На конференцијата International Freelance Conference, организирана од Импакт фондација, се отвори една од најважните теми за современите фриленсери, нивната (не)вклученост во финансискиот систем и предизвиците со кои се соочуваат при пристап до кредитни инструменти, картички и други финансиски алатки.
Во време кога фриленсерството расте со забрзано темпо, државните институции и понатаму се потпираат на застарени модели за проценка на кредитна способност, базирани на фиксна плата и класични работни односи. Приходите на фриленсерите се променливи, неретко доаѓаат од странство, а документите се разнолики што го прави пристапот до финансии речиси невозможен.
„Фриленсерите се веќе тука, и тие не се исклучок, туку новата реалност на пазарот на труд. Новото законско решение треба да препознае дека постои цела група граѓани со стабилни, иако нетипични приходи. Доколку сакаме да ги задржиме овие млади, квалификувани луѓе во земјава, мора да им овозможиме да бидат дел од системот со пристап до пензиско, здравствено и кредитно осигурување.“, изјави Елена Ивановска, организаторка на конференцијата и извршна директорка на Импакт Фондација.

Присуството на Diners Club Македонија на конференцијата предизвика исклучителен интерес кај публиката, особено поради целосно дигитализираниот процес на аплицирање, едноставноста и практичноста на услугата.
„Горди сме што Diners Club Македонија, беше дел од оваа иницијатива која отвора важни прашања за иднината на работата и финансиската инклузија. Веруваме дека секој што заработува без разлика дали работи со полно работно време или како фриленсер треба да има фер и транспарентен пристап до финансиски производи. Diners е тука да го олесни тој пат, со иновативен пристап, дигитални решенија и поддршка на новата економија,“ изјави Весна Терзиевска, директорка за продажба на Diners Club Македонија.
Македонија денес има најмногу фриленсери на 100.000 жители во регионот дури 351 активен фриленсер, што е повеќе од Полска, Унгарија, Романија, Бугарија и земјите од Западен Балкан. Токму затоа, конференцијата уште еднаш покажа дека време е фриленсерите да добијат свое место во системот со фер услови и препознатливост.
Иако имаше иницијативи, фриленсерството остана законски нерегулирано
Фриленсерството во Македонија јасно не е целосно регулирано преку посебен закон, но постои позитивна развојна динамика во однос на легализацијата на оваа форма на работа. Во моментот, фриленсерството во Македонија функционира во правна сива зона. Не постои посебна законска категорија која експлицитно ја дефинира и регулира фриленсерската работа, туку истата паѓа под повеќе постојни закони кои индиректно ја регулираат.
Фриленсерите можат да работат како самовработени лица без да мораат да регистрираат компанија. Тие треба да плаќаат месечен данок на доход од 10% и годишно да поднесат завршна сметка во УЈП, без обврска да плаќаат здравствени и пензиски придонеси.
Алтернативно, фриленсерите можат да работат како самовработени според Законот за авторски права, каде работат преку договори за услуги или авторски права, без потреба да регистрираат социјални придонеси, но мораат да плаќаат персонален данок на доход.
Иницијативите за регулирање на фриленсерството потекнуваат од 2020-2021 година, но се акумулираат и добиваат посилна динамика од 2023 година наваму.
Политичката насока се движи кон четири главни столбови. Прво, институциите како Министерство за работа и социјална политика, Министерство за финансии, Агенција за вработување изразиле отвореност за решавање на потребите на фриленсерите. Идентификувана е потреба од национална стратегија која ќе го зајачи екосистемот и ќе го намали одливот на мозаци. Трето, формализацијата на неформалната работа е централна точка, со фокус на вклучување на фриленсерите во системот на социјално осигурување.
Четврто, постои напредок во слободни иницијативи како што се платформите Freelancefrom.mk и Nativeteams.com, кои нудат правни водичи, помош при регистрација и решенија за пристап до социјални придобивки.
И покрај политичката отвореност, останаа главните предизвици. Иако идејата за регулирање постои, имплементацијата остана заглавена над четири години, делумно поради сложеноста на координирањето помеѓу различни владини институции и потребата за складност со интернационалните стандарди.