
Српските ресорни министри на 15. мај оваа година на големи ѕвона објавија дека до почетокот на светската саемска манифестација што ќе се одржи во Белград (15 мај до 15 август 2027), остануваат уште 365 дена, значи точно една година.
Главниот град на Србија, Белград, со години се подготвува за што подобро да помине организацијата на овој гламурозен настан на кој ќе се престават околу 140 земји со различно содржини, од економијата до културата.
Србите најауваат дека Експо 2027 ќе биде најголема манифестација во историјата на Србија, но и нов почеток за уште побрз раст и развој, истакнувајќи дека граѓаните уште не се свесни колку голема работа има направено земјата и колку важен натан ќе се случи точно по една година.
Српските власти, идејата за кандидатура за организирање на овој огромен саем ја почнаа во 2022. године, иако знаеја дека во конкуренцијата можат да се судрат со Америка, Шпанија, Аргентина, Тајланд и други земји, многу побогати и поразвиени на кои им е многу полесно да го организираат Експо до финансиски и инраструктурен аспект. Србија како да сакаше да покаже дека една мала земја може да се избори со таа конкуренција и на својата територија да биде домаќин на најголемата светска манифестација.Следната година (2023) 81 земја и ја укажа довербата токму на Србија. Српските власти презедоа огромна одговорност за организацијата, затоа што всушност рокот беше екстремно краток, а барањата и очекувањата на учесниците и на посетителите за содржината и новостите што теба да се видат на таа светска изложба се се’ поизострени и построги.
Србите всишност градат еден мал град од кој се очекува да ја унапреди Србија, односно да ја претстави во сосема друга светлина со нови патишта, со брзи сообраќаници, со енергетиката, со културата, здравството, образованието, со цел на светот да му се претстават на сосем друг начин, односно во ново светло на современа европска држава, а таму каде што се има одржао Експо, таа држава е веќе и на светската мапа на држави способни да се фатат и со најтешните и најсложените задачи.
Србите се сигурни дека ќе се покажат как одобри домаќини. Тие велат деа ќе има огромни изненадувања, што ја скокотка јавноста што побргу да дознае какви се тие изнеднудува, зашто во современиот свет во кој електрониката достиган фантастично ниво, чија рожба е и вештачката интелигенција, веќе ништо не може да биде изненадување.
Досега учестово на Експо 2027 во Белград го имаат потврдено 137 држави. За споредба, во 2017 година на Експо што се одржа во гланвиот град на Казахстан, Астана, учествуваа 115 држави. Организаторите на Експо – Белград работат на тоа бројот на учесниците да го зголемат и на тој терен лобирањето и претстаувањето на организацијата и на можностите се доста интензивни. Целта е бројот на учесниците да ја надмине бројката од 140.
Зошто целата се поставува толку високо, што е толку битно или значајно за една земја да има голем број учесници. Па, тоа е огромна шанса за домаќинот и за сите учесници на овој огромен саем да воспостават меѓусебни комуникации, со тоа да се унапреди економската соработка, но и политичката. Тоа може да отвори многу можности во следните години и децении, односно економска соработка со земји со кои учесниците досега немале никаква соработка или имале минимална, а за Србија, како добар домаќин, кому му се наколнети сите симпатии, проширување на односите до невидени граници.
Всушност, главната содржина на Ескпо е економијата. Сите учесници гладаат можност за забрзување на економскиот раст, што ќе значи подобар животен стандард на граѓаниоте, повисоки плати, повисоки пензии, подобра патна инфраструктура и така натаму. Во овој историски момент на глобални проблеми, војни, трговски блокади и конфликти, сите бараат нови начини за раст на сопствената економија, односно нови пазари и можност за привелкување нови инвеститори.
Србија официјално тврди дека од Eкспо 2027 очекува директен економски ефект од околу 1 до 1,1 милијарда евра за време на самата изложба. Но, важно е да се направи разлика меѓу приход/економски ефект и чист профит.
Проценките за инвестициите се движат од околу 1,3 милијарди евра за директните Експо-проекти до дури 17,8 милијарди евра, ако се вклучат сите поврзани инфраструктурни проекти што српската власт ги врзува со Eксо (патишта, железница, стадион, саем, станбени комплекси итн.).
Значи — дали Србија ќе заработи?
Тоа е спорно прашање. Оптимистит велат дека Белград ќе добие модерна инфраструктура, нов саем, подобар транспорт, повеќе странски инвестиции, долгорочен туристички бренд, што не е малку!
Критичарите предупредуваат дека:
многу Eкспо-проекти во светот не донеле реален долгорочен профит, дел од објектите подоцна остануваат недоволно искористени, трошоците може да ја надминат економската корист.
Повеќето економисти велат дека краткорочно Србија веројатно ќе има силен економски бум, но вистинскиот резултат ќе се знае дури неколку години подоцна, односно дали инфраструктурата и инвестициите ќе продолжат да носат приходи.
Идната година во Белград , на саемот ЕКСпо2027 ќе дојдат претседатели на држави, премиери, министри и стопанственици.
Во изградбата на објектите за потребите на белградскиот Експо шанса добија српските градежни фирми и услужните дејности што придонесоа за растот на БДП, потоа за зголемени приходи во државниот буџет, а тоа значи и повеќе пари во пензискиот фонд. Во тие 93 дена, колку што ќе трае саемот ќе се одржат над 8.000 настани од областа на културата, образованието, спортот, науката, значи од сите области во кои човештвото ја гледа иднината. Ќе има компании лидери во вештачката интелигенција што ќе ги прикажат сите свои нове пронајдоци и технологии. Дури на Експо ќе има и хелиодром за летечки такси кој ќе има најмалку два лета дневно.
Македонија на Експо 2027
Македонија официјално потврди дека ќе учествува на изложбата во Белград. Потврдата беше објавена во август 2025 година. Но, владата и институциите досега само го имаат потврдено учеството, а не е објавен конечниот концепт за македонскиот павилјон или темата на претставувањето. Можно е Македонија официјално да го претстави својот концепт во текот на оваа или на почетокот на 2027 година, кога земјите обично ги откриваат деталите за павилјоните и програмите. Другите земји веќе почнаа да објавуваат конкретни концепти за павилјоните.
Кога ќе се погледне значењето на саем и на саемски простор, со болка се сеќаваме дека Скопското сајмиште беше уништено, избиршано од лицето на земјата и на негово место се изгради еден трговски центар, огромен по габарит, но со ништо екслкузино во него, даелку од содржината што беше најавувана, но тоа е друга приказна. Работата е што Скопје остана без добар, комотен и наменски простор за саеми, во непосредна близина на хотелот Континентал во Автокоманда и така нашиот главен град нема можност да организира ни дел од саемите што се одржуваа на тој простор. Скопското сајмиште беше еден од најпознатите и најголеми саемски комплекси во Македонија. На овој простор се одржуваа меѓународни саеми, концерти, спортски и културни настани, автомобилски и технолошки изложби, саеми за книга, мебел, градежништво и многу други манифестации меѓу кои и манифестацијата на технички пронајдоци „Маконова“.
Историја
Сајмишниот комплекс почнал да се развива по Втората светска војна, а особено се прошири во периодот на Југославија, кога Скопје беше важен регионален трговски и индустриски центар. За многу генерации во Македонија, „Скопско сајмиште“ беше симбол на модернизација, на бизнис и трговија, наголеми концерти и јавни настани.
Но, во 2010-тите најголемиот дел од комплексот беше урнат. Со тоа практично престана да постои старото Скопско сајмиште како саемски центар. За најголемиот број скопјани, сајмишниот простор има и силна носталгична вредност.
Сега саемските манифестации најчесто се одржуваат во спортската сала Борис Трајковски во Карпош, но содржините на манифестациите се се’ посиромашни, тоа е веројато показател со колкава брзина македонската економија напредува, односно назадува. Никој нема објаснување зошто просторот на Скопското сајмиште така лесно, со еден потег, се уништи и на негово место се изгради толкава бетонска грдосија, какви што има веќе низ целиот град и со сигурност можеме да кажеме дека ниеден не работи со некакви големи економски ефекти, дури економската проценка вели дека работат со загуба. Освен тоа, централниот и најдобро конципираниот Гратски трвоски ценатр (ГТЦ) во строгиот ценатр на градот пропаѓа и таложи се поголеми долгови.
Ако прошетате низ Европа, ќе можете да видите големи саемски простори, како што е Берлинскиот, Минхенскиот и други, кои никој не ни помислува да ги срамни со земјата, затоа што тие се простори што носта профит и афирмација на домашната економија, туризмот и се што го придружува туризмот.
Од тие приини Скопје не може ни да помисли да организира саемска манифестација како Експо, пред се заради тоа што ги нема тие пари да инвестира во нова саемска инфраструктура, а потоа и поради немање јасна економска визија, воопшто за развој на домашната економија.
Засега само можеме да сонуваме дека земјава ќе се вклучи во светските економски текови, па макар и со некоја помала организција.
Останува утехата што Белград е релативно блиски, од Скопје само 440 км, па кој сака да види свет, нека тркне до Белград идната година од 15 мај до 15 август.