
Ситуацијата е слична во целиот наш регион, а тоа е - се живее подолго, а регионот се повеќе се празни. Тоа е одговорот на прашањето – зошто се покачува старосната граница за одење во пензија?
Данес живееме во просек и по 80 и повеќе години, а тоа значи дека пензискиот систем мора да издржува луѓе 20 или 30 години откако ќе престанат да работат по силата на законт за пензионирање, односно откако ќе ја доживеат возраста за пензионирање.
Продолжувањето на животниот век, во комбинација со ниските стапки на фертилитет, доведе до промена на демографската слика во Европа и во светот.
Старосната структура на населението, од аспект на пензисикот систем, треба да има изглед на пирамида, со мал број стари лица на врвот и со огромна база од помлада популација. Но, ваквата пирамида во Европа го има изменето изгледот, па сега потсетува повеќе на столб, додека во некои земји во транзиција се’ повеќе почнува да личи на превртена пирамида, са голем број стари лицца во однос на релативно малиот број работоспособно население.
Без сомнение, стареењето на населението е феномен што ја обележа нашата епоха. Со споредба на податоците од пред неколку децении, денас можат да се забележат фасцинантни факти: средната старост во светот од 23,6 години во 1950. достигна 31,7 во 2023, а до 2050. ќе достигне 36,2 години. Во ЕУ средната старост во моментов износува 44,7 години, а за 2050. растот е проектиран на 47 години, со што нашиот континент се квалификува како „најстар”. Очекуваното траење на подолг живот расте – од 54 години, колку што изнесуваше во 1950. година, достигна 73,3 години во 2024, а во 2050. ќе изнесува дури 77 годии. На пример, во Кина просечниот животен век во 1950. година беше 40 години, а до 2050. ќе биде двојно продолжен и ќе изнесува 80 години.
Од регионов, ако ја земеме за пример Србија, како најголема земја, речиси како и во сите европски земји, последниве неколку децении се одвива процес на демографска транзиција, со нагласен негативен природен прираст, зголемена емиграција и забрзано стареење на населението. Според резултатите од проекцијата на Републичкиот завода за статистика, во Србији до 2052 година животниот век на граѓаните ќе се продолжи на 84 години за жените и на 79 години за мажите.
Стареењто на населението ќе доведе и до промена на старосно-половата структура и до промена во движењето на работната сила. Треба да се очекува и забрзано намалување на расположивите ресурси на работната сила, имајќи предвид дека контингентот на работоспособено население ќе се намали од 4,3 милиони во 2022. на 3 милиони во 2052. година.
Занчи, во ситуација во која имаме помалку деца, помалку вработени лица, а се’ повеќе пензионери, единствен начин системот да остане жив и на сите да им биде од корист е да се зголеми старосната граница за пензионирање. Не е веќе прашање - дали границата ќе биде поместена, туку дали тоа ќе биде фер, транспарентно и одржливо.
Колкава е економската цена на стареењето?
Наведените бројки не се само голи статистички показатели. Кога ќе се стават во економски контекст, тие ја отсликуваат стварноста која не е ни убава, ни лесна, ни оптимистичка. Економските последици на стареењето и намалувањето на населението се рефлектираат во три најбитни сегменти – низ намалувањето на контингентот на работна сила (која е дел од инпутот во производството), пад на продуктивноста и раст на фискалните давачки. Првин тоа почнува да се чувстува во намалувањето на БДП (како последица на намалениот број на жители и на работната сила), потоа до пад на реалнот доход и богатството, намалувањето на приватните заштеди (поради зголемувањето на бројот на повозрасното население, кое според искуствата помалку штеди) и на националното штедење (затоа што во структурата на популацијата доминираат неактивни наспроти активни лица) и пад на инвестициите (поради физичкиот недостиг на работна сила и пад на продуктивноста). Ниската понуда на работна сила би можела да доведе до раст на нејзината цена во однос на капиталот (што веќе се случува во некои занимања), поради што во производниот процес би дошло до пораст на инвестициите во однос на трудот или на преориентацијна на „поевтини“ бизниси.
Со оглед на тоа што се намалува населението, логичо е да се претпостави дека ќе опаѓа и агрегатната побарувачка за продукти од узоз, односно во надворешнотрговската размена би требало да се зголеми извозот. Сепак, растот на извозот ќе биде лимитиран од физичкиот обем на работната сила, која ќе биде во опаѓање. Истовремено, фискалните давачки забрзано ќе растат поради потребата за финансирање на пензиите и зголемената потреба од здравствена заштита, а со тоа ќе расте и јавниот долг. Растот на јавниот долг го намалува кредитниот рејтинг на земјата (поради проектираните пониски стапки на раст, предизвикани со намалувањето на популацијата), што ќе доведе до зголемување на цената на задолжувањето и драстично намалување на приватните инвестиции.
Притисоците на пензиские фондови стануваат се’ потешки и посилни и, според проценките на ММФ, трошоците за пензиите и во развиените европски земји и во растечките економии во просек ќе се зголемуваат за 0,75 % од БДП годишно до 2030. година. Потоа, напредокот во развиените економии ќе почне да забавува, а во растечките економии забрзувањето ќе се движи око 1,25 проценати од БДП годишно, поради очекуванинот побрз раста на бројот на населението постаро од 65 години. Во однос на работоспособното население, во растечките економии се очекува благ пораст на популацијата поради приливот на мигранати.
Превртената пирамида врши притисок и на здравствениот систем. Со стареењето на населението неизбежно растат и трошоците за здравствена заштита, особено трошоците за долготрајна нега на постарите лица, група која стана најбрз ратечки сегмент на здравствените трошоци, затоа што голем дел од здравствените трошоци се јавуваат во последните години од животот.
Поради подолгиот животен век на населението, поради поквалитетни и поскапи здравствени третмани, но и високите заработки во секторот „здравство“ (кои ќе растат и во иднина, поради растот на побарувачка за овие занимања), растот на овие трошоци долгорочно станува тешко одржлив за јавните финансии. Се’ повеќе земји се соочуваат со дилемата – како да се финансира системот што мора да пружи скапа, модерна нега на се поголем број стари лица, додека истовремено бројот на работоспособни граѓани, што го полнат буџетот, опаѓа.
Во тој контекст здравствените системи ќе мораат да се прилагодат преку реформи и модели на финансирање, јакнење на домашната и заедничката нега, воведување технологии и превенција, за да одговорат на проблемот на стареењето без загрозување на фискалната одржливост.
Значи, во ситуација во која имаме помалку деца, помалку вработени и се’ повеќе пензионери, единствен начин системот да остане жив и да им користи на сите е да се зголеми старосната граница за одење во пензија.
До пред неколку децении одењето во пензија беше свечен чин, денес, додека границата се дига нагоре и тој момент се одложува, многумина се прашуваат дали воопшто ќе ја дочекаат пензијата.
За жал, пензијата веќе не е награда за минатиот труд, туку сложена математичка комбинација од параметрите – колку работиме, колку не’ има, колку живееме и колку можеме да издржиме.