвено такви проекти? Сите бараат транспарентност, а не паушалност! Сите се сомневаат дека такви проекти постојат и дека ќе се реализираат, ако ја имаме предвид досегашната грижа на државата за Охридското Езеро, за Матка, за реката Треска, за депониите во поголемите градови и тн. Пратениците мораат да инсистираат на оправданоста на ведувањето на тој данок и на неговите вистинска намена.

Новата еколошка такса, која ќе почне да се применува на 01.07, во буџетот, за половина година, треба да внесе дополнителни 27 милиони евра. Значи за сметка на намаленото ДДВ за струјата, со зелената такса ќе се надомести дупката со слична вредност. Образложението дека нема да има инфлаторно придвижување, затоа што цените на горивата во земјава и натаму ќе останат најниски во Европа, не значи дека нема да има инфлација, однонсо е нелогично.

Кога ќе се спомне зборот „инфлација“, мислата оди секогаш на некој огромна инфлација (хипер или галопирачка) што преку ноќ ќе ги изеде нашите плати и ќе останеме гладни и немоќни. Во периодот на пандемијата кружеа гласини дека по завршувањето на кризата ќе има огромна инфлација.  Но, тоа нема да се случи, па затоа таквата грижа е неоснована. Имено, граѓаните, треба да сфатат дека секоја година живееме со инфлација од 1 до 2 насто. Цените имаат  сезонски варијации, пролетни и есенски (зелен пазар, грејна сезона) затоа во државниот, јавниот  сектор,  се преземаат  мерки за финансиска стимулација на платите.

Од таа инфлација не треба да се плашиме, дури некои торетичаари ја препорачуваат како пожелна и развојна, зашто создава чувсто на економски умерен раст. Но, добрите познавачи на економијата и тие што ја паметат југословенската инфлација пред доаѓањето на Анте Марковиќ на чело на тогашната влада (24 илјади насто на ден) ќе ви кажат дека тоа веќе нема никогаш да се случи, (освен во војна, време во кое каналите за снабдувае се тотално блокирани), печатењето пари е забрането со закон. Освен тоа денарот со заон е врзан за вредноста на европската валута - еврото, па ценовното влијание што доаѓа со увозот е исто така сведено на минимум.

Освен тоа тука е Народната банка која бдее над ценовната стабилност, над курсот на денарот, па таа, со употреба на своите монетарни алатки, нема да дозволи хипер или галопирачка инфлација.

Бране Стефановски