Според Јелисавета Георгиева Јовевска, потпретседателка на Стопанска комора, медијацијата е алтернативно решавање на спроовите, иако во европските земји не се говори за алтернативно решавање, туку за редовна постапка. Затоа, Комората сака да ги поттикне и македонските компании што повеќе да ја користат оваа алатка. За прв пат, медијацијата во Македонија се зачна како прашање во далечната 2006 година преку проект на Стопанската комора за промоција на оваа алатка. 

„Од претходната 2022 година, сите медијатори се задолжени во регистарот на барања за постапки за медијација да ги евидентираат. Медијацијата е институционилизрана на 2016 година почнуваат првите лиценцирани медијатори да работат. 0д 2017 година вкупнот број на постапки за медицијација по разни основи е 4500. Ако до тогаш имало малку, 50 насто се работни спорови, а останатите се трговски или осигурителни спогодби. Од 2017 има тенденција на пораст на трговските спорови. И од година на година расте. Од овие 50 насто, само 10 насто се со спогодба споровите во бизнис заедницата. Додека, пак,  работните спорови се со 100 насто се со спогодба“, вели Георгиева Јовевска. 

Според неа, доволно е само компаниите да се запознаат со постапката за медијација. Кога ќе ги знаат брзината и ефикасноста не треба сила и закон и со самото тоа ќе го растеретат судството. 

„Медијаторите не се правници, ова не е професија, туку вештина и може од сите сфери да работат. Теба да се има желба и талент, желба за постојана комуникација и учење. Извештајот на ЕУ покажува дека за да се има поголем напредок треба да се користи повеќе медијацијата, на тој начин ќе се растерети судството, компаниите за ефтини пари ќе постигнат поголеми резултати. Бизнисот нема време за чекање. Кај нас на пониско ниво е развиена можеби свеста. Некаде во ЕУ нема ни закон туку само правилник за медијација“, Георгиева Јовевска.  

Според Кебир Авзиу, член на Националниит совет за медијација,  во решавањето на споровите со медијација има само победници. Компаниите сами доаѓаат до спогодба.  Работа на медијаторот како неутрална страна е волјата да ја внесе на хартија. 

Во судската постапка ниту една од странките не е задоволна. Треба да планирате да одите на суд, да ангажирате адвокат. Па не доаѓа странката, па ново рочиште. Се губат нерви, не само материјали средства. Ако судските рочишта траат по години, со медијација може да се реши за 45 минути истиот спор. Она што трае со години и може да ве чини 2.000 евра на суд, со медијација ќе ве чини 100 евра. Решавањето на постапката со медијација има иста важност како и судската одлука. Само треба да се солемнизира на нотар и потоа има исто значење како и судска одлука. Медијацијата во европските земји многу се употребува. целта на медијацијата е да се зачуваат човечките односи меѓу двете странки“, објаснува Авзиу.  

Како што вели, може дури и да се прекине судски спор и да се сведе на медијација. Во многу законски прописи, судијата има обврска да ги запознае странките дека можат истиот спор да го решат во медијација, но, прашање е колку тоа судиите го прават. 

Истражување во 2021 година спроведено во Македонија покажува дека обвинителите не поминале ниедна обука за медијација. Судиите само формално тоа го прават, може и не ги запознаваат странките. Од друга страна пак, адвокатите не ја сакат многу медијацијата бидејќи мислат дека им се намалуваат приходите. 
Во Македонија има 46 регистрирани медијатори. Околу 20-тина од нив се адвокати. Очекувањата се да се зголеми бројот на медијатори. 

Во рамки на Стопанската комора досега се одржани 50 бесплатни предавања со над 3000 претставници со цел да се запознаат со бенефитите од медијацијата.