Секоја валута во денешниот свет припаѓа на групата таканаречени фиат валути, именувани по латинскиот збор fiat, што може да се преведе со фразата „нека биде така“.
Современите валути, меѓу кои спаѓаат еврото и доларот, се нарекуваат така затоа што нивната вредност не произлегува од реални средства како златото, туку се вредност затоа што централните банки и државните закони велат дека се вредност.

Довербата на граѓаните во таквите валути не доаѓа од верувањето во нивната внатрешна реална вредност, туку исклучиво од државната гаранција. Но, има периоди кога таа доверба доаѓа на голем тест.
Постојат два начини преку кои фиат валутите можат целосно да станат безвредни, а историјата е полна со такви примери. Првиот начин е укинување на валутата со државен декрет, а на овој начин укинатите валути најчесто се заменуваат со некои нови валути.
Најсвеж пример е хрватската куна, валута која се користеше помалку од 30 години и се приклучи на хрватските и југословенските динари во историските книги. Со воведувањето на еврото на почетокот на овој век, со декрет беа укинати голем број познати европски валути, како францускиот франк, италијанската лира и германската марка.
Губење на вредноста
Друг начин на кој фиат валутите можат да изгубат вредност е со губење на вредноста поради високата и долготрајна инфлација. Иако многумина ја гледаат инфлацијата низ призмата на зголемувањето на цените, таа всушност е губење на вредноста на валутата во која се изразуваат цените.
Ваквото губење на вредноста е побавно од она што го предизвикува владиниот декрет, но всушност е значително поштетен за обичните граѓани, бидејќи со падот на вредноста на валутата паѓа и вредноста на целокупните парични заштеди во таа валута. Сите знаеме за најпознатите примери на ваква инфлација во историјата, а постарите се сеќаваат и на високата инфлација во поранешната југословенска држава во 80-тите и 90-тите години.
За жал, во моментов сме сведоци на уште еден период на висока инфлација што трае повеќе од една година и не покажува знаци на намалување.
Освен високата инфлација со која моментално се борат сите земји од еврозоната, еврото како наднационална валута се соочува со бројни предизвици кои долгорочно може да доведат до големи проблеми за неговата одржливост.
Меѓу таквите предизвици спаѓаат различните интереси на северните и јужните земји од еврозоната, растечките геополитички тензии меѓу Европската унија и евроазиските земји и прекумерната зависност на европските економии од странски извори на енергија и производство.
Сепак, најголемиот предизвик на краток рок секако е веќе споменатата висока инфлација, со која Европската централна банка се обидува да се избори со зголемување на каматните стапки по примерот на американскиот систем на Федералани резерви.
Ефектот од ваквите мерки врз инфлацијата допрва ќе се види, но она што е многу веројатно е дека повисоките каматни стапки ќе доведат до забавување на економијата, потенцијално нова рецесија и поскапи задолжувања - како за државите така и за поединците.
Во овој контекст, се чини дека еврото е пред уште еден бурен период во кој ќе биде потребна голема политичка волја за воопшто да опстане европската валута.
Печатење пари
Високата инфлација во Европа е всушност последица на прекумерното печатење пари од страна на Европската централна банка. Секако, за таа инфлација придонесоа и други фактори, како што се прекините во синџирите на снабдување или енергетската криза, но како што вели Милтон Фридман „инфлацијата секогаш и секаде е монетарен феномен“.
Прекумерното создавање на нови пари обвиткани во поимот „квантитативно олеснување“ стана главниот монетарен механизам што го користеше ЕЦБ за време на кризата, но таквата мерка за гаснење пожар неминовно има подоцнежна цена во форма на висока инфлација. Доколку продолжи квантитативното олеснување и во иднина, на еврото му се заканува пад на нула вредност, пренесуваат медиумите.
Се повеќе се зголемува бројот на оние кои веруваат дека еврото еден ден ќе го доживее својот крај. Иако можеби тоа не изгледа така во сегашната ситуација, иднината е непредвидлива, а историјата не учи дека периодите на економски колапс често следеле после периодите на прекумерно опуштање. Дали еврото ќе доживее крај како валута укината со официјален декрет или како валута целосно изедена од инфлацијата, ќе покаже иднината.