Центарот за развој на балкански производи, кој е во склоп на семејната компанија „Ламинати“ доел од Скопје, покрај претставувањето во Македонија беше презентирана и на белградскиот саем „Винска визија“.
„Идејата за формирање на центарот е да се помогне во извозот на секторите кои кај нас се најјаки, како виното и конзервната индустрија, вели организаторот и проектен менаџер на овој центар Драган Вангеловски.
Центарот, што сѐ уште е во фаза на дооформување (иако нема да престане да се надградува) е лоциран во село Бардовци. Всушност самиот центар, како што вели неговиот креатор и наш соговорник, претставува дел од семејната компанија „Ламинати“ со која веќе две децении стопанисува неговото семејство, а се занимава со трговија на стакло (увозници на шишиња и тегли од Турција и од Србија), вино и други производи.
Концепт со многу можности
- Мојата идеја како млад човек е да го унапредам бизнисот и да го доведам на едно повисоко ниво, за што всушност се отвора Центарот за развој за балкански производи, а како што на сите ни е познато овој регион генерално е познат по храната и по виното и во тој правец се стремиме да продолжиме.
Во моментот претежно се фокусираме на овие производи, а понатаму ќе се развиваме и во други сфери. Смиот центар нуди концепт со многу можности, истражување, анализи, контакти, обуки и извоз- меѓутоа во основа е претпријатие кое се базира и ќе се базира на податоци.
Еден дел од центарот е аналитичкиот, каде што се собираат податоците и врз база на нив им нудиме одредено решение на клиентите. Во основа тоа се податоци за производителите од Македонија и од целиот пазарен регион со цел да се истражат потребите за ваквите наши производи. Другиот дел од центарот е посветен на обуки. Практично ние ја промовираме идејата за деловна аналитика и користењето на програмските јазици во неа, затоа што сметам дека методите што ги нуди оваа гранка не се доволно искористени во Македонија. Да не речам дека се на многу ниско ниво, но тоа не значи дека не може да се развива и да се користат различни методи и програмски јазици како алатки за истраќување на пазарот“, објаснува Вангеловски.
Според него за да се освои еден пазар не е доволно да имате само тим, ако истиот не е подготвен да ги користи потребните аналитички методи. „Токму тука е нашата задача ние ја пружаме таа можност за обука на тимот од фирмата која планира да освојува одреден пазар, и тоа тргнувајќи со најосновните чекори на аналитика. Порано во секоја поголема компанија си имаше одделение за план и анализа (аналитика). Сега за жал како да заборавивме дека работите треба континуирано да се ажурираат. Меѓутоа, факт е дека денес без податоци не може ниту да управуваш ниту да менаџираш со одреден правен субјект, а уште помалку со пласман на неговите производи.“ Како што посочи нашиот соговорник обуката се адаптира во зависност од потребите на компанијата клиент.
Фокус- контакти и аналитичкиот центар
„Нашиот главен фокус е сепак контактот и аналитичкиот центар. Ова го работиме како дополнителна услуга. Таргет група се производителите од винската и конзервната индустрија... Всушност контактите со производителите во овој сектор датираат и се провлекуваат долги години затоа што татко ми беше застапник за фабриката за стакло од Параќин. Значи имавме долгогодишна соработка со винариите и конзервните претпријатија, која сега се проширува. Што се однесува за другите индустрии, прво ќе се прави анализа за потребата од нивните производи на одреден пазар, па потоа верувам ќе се развие и соработка.“
Според Вангеловски, генерално ресурсите на винската индустрија се релативно ограничени. Поради што смета дека треба да се задржат на веќе развиениот пазар, и да се доразвиваат пазарите каде веќе има каква таква промоција на македонските вина, како на пример германскиот. Центарот е фокусиран на винската индустрија затоа што таа прави обрт од околу 60 милиони евра.
Вангеловски вели дека една од причините поради кои ја вовеле аналитиката е согледување на движењата на процесите на самиот пазар за да може побрзо да се изреагира.“
Концептот на Центарот за развој на балкански производи се базира на обезбедување на продажба, изнаоѓање на купувач и извоз за производителите на вино врз основа на примероци. Практично центарот го откупува виното од производителите во зависност од потребите на купувачот. Секоја страна во соработката си има свои обврски, винаријата треба да ги обезбеди сите сертификати и документи за извоз, а центарот покрај логистика треба да го најде купувачот што ќе плати. Винариите со кои соработуваме треба да имаат производство од минимум 18 000 литри флаширано вино, колку што собира еден камион. Додека кај наливното вино критериумите се подруги“, објаснува креаторот на центарот.
Инаку, компанијата Ламинати искуство со извоз на вино го има од 2012/2013 година, кога реализирале извоз од 12 милиони литри вино во ЕУ, Чешка, Романија и во Русија.
„Не за сертификат- да за знаење“
Вангеловски нагласува дека целот процес е сложен и бара многу истражувања, коишто ги спроведува центарот, а тоа од друга страна им заштедува над 50 отсто од времето на производителите. Тој е убеден дека малите производители не ја следат доволно литературата. -Зборувам за винарии кои се фокусирани на апотекарна достава, а кои во нашата држава се побројни. Инаку, има околу 260 винарии кои претежно одат на домашна достава. Малите не можат да си дозволат иако имаат реална потреба да одат во големите маркети, бидејќи тоа влијае на маржата, на заработката....И токму со нив одиме на обука со продажни тимови да се стекнат со доверба и сигурност.“
Практичната обуката што се спроведува во Центарот е според ЕДЕКС – програма за податоци и статистика од Институтот на Масачусетс. И тоа, како што посочува организаторот, под мотото: „Не за сертификат. Да за знаење“- бидејќи денес има многу консултанти и со тоа се девалвираше струката, а ние во основа работиме подготовки. Едноставно ги подготвуваме луѓето за сертификација во зависност од која област сакаат да добијат светски сертификат - генерално од деловна аналитика која опфаќа и финансии.“
.jpg)
Идејата е претставена
Според организаторот најважно е што идејата е претставена и во Македонија, и на винскиот фестивал во Белград, и што постои голем интерес, но Вангеловски смета дека фокусот е прво на македонскиот пазар, па потоа и пошироко.
Тој вели дека одамна ја увидел потребата од ваков аналитички центар за македонскиот пазар. И според неговите анализи, побарувачка за македонско вино во зависност од тоа што преферира купувачот и во зависност колку е спремен да издвои доаѓа пред се од српскиот пазар, додека вториот би бил германскиот пазар. Интересен е и англискиот пазар (кој има 42 милиони консументи на алкохол според англиската статистика и генерално Обединетото кралство не е доволно запознаено со македонското вино. Затоа тука сме ние “
За тоа колкави количества на вино и конзервни производи може да се извозат од Македонија?, Вангеловски вели:
„Имајќи ја предвид лошата годишна реколта зад себе - за годинава може да планираме извоз од околу три до четири милиони шишиња како единки во Србија и 10 отсто повеќе наливно од оваа количина. Извозот на другите пазари, кои сѐ уште ги анализираме ќе зависи дали ќе им се допадне македонското вино. Додека во конзервната индустрија ќе се стартува со извоз на традиционалниот ајвар.“