Тоа е областа на работа на Весна Џутеска - Бишева е регионален тим лидер на УНДП за Европа и Централна Азија. Џутеска - Бишева покрива области за инклузивен раст влијанието на зелената и дигитална трансформација на пазарите на труд, националните економии и глобалните синџири за снабдување. 

Таа наведува неколку големи трендови, зголемената мобилност и миграција на работната сила независно дали е тоа физички или онлајн. Потоа, нееднаквоста на демографската структира во регионот и запирањето и изместувањето на врдносните синџири и синџирите на снабдување.  

„За илустрација, во регонот преку 3 милиони бизниси од Русија се пренасочени во Казахстан. Сличен тренд гледаме и во другите централно азиски земји и во регионот. Понатаму, имаме земји во кои постои млада и брзорастечка популација и земји каде страее населението, дали од причини на емиграција или од ниски стапки на наталитет. Во Узбекистан на годишно ниво има потреба за креирање на нови 500 илјади работни места, дополнително на замената на работните места на оние кои одат. Третиот аспект во однос на вредносните синџири, тие наметнуваат потреба да се реосмисли концептот на интеграцијата на земјата во тие соодветни системи. Концептот на деглобализација настанува од причина што се менува концептот од реално време во снабдување во „за секој случај“, објаснува таа. 

Осврнувајќи се на делот на дигитализацијата, нејзиното активирање е многу значајно, брзо се менува и влијае на приликите. Според Џутеска - Бишева, пенетрацијата на дигитализацијата не е на тоа ниво да предизвикува деструкција на работните места. Таа смета дека се уште сме во фаза на менување на содржината на работните места, што повлекува друг вид на вештини кои се потребни и фомирање на нови занимања. 

„Ризик од дигитализацијата е можноста за поларизација на работната сила. Создавање на висококвалитетни и нискоквалитетни работни места. Во регионот се забележуваат два аспекти – кога станува збор за дигитализацијата во индустриите, има исклучително позитивен ефект и на нискоквалификуваните работни места, бидејќи доведува до поместување кон повисоко квалитетни работни места. Од сини крагни преминуваат во сиви. Има потреба од комбинирање на вештините, техничките знаења со дигитални знаења. Она што станува проблем што го гледаме е поларизација во услужниот сектор. Таму имаме нископлатени работни места во услужниот сектор а од друга страна врзани со здравствените улуги, грижа за стари лица, туризам и висококвалитетн работни места“, смета Џутеска - Бишева.  

Нејзиниот став е дека треба да се види на кон начин овие мегатрендови кои постојат во регионот влијаат врз Македонија. Односно, каде државата треба да се позиционира, како полесно да се вгради во нови ланци на работни места и како на време да ја подготвиме работната сила да се прилагоди, со цел економијата да оди напред. 

„Има потреба од системски решенија. Ова е навидум интиутивен процес, но е прилично комплексен и потребно е на ниво на еко систем да се наоѓаат решенија. Од тој аспект, еден од начините како да се подржат процесите е преку вршење на истражување на пазарот за да се идентификуваат трендовите за кои зборуваме. Кои се новите трендови? Каде треба да се транфсормираат компаниите? Потоа, идентифукување на нови зелени ланци на снабдување, нови производи и услиги кои ќе го поместат регионот. Тоа се скапи истражувања, малите бизниси немаат доволно информации и секој вид на систематизирано снабдување со информации е од огромна помош. Тоа е една од нашите алатки“, вели Џутеска - Бишева од УНДП.  

Но, според неа, потребно е и промена на пристапот на образование и обуките, со оглед на тоа дека новите технологии и процеси бараат поинаков тип вештини. 

„Тоа што се случува во нашиот регион не е само нерамномерност меѓу понудата и побарувачката, туку и несоодветност во однос на новите промени за кои има потреба и системот недоволно брзо се прилгаодува на промените. Тука треба да најдеме ситемско решение за процесот на едукација да почне навреме, брзо да се реализира и да доведе до некои вештини кои ќе значат и техничко знаење и меки вештини на претприемништво - самоучење, иновации и дигиталните вештини. Она што го работиме во моментот е воспоставуавње на модели на образивание кои ќе бидат брзи и комплекски за да се одговори на новите вештини. Техничкото знаење е недоволно, потоа промена на законската регулатива, мора повеќе да се инвестира во знаење, државата треба да препознае дека тоа е инвестиција. Преку оперативниот план се вршат обуки на илјадници луѓе кои е недоволно, самите приватни компании инвестираат во нови обуки и вештини но и тоа е недоволно“, смета таа.  

УНДП се фокусира на изработка на финансиски инструменти кои ќе го намалат ризикот од инвестирање, а ќе понудат и системска помош на компаниите да се реструктурираат, а воедно, и работната сила да се дообразува. 

„Во моментот е одобрена, ќе започнеме нова грантова шема за Западен Балкан финансирана од ЕУ. Тој финансиски инструмент го работевме со Европскиот инвестиционен фонд кој ќе значи намалување на ризикот за банките за инвестирање во тој дел и ќе обезбедува техничка помош за вработените во тие бизниси и поддршка на компаниите за зелена трансформација. Тоа се трендовите кои сакаме да ги презентираме“, вели Џутеска - Бишева.  

Како координативен тим лидер на УНДП за регионот, смета дека нашиот регион е во добра позиција, бидејќи има исклучителен потенцијал во информатичката технологијата и е веќе вклучен во дел од редностите ланци. 

„Она шо го забележуваме како тренд е дека ја губиме компаративната вредност. Дел од причините се излез од голем дел од бизнисите од Русија и Украина во регионот. Украина е на светско ниво голем извозник на комуникациски и информатички вештини и производи. Тој тренд се препознава. Затоа треба да се направи идентификување на компаниите и помош да влезат во глобалните ланци и како регион да се поместиме повисоко во синџирот“, заклучува Џутеска - Бишева.