Акционерите на „Фруктал Мак“ а.д. Скопје на претстојното годишно акционерско собрание на 23 декември годинава меѓу другото ќе треба да се изјаснат, односно да гласаат и за предлог одлуката на Управниот одбор на компанијата за одобрување на зделки со заинтересирани страни.

Според оваа одлука „Фруктал Мак“ склучува зделка со „Фруктал“ доо Ајдовштина од Словенија  како продавач на стоки и давател на услуги  по пазарни услови и тоа:  лиценци за 350 000 евра; репроматеријали, суровини до 780 000 евра и дистрибуција и други услуги до износ од 250 000 евра. Од друга страна според одлуката,  словенечки „Фруктал“ се јавува во функција на купувач на стоки и корисник на услуги по пазарни услови од „Фруктал Мак“, како што се: репроматеријали, суровини до 40 000 евра  и полупроизводи до 430 000 евра. 

Зделката со „Нектар“ Србија  како продавач на стоки и давател на услуги по пазарни услови се однесува на плаќање на лиценците до 40.000 евра и користење на репроматеријали и суровини до 1,2 милиони евра. Додека за дистрибуција и други услуги до 65 000 евра.

Според одлуката зделката со „Нектар“ како купувач на стоки и корисник на услуги опфаќа: готови производи, сокови и сирупи во износ од 50 000 евра; полупроизводи до 200 000 евра и репроматеријали и суровини и отпадна амбалажа до 10 000 евра. 

И со двете компании поединечната или кумулативната вредност  за ставките од одлуката од периодот на донесувањето на одлуката до одржување на следното годишно собрание не треба да надмине два милиони евра.

Вкупната вредност на зделката може да изнесува до 5,4 милиони евра, а со кредит од словенечката фирма скопски „Фруктал“ би можел да покрие два  милиони евра.

Позитивно мислење за оваа зделка меѓу производителите на сокови од Македонија, Словенија и Србија два и независниот ревизор

Според извештајот на независен ревизор за разумно уверување, и заклучок во постапката за одобрување на зделка со заинтересирана страна на „Фруктал Мак“ ад Скопје  се изјаснил дека според содржината оваа зделка претставува кумулативна вредност на маеѓусебно поврзани идни зделки. Конкретната голема зделка со заинтересирана страна, која е предмет на одобрување содржи перспективни финансиски информации предвидени со планот на друштвото. Практично зделката според последните ревидирани годишни финансиски извештаи претставува 56,04 проценти од вредноста на активата на друштвото, што значи дека надминува 10 отсто од активата.

 Аналогно на заклучокот од извештајот ревизорите даваат препорака до малите акционери на „Фруктал Мак“ од Скопје на престојното акционерско собрание  да гласаат за зделката затоа што утврдиле дека зделката е по пазарни услови и во согласност со законските прописи во земјава.