Германското тројство,Mercedes-Benz, Audi и BMW со рекордна заработка минатата година.
Германските производители на луксузни автомобили Mercedes-Benz, Audi i BMW остварија рекорден приход од своите возила минатата година, според анализата на Stifel (Штифел) банка за Фајненшл Тајмс.

Приходите по автомобил од трите бренда се зголемија во просек за 25 проценти оваа година, во споредба со периодот пред пандемијата од 2019 година. Ова се должи на скокот на побарувачката на водечките пазари со релативно скромно производство поради недостатокот на електронски делови со кои изобилуваат модерните возила.
Пресврт на трендот
Минатата година дојде до пресврт на долгогодишниот тренд на многу скудни маржи кои ја притиснаа целата автомобилска индустрија, а претерано имуни не останаа ниту производителите на поскапи возила.
Имено, до неодамна производството ја надминуваше побарувачката на клиентите, па затоа производителите често нудеа значителни попусти за да ги исполнат годишните планови за продажба. Со избувнувањето на пандемијата, автомобилската индустрија почна да произведува помалку возила од потребното, а тој јаз порасна на четири милиони автомобили во 2021 година.
Иако сличен дефицит се појави на крајот од претходната економска криза во 2009 година, тоа беше првенствено аномалија создадена од прекумерниот капацитет. Германските производители на луксузни автомобили многу вешто ја искористија оваа појава.
BMW - кој ја почувствува кризата со чипови послабо од другите и изгуби помалку часови на производство - забележа многу поумерен раст на заработката.
Во 2019 година заработил во просек по 36.000 евра, а на крајот на септември 2021 година повеќе од 38.000 евра. Треба да се напомене дека добар дел од овој раст на заработката е остварен поради давање приоритет на производството на поскапи и попрофитабилни модели.
Така, Мерцедес ја намали продажбата во третиот квартал за 30 отсто, но приходите му паднаа само за еден отсто.
Аналитичарите на Stifel пресметаа дека за само еден квартал заработката на Mercedes пред камати и даноци (EBIT) се зголемила за 1,4 милијарди евра благодарение на подоброто позиционирање на цените и преориентацијата на достапните делови за производство на поскапи, попрофитабилни модели.
Со оглед на тоа што акционерите ја забележале ваквата политика, челниците на германските компании најавуваат дека ќе продолжат со неа кога ќе се ублажи кризата со испораката на чипови.
Нема притисок
„Нема притисок да се постигне што е можно поголема продажба“, смета извршниот директор на Мерцедес Ола Калениус, додека финансискиот директор Харалд Вилхелм додава дека „компанијата ќе се фокусира таму каде што лежат парите“.
Придобивка од големото зголемување на цените на пазарот на половни автомобили имаат и производителите на луксузни автомобили.Тоа не само што го направи поатрактивно купувањето на нов автомобил, туку ги зголеми и билансите на финансиските подружници на големите лизинг компании.
„Автомобилите се враќаат кај производителот по 12 до 36 месеци и цената за препродажба е многу повисока отколку што се мислеше“, вели Даниел Шварц, аналитичар во Stifel.
„Од краткорочна перспектива, недостатокот на нови возила денес ќе ги поскапи половните возила најмалку во следните две години. Ова ќе ги поддржи и цените на новите автомобили“, заклучува Шварц.