Во сите категории и од сите даватели на поштенски услуги на слободниот пазар, компанијата Еко логистик сервис го понесе приматот за најдобра пошта. Во категоријата за достава на пратки за коресподенција учествува дури со 65,90% од вкупно 13.437.882 пратки. 

Доминацијата на пазарот се покажува во неколку сегменти. Во делот на пакети учествува со над 54 насто од сите доставени пакети. Во однос на бројот на вработен, мрежата на хабови и возила, првото место исто така го држи оваа компанија пред другите конкурентски фирми. 

Сопственикот на „Еко Логистик Сервис“ Игор Гешовски вели дека државната Пошта на Северна Македонија е привилегирана со тоа што е ослободена од ДДВ во делот за поштенски услуги во споредба со приватните компании. Според Гешовски, потребно е брза либерализација на пазарот во делот на универзалната поштенска услуга, а за приватните даватели на поштенски услуги да постои можност да добијат меѓународна лиценца за граѓаните од земјава да добиваат побезбедна и побрза достава. 

Што покажува анализата? 

Првото полугодие на 2023 година бележи намалување на вработени лица кај давателот на универзалната услуга од 8%. Првото полугодие на 2023 година бележи намалување на вработени лица кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар од 14%. Односно намалувањето на вработени лица во поштенскиот сектор изнесува 10%. 

Во првото полугодие на 2022 година има зголемување на удел на пазарот на давателите на поштенски услуги на слободниот пазар за 4,41 % во однос на првото полугодие на 2022 година. 

Давателот на универзалната услуга остварил намалување на скоро сите услуги, и тоа во рамки на универзалната услуга околу 5%. Пратките за коресподенција како услуга која треба да биде достапна до сите корисници, бележи опаѓање за 4,9%. 

Првото полугодие на 2023 година давателот на универзалната услуга обезбедил 76,484 пакети и бележи зголемување на обемот на пакети за околу 36% во однос на првото полугодие на 2022 година. 

Остварениот обем на пакети на пазарот во Република Северна Македонија во првото полугодие на 2023 година (3,339,728) е многу мал и изнесува 2,3 %. 

Давателите на поштенските услуги на слободниот пазар имаат зголемување на обемот на поштенските услуги за 22,7% и зголемување на пратките за кореспонденција за околу 5,91% во однос на првото полугодие на 2022 година.

Зголемување на пакетските услуги за 22,5 % е резултат на големата понуда на онлајн услугите и нивното користење од страна на корисниците. 
Од вкупно остварениот обем на пратки за кореспонденција 13.437.882 пратки, давателот на универзалната услуга има остварено 92,6 %, а давателите на поштенски услуги на слободниот пазар 7.4%, што всушност укажува дека нема конкуренција на пазарот во делот на пратките за кореспонденција. 

Се забележува дека еден давател на поштенски услуги на слободниот пазар, „Еко Логистик Сервис“ го има приматот во услугите и тоа како на пратките за кореспонденција, така и во услугите пакети, а сите 5 даватели оствариле 90,4% од вкупниот обем на пакети.

АД Пошта на Северна Македонија остварила повеќе приходи (од 33,1%) во 2023 година прво полугодие во однос на 2022 истиот период, но имала помали расходи. 
Приходите за првото полугодие на 2022 година кај даватели на поштенски услуги на слободниот пазар има намалување од 15,3 %, а целиот поштенски сектор има зголемување на приходи од 4,2%. 

Зголемен број на рекламации кај приватните наспроти државната Пошта
Бројот на рекламации кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар има зголемување од 59,7% во однос на 2021 година, додека кај давателот на универзалната услуга има намалување. 

Давателот на универзалната услуга има најмногу рекламации за препорачани писма и тоа 100%.  Корисниците рекламирале за пречекорување на рокот за достава 89,3% и 10,7% за изгубени препорачани писма, додека кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар корисниците рекламирале по основ на пречекорување на рокот за достава на поштенски пратки 31,7% за оштетени и изгубени поштенски пратки 46,7%.