Економската власт објавува дека доаѓаат добри сигнали за економксот раст, па дури наведува дека растот на БДП изнесува 3% и дека бизнисот го чувстувал тој раст и дека е постигната финасиска консолидација.
Чудно е како власта се фали со некаков наредок или економски раст, а од друга страна својот неуспех за економските текови го префрла на некои објектвини околности. Значи, за успесите, ако ги има, е заслужна таа, а за неуспесите е виновен „цацко“.
На пример, власта се фали дека е достигнато рекордно ниво на невработеноста на 11%, од 30% колку што изнесуваше пред 10-20тина години, не наведувајќи ја вистинската причина за намалувањето на невработеноста, а тоа е иселувањето и неподносливиот живот во земјава, за што се заслужни сите креатори на економскиот и на политичкиот живот, за нефункционалноста на институциите, на здравството, на образованието, на културата, на превозот, на услугите и на буквално се’. Од друга страна признава дека, и покрај сите успеси на економски план, на пазарот на трудот работник не може да се најде ни „со полиција“ и дека истите работници шетаат по компаниите во зависност од понудата за висината на платата. Признава дека нема нова работна сила, што е најпогубната вест за едно стопанство, односно за секоја држава.
Власта се плаши дека зголемувањето на платите ќе предизвика раст на инфалцијата, па требало да се затегне монетарната политика со тоа што ќе ја дигне референтната каматна стапка, што ќе значи дека цената на парите на пазарот банките) ќе биде повисока, па кредити ќе се земаат потешко отколку сега, што пак нема да му дозволи на економскиот расте поголема цифра од 2-3 проценти. Затоа се барал начин како да се спречи растот на платите. Тие што се фалеа дека платите нон-стоп растат, сега се уплашени од тој раст.
Домашната стабилизација, што наводно почнала лани, не може да биде одвоена од светските економски текови, чии последици се ублажени со наоѓањето нови патишта за снабдување со нафта и со гас, но проблемите се надоврзуваат со превртливата политика на претседателот на се’ уште најмоќната економска сила во светот, Америка, па така нашиот извоз кон европские земји се тресе од царините на Тамп.
За каква стабилизација станува збор? Можби има стабилизација за разлика од времето на пандемијата на „ковидиот“, кој траеше можеби три години, но прекинот од три години во економијата може да донесе последици што не се оправаат дури и до три децении, колку што траеше, а можеби и уште трае, опоравувањето од американската хипотекрана криза од 2008 година.
Експертие блиски до власта препорачуваат фискалната политика да ја зголеми својата „прудентност“, никој не може да одговори - зошто таа „прудентност“ не е на највисоко ниво по 34 години сопствена фискална власти. Оваа кованица: „да се зголеми пруденотста на фискалната политка“, можеме слободно да речеме дека е зодевна фраза, бидејќи, сивата економија не е санкционирана ни 1%, а и не мора, бидејќи ако не е таа, власта нема да може да се фали со толку ниска стапка на невработеност – затоа ја толерира.
Работите треба да се кажуваат многу јасно и прецизно искрено и отворено, зашто секој неуспех потоа носи разочарување и губење на авторитетот на носителите на економската политика.
Засега можеме да се пофалиме со фиксинот курс на денарот што ја aмортизира увозната инфлација и никој не би бил среќен да се чепка во него.