На 10 јуни во Белград се собраа претставници од 154 земји на првиот подготвителен сосотанок во врска со одржувањето на големата светска изложба на достигнувања ЕКСПО 2027. Тоа беше првиот од четирите подготвителни состаноци со претставници на земји учеснички и заинтересирани земји за учество на изложбата. Во „Центарот Сава“ се собраа повеќе од 400 делегати од 154 земји од целиот свет.

Се покажа дека оваа светска изложба, чие одржувње „шета“ од земја во земја, собира важни луѓе и бизниси од целиот свет, има своја смилса и оправданост, особено во воспоставувањето на бизнис и културни контакти и соработка. Во Белград на 10 и 11 овој месец се собраа претставници од сите континенти, од Европа - Австрија, Чешка, Франција, Германија, Грција, Кипар, но и од далечни држави како Јамајка, Јапонија, Боливија, Буркина Фасо, Кина, Куба, итн. Ове земји на собирот во Белград беа претставани од високи функционери - министри, заменици -министри, државни секретари, амбасадори и директори на национални институции, што имаат клучни улоги во надворешната трговија, економскиот развој, спортот, културата, иновациите, образованието и младите.

Целта на состанокот беше да се сумираат резултатите од претходно зададените задачи за подготовката за специјализираната изложба и да се презентираат натамошни чекори и активности во подготовките за одржување на „Белград- Експо 2027“.

Делегатите кои учествуваат во овој настан, го посетија  градилиштето EXPA и се запознаа со динамиката на работите. Преку „шоуто рум“ на Саемот во Белград, имаа можност да видат што можат да очекуваат на претстојната специјализирана изложба.

Веќе стигнаа првите комплименти на собирот од африканските змеји за српското гостопримство и беспрекорната организација како и дека ЕКСПО ќе биде можност учесниците да се поврзат преку мрежно поврзување, како и дека специјализираната изложба му помага на светот да стане мало место.

Претсавниците на африканските змји рекоа дека на изложбата ќе имаат можност да ја промовираат економијата на земјата преку трговија, ИТ, креативната индустрија, спортот и знаењето.

Претставникот на Конго, истакна дека неговата земја сака да презентира технологија и пронајдоци во врска со младите луѓе кои нагласуваат дека денешните телефони се направени од рудите од нивната земја. Со оглед и на голем број фудбалери од таа земја, Конго ќе се претстави со  експедиција од тој спорт, но и со традиционална музика.

Организаторите велат дека „Србија е добро позиционирана во споредба со земјите -членки на ЕКСПО, како Америка, Аргентина и други и тоа отвора разни можности во регионот.

Светската манифестација „Експо“ е поле за изложби, средби, традиција, култура, иновации, наука итн.

Органзизаторите очекуваат повеќе од 4 милиони посетители од над 120 земји и меѓународни организации да ја посетат  изложбата идната година.

Скопје без саем е провинција

Овие неколку податоци се нафрлани и одбрани само колку  да се види каква е лепезата на можноститие за контакти на видоки функционери од разни земји од светот, односно на целиот свет на една манифестација во функција на унапредување на економската соработка. Колку и да биде формална и јалова, а сигурно нема да биде, ќе се роди некоја зделка од која кар ќе имаат две, а можеби и многу повеќе страни. Саемите не се сега измислени, тие живеат од почетокот на животот на човештвото во рзани форми,  пазари, вашари, изложби мали и големи, па штом живеат, занчи дека се потребни. Изгледа дека во светов само нашите фактори се прават наивни и се однесуваат како да не ја гледаат потребата од саемските манифестации, однсоно не им е гајле за потребата на бизнисот, па со многу лесна и брза одука го урна скопското сајмиште, кое беше прекрасен и функционален простор за секоја команија што сака да го покаже своето достигнување и ниво, да се пофали со нешто, или има потреба од непосреден контакт со другите слични или различни компании. На скопските саеми, како и секаде, можеше да се учествува, се разбира со плаќање одредена сума за закуп на просторот, од што сајмиштето и вработените живееја.

Во време на одржувањето на саемот, Скопје живееше во знакот на случувањата на тој простор, се одеше да се види неговата содржина. Луѓе доаѓаа од земјава и од соседството и слободно можеме да речеме дека беше простор за посебно доживување, различно од обвична поршетка, од посета на театар или на концерт, едноставно посетата на саемите беше нешто специфично, односно корисно.

Со уривањето на саемските сали, Скопје изгуби многу можности и пари, ги изгуби саемите на мебел, на земјоделство, на иновации (Макионова), на книгата, на туризмот и други. Така загасна уште една можност за деловни контакти, а за граѓаните уште дена можност да го прошират својот увид во тоа што можат да купат, или барем да направат споредба со тоа што наумиле да го купат што им било во план. На маргините на тие сали, во време на саемите, свои мали штандови има голем број мали но потребни и функционални бизниси и продавачи, без кои саемот не можеше да се замисли, како понуда на брза храна, пречистувачи за вода, разни рекламни кампањи и се што може да се најде на еден саем.

На местото на тој простор, со нетранспарентни бравурози,  се изгради едно бетонско чудовиште, наречено „Ист Гејт“ (никој не знае зошто името му се пишува и изговара на англиски) за кое многумина велат дека е промашена инвестиција со оглед на содржината на продавниците и на стоката што се нуди. Посетеноста се сведува повеќе на купувачи од Косово, кои оваа грдосија ја замислуваат како некој американски голем трговски центар во кој може да се најде буквално се’, па кога ќе видат дека истата таа кинеска стока ја има и во продавниците во нивниот град, се разочаруваат и веќе не доаѓаат.

Што се однеусва до саемите, гоелмите градови не се откажуваат од нив, иако се простираат на илјадници метри квадратни, никму не му текнало и не може ни да му текне, тој огромен простор да го претвори во градежна парцела, да гради грдосии, да довава спратови по совја волја, а инспекциите да не смеат да писнат. Берлинскиот саем на пример, има 26 хали, а за да се видат сите, на располагање на посетителите им стојат мини-бусови.

Дека има потреба од саем, покажува и тоа дека саемски содрижни се одржуваат во спортскот центар „Борис Трајковски“, но се далеку од шмекот на стариот саем, со штури содржини за кои граѓаните со резигнација велат, „подобро не си го троши времето, нема ништо да се види!“.

Така, Македонија остана без уште една можност за  проширување на соработка меѓу бизнисот и граѓаните, за финансиски ефекти и, на крај на краиштата, за разонода.

Сето ова е направено за нечија лична корист, на штета на сите нас.

Некои медиуми пред извесно време пишуваа дека постои идеја да се направи ново сајмиште, но таа тема никогаш не доби поголем јавен простор и нкој не верува дека тоа ќе се оствари некогаш, зашто многу поголеми идеи за изградба на исто така важни простори останаа во ќорсокак, како изградбата на клинички центар. Секоја власт идејните или почнатите проекти на претходната ги прогласува за криминални и така криминалот го брани криминалот од  граѓанитеи и од сопственото стопнство на кое се темели равојот.     

Како замена, на граѓаните им е понудено много повеќе таканаречени традиционални и наводно културни содржини, како празијада, кромидијада, пастрмајлијада и тн. Не велиме дека и тие манифестации не се потребни, но сепак, саемот и саемските содржини се со многу повисоки цели, можности и потреби за имиџот на една земја и за нејзиното стопанство.      

Така, едно, ако не светско, ама регионално обележје, на Скопје му се одзеде и го напарави гадот, покрај епитетот „европска престолнина на кичот“, провинција во која, ете, одамна не наминува некој значаен бранд да го видиме одблиску да го допреме.