НБРМ ја објави својата проценка и зклучок - зошто инфлацијата е поголема на домашен терен, а помала во други змеји, особено во поразвиените и дојде до залучок дека:

„Увозната зависност и степенот на трговска отвореност на нашата економија е значајно поголем во споредба со Европската унија. Отвореноста и увозната зависност се одразуваат на увозот и неговата структурата, понатаму на структурата на потрошувачката и следствено на домашните цени. Овие структурни фактори во голема мера ја објаснуваат разликата меѓу домашната инфлација и инфлацијата во еврозоната“, нешто за што пишувавме откако почна наглиот подем на домашната инфлација и кога почнаа обичните граѓани да нагаѓаат зошто во Герамнија, Америка или Австалија инфлацијата е двојно помала и дека „нам нешто американците ни прават“.

Нашата централна банка реагираше како што реагираа сите централни банки во светот – со затегање на монетарната политика, но мерките на нашата банка не дадоа резултати токму од тие причини – инфлацијата е увозна, а на домашен терен и така нема пари. Се разбира дека не сугерираме НБРМ да седи со скрстени раце и да не презема ништо. Дури НБРМ ја ревидира првата проекција за инфлацијата за оваа година со нагорни проекции. Останува надежта дека проекцијата за инфалцијата за идната година од 8–9 % (наместо моменталната од 20%), ќе се оствари, при постепено стивнување на ценовните притисоци од увозните цени, субвенционирање на цената на електричната енергија за прехранбената индустрија и затегнувањето на монетарните услови.

Проекциите на Народната банка за инфлацијата за 2024 и 2025 година се 2,4 % и 2%, што не може да се тврди со сигурност, се разбира со оглед на општата политичка непредвидливост на планетава, но сепак се охрабрувачки и смирувачки. Дали цените ќе се вратат на старите позиции од пред двете кризи, тоа е големо прашање, зашто искуството покажува дека еднаш освоените цени од страна на трговците, нема сила што ќе ги врати назад.  

Трговскиот биланс

Раликата меѓу извозот и увозот го прават трговскиот биланс, кој за Македонија е негативен.

Економската теорија и практика велат дека во време на голем трговски дефицит, можна е девалвација на домашната валута. Пред неколку месеци пишувавме, и ништо ново нема да кажеме, дека курсот на домашната велута се брани со извозот, а извоз можете да имате ако на меѓународниот пазар понудите добар, квалитетен и евтин производ. Ако имате отворена економија иложена кон надвор, односно кон увоз, демек – „што има да произведуваме кога тој и тој произовод или прахранбен продукт е поевтин од увоз“, тогаш сме ја згрешиле работата. Ако во домашната наука имаме процент на инвестирање помал од 1, тогаш никавки мерки ни на фискалната ни на монетарната политика не ни помагаат – напредниот свет работи со „памет“.  

Според Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од  Македонија, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 379 милијарди 441милиони 735 илјади денари и бележи пораст од 20.1 % во однос на истиот период од претходната година. Но, вредноста на увезената стока, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 554 милијарди 574 милиони 596 илјади денари, што е за 29.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2022 година, изнесува 175 милијарди 132 милиони и 861 илјада денари, кога ќе се подели со курстот на еврото од 61,5 ден, трговскиот дефиците изнесува 2 милијарди и 848 милиони евра. Што е навистина голема бројка!

За курсот на денарот

Слободно можеме да кажеме дека има индикации дека во моментов курсот на еврото е депресиран во однос на денарот за најмалку 21-22 проценти! Но, девалвација нема да има, тоа го потврди и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, бидејќи може да и се верува врз основа на својот кредибилитет што го стекна во нејзиното водење на НБРМ и врз основа на големината на девизните резерви.  На крајот на октомври, официјалните девизни резерви изнесуваат 3 милијарди 753 милиони евра. Најголем дел се пласирани во хартии од вредност (64,9%), по што следуваат валутите и депозитите (25,3%) и монетарното злато (9,7%).

Ако ја пресметаме таа депресијација на еврото, на 1.11.2022 еврото би чинело 74,2. За новмври има проценка дека има дополнителна депресијација од 1,1. Еврото никогаш не било повеќе депресирано отколку сега. Сегашниот девизен курс на денарот од 61,5 денари за едно евро е „стар“ веќе 20тина години.

Кој извезува?

Најголемиот извоз го остваруваат фирмите од економските зони во кои, всушност, работат старнски фирми со наша работна сила, па така македонскиот ум и економската политика не можат да се пофалат дека вкупниот извоз е чисто наш, домашен, вистински и суштински.

Џонсон Мети извезува 2 милијарди евра годишно, значи околу 15-17 проценти од извозот на Макеонија, а ние немаме ништо од тоа, освен што има вработено 200-300 работници кои се жалат на експлоатација, се разбира шепотат за тоа, никој гласно не се жали.

Иако податокот за покриеноста на увозот со извоз, во истиот период вели дека изнесува 68.4 %, мораме да нагласиме дека оваа покриеност е на тоа ниво поради извозот на производите што се произведуваат во тие зони, што значи дека тој извоз е шминка за нашиот македонски извоз, кој ако го одвоиме од извозот на фирмите од зоните,  како чист наш - покриеноста нема да достигне ни 40% .

Поради лошите движења во економијата светската и домашната, прогнозите се дека покриеноста на увозот со извоз во 2023 година ќе падне барем за еден процент (62,5 – 63 проценти).

Што извезуваме?

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично за возила, за авиони или бродови, фероникелот и други катализатори на носачи.

Што увезуваме?

Во увозот најмногу се застапени нафтените деривати и маслата добиени од битуменозни минерали (освен с урови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали итн.

Но, најголемата болка е тоа што увезуваме основни прехранбени продукти, што не ги произведуваме дома, а имаме идеални придродни земјоделски услови. На пример во маркетите не можете да најдете домашен грав, туку од Азербејџан по цена од 150 ден за 900 грама. Каде е гравот „Тетоец“?  

Во периодот јануари – септември 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Еконимскиот потенцијал за идната година

Новите проекции на НБРМ за идната 2023 година се дека економијата ќе порасне за 1,8% во споредба со оваа. Но, ретко кој веруваа во оваа проценка пради тоа што уделот на цените на енергенсите и натаму ќе има негативно влијание врз нашата економија. Ако учеството на цената на енергенсите и на транспортот ја надминат границата од 15 проценти во производот, тогаш не може да стане збор за профитабилно работење.     

Затоа проценките се дека БДП може да порасне не повеќе од 0,8 до 1,2 проценти!

Отвореноста на македонската економија, со која многумина водечки економисти во земјава се фалат, во актуелниве кризни времиња ги покажува своите недостатоци. Големиот узов донесе голема инфлација, двојно повисока во споредба со развините економии.